Искушението, како што рековме бива двојно, преку среќата и несреќата. Причината поради која луѓето биваат искушувани е тројна: во најголем број случаи тоа бива за испитување, понекогаш бива за поправување, а често и заради казнување за гревовите. Така, на пример, читаме дека заради испитување претрпеле страдања, слични на многустрадалниот Јов и блажениот Авраам и многу светии. Од ваква причина и еврејскиот народ бил подложуван на искушенија во пустината, како што се вели во Петтата книга Мојсеева: И помни го целиот пат, по кој што те водеше Господ, твојот Бог, по пустињата еве веќе четириесет години, за да те искуша и да дознае што е во срцето твое, дали ги почитуваш заповедите Негови, или пак, не" (5. Мој. 8,2), и светиот пророк Давид вели: "Kaj водите на Мериво те испитав " (Псал. 80,7). А дека Јов бил подложен на сите спомнати страдања и искушенија заради оваа причина, за тоа ни сведочи и самиот Бог велејки: " Мојот суд ли сакаш да го собориш, да Ме обвиниш, a себеси да со оправдаш? " (Јов 40,3)
3a поправање, пак, Господ испраќа страдања, за да ги смири своите праведници и да ги накаже за некои мали и лесни гревови. Тогаш ги предава на разни искушенија, и затоа што се воздигнувале поради својата праведност ги предава на разни искушенијаза да можат во овој живот да се очистат од своите нечисти помисли и да ја отфрлат нечистотијата што се крие внатре во нив (Иса.1„25), да ги предаде на испитувањето во идниот живот слични на чистото злато, не дозволувајќи во нив да остане што и да било, поради што таму би претрпеле огнени маки и страшен суд. Затоа Господ сака преку тие искушенија и испитувања да влезат во вечниот живот чисти. Во оваа смисла говори и псалмопеачот Давид: "Бројни се маките на праведниците" (Псал.33,19). И свети апостол Павле пишува:"Сине мој, не презирај ја казната од Господа и не опаѓај со духот, кога те изобличува, зашто Господ го казнува оној, кој што го сака; го бичува секој син, кого што го прима. Ако трпите казна, Бог со вас постапува како со синови. Зашто кој е тој син, кого што таткото не го казнува? Ако, пак останете без казна во која сите станаа соучесници, тогаш сте деца незаконски, a не синови" (Евр.12,5-8).
И во новозаветната книга Откровение на Јован Богослов читаме: "Кои Јас ги сакам, нив ги карам и казнувам " (Откр. 3,19). Кон таквите, под образот на Ерусалим се обраќа светиот пророк Божји Јеремија и вели: "Јас наполно ќе ги истребам сите народи, меѓу кои те прогонив, но тебе нема да те истребам; ќе те казнам по мерка, но неказнет нема да те оставам" (Јерем.30,11). За тоа се моли свети Давид и вели: "' Искушај ме, Господи, испитај ме; отвори ги утробата моја и моето срце " (Псал. 25,2). И пак, пророкот Јеремеји разбирајќи го таквото спасително искушение, вели: "Казни ме, Господи, но по правда, не во гневот Свој, за да не ме сотреш " (Јерем. 10,24). Истото го вели и светиот пророк Божји Исаија, велејќи: " ќе те славам Господи! Ти ми беше главен, но го одврати гневот Свој и ме утеши!" (Иса. 12,1).

3.angeli.so.truba


Ударите, казните и искушенијата Господ ги праќа и поради нашите гревови. Така, Господ Бог им се заканува со такви удари на Израилците, велејќи: "И ќе испратам против нив зверски заби и отров од земни влекачи" (5. Мој. 3226) Светиот пророк Давид за нив вели вака: " Многу маки ќе го снајдат грешникот" (Псал. 31,10). A во Светото Евангелие читаме: " Ете, сега си здрав и не греши веќе, за да не те снајде нешто полошо " (Јован 5,14).
Има и една четврта причина, поради која на некои луѓе им се испраќаат извесни страдања. Според Светото писмо тоа бива за да се покажат славата и делата Божји. Така во Светото Евангелие се говори следново: "Ни тој, ниту родителите негови згрешиле, туку да се јават делата Божји врз него" (Јован 9,3), а за болеста на Лазара е речено: "Таа болест не е за умирање, туку за слава Божја, за да се прослави синот Божји преку неа " (Јован 11,4).
Има и други Божји казни, со кои Господ ги казнува оние, кои ја преминале и највисоката граница на гревот, кои биле осудени, а такви се, како што читаме во Светото писмо: Датан, Авирон и Кореј, а најмногу оние, за кои говори апостолот: '"Затоа Бог ги предаде на срамни страсти и тие добија отплата каква што одговараше на нивната заблуда" (Рим. 1,26-27), што треба да се смета за најголема казна. За нив говори и псалмопеачот Давид, кога вели: "Во човечките работи не учествуваат и неволјите на другите луѓе нив не ги засегаат " (Псал. 72,5); бидејќи не заслужуваат спасение со Господовата посета и да добијат излекување преку привремени казни, како што се оние за кои говори апостолот, кога вели: " Тие се предадени на бесрамност и ненаситно вршат секаква нечистота " (Ефес. 4,19), поради ожесточеноста на своето срце од долговременото останување во непрестајно грешење, кое ги надминало сите мерки, со кои би можеле да бидат казнети за време на овој живот. Таквите Божјото слово ги прекорува и преку светиот пророк Амос, велејќи: "Ве сотирав, како што Бог го разруши Содом и Гомор, и вие бевте истргнати од огнот како гламња, но при сето тоа не се обрнавте кон Мене, вели Господ " (Амос. 4,11), како и преку светиот пророк Јеремија: "ќе го сотрам Мојот народ; но тие нема да се вратат од своите патишта "; и на друго место вели: "Ти ги поразуваш, а тие не чувствуваат болка; Ти ги истребуваш, а тие не сакаат да се вразумат; ги направиле лицата свои поцврсти од камен не сакаат да се обратат" (Јерем. 15,7;5,3). Така,најпосле, Господ, како најискусен Лекар, откако ги употребил сите спасоносни лекарства, па, гледајки дека не останало ниедно целително лекарство, кое би можело да се стави на нивните рани, како на некој начин да бива победен од големината на нивната неправда, бива принуден да отстапи од Својата милостина казна, извикува и им вели: "ќе го смирам над тебе Својот гнев, и ќе отстапи од тебе Моето негодување, ќе се успокојам и нема повеќе да се гневам" (Језек. 16,42). A за други чии срца се ожесточиле од честото грешење кои не заслужиле таква страшна и уништувачка казна, туку се удостоиле да примат вразуиувачка казна за спасение, се вели: “' Како птици небески ќе ги кутнам; ќе ги казнам, како што беше речено во нивното собрание " (Ос.7,12), ги спасува оние, кои се вразумиле од претрпените страдања.


Свети Јован Касијан Римјанин

 

 Добротољубие & ДобротољубљеtoПравославна ризница