•  Руската Православна Црква предупреди за духовната опасност од прославувањето на Ноќта на вештерките, а истовремено властите во Сибир го забранија празикот кој, како што се вели во нивното соопштение, го охрабрува „екстремистичкото“ однесување на младите луѓе. „Ноќта на вештерките е реална опасност. Кога играте со силите на темнината, тие секогаш победуваат“, рече гласноговорникот на РПЦ, отец Всеволод Чаплин, додавајќи дека како последица на празнувањето на овој древен празник кај луѓето се јавуваат „болести, страдања и едно чувство на празнина“. Неговата изјава ѝ последува на одлуката на Министерството за образование за забрана на прославувањето на овој „празник“ во училиштата, со објаснување дека истиот промовира едно „екстремистичко расположение“ меѓу тинејџерите. Од Министерството исто така велат дека Ноќта на вештерките е „пропаганда на култот на смртта“.

  • Фреска, детаљ: предавникот Јуда и еретикот Ариј

Фреска, детаљ: предавникот Јуда и еретикот Ариј

  Неофицијално, по распадот на Советскиот Сојуз, Русите започнаа да ја слават Ноќта на вештерките. Властите остануваат скептични за табуизираните западни идеи и традиции. Дел од нив претходно ја забранија и прославата на Денот на вљубените, или Св. Валентин. Сепак, и двата празника (Денот на вљубените и Ноќта на вештерките) се со сè поголема популарност меѓу обичните руски граѓани; забави по повод оваа ноќ се мошне чести во поголемите градови како Москва и Петербург. Овие предупредувања станаа позачестени откако претседателот на Русија, г. Владимир Путин ја побара поддршката од традиционалните руски кругови за зачувување на традиционалните вредности. „Земјите членки на НАТО се откажаа од нивните корени, пред сè од христијанските вредности“, рече г. Путин во едно скорешно излагање. „Многудетните семејства се на исто ниво со хомосексуалните партнерства, а верата во Бога е изедначена со верата во сатаната“, додаде тој.
Извор: http://agapi.mk/ruskoto-njet-nokj-na-vesterki/