Новото чудо на Свети Лука,Архиепископот Кримски  се случи  во грчка Арголида,  во градот Аргос, соопштува Romfea.

Како што раскажа младичот, син на диригентот на Државната филхармонија на  Аргос Христос Аргилопулос, тој во  храмот  на Свети Петар зеде парче ткаенина  натопена со елеј  од моштите на свети Лука. На 30 март, тој се сретна со својот пријател, сопственик на продавницата  во Аргос, и му даде парче ткаенина со благослов на светителот, бидејќи пријателот имаше сериозн  проблеми со 'рбетот. Движења, нормално за  здрав човек, нему му создаваа сериозни маки: за да седне во автомобил мораше да претрпи  20 минутна  болка.

Не помина ни  половина час, пријателот го повика липтајќи од надојдените емоции: штом стасал  дома, неговата мајка го  помаза  со елејот од моштите, да тој во ист момент почувствува   како сите болки што го мачеа толку долго одеднаш исчезнуваат! По некое време, Христос Аргиропоулос го сретнал својот  својот  пријател. Тој  започна уште на тротоарот пред него да се изведува  акробации, плачејќи и се смеејќи се истовремено , пишува Romfea.

Превод од грчки Константин Норкин
Од руската Наташа Јефтиќ

Подготви: Преминпортал (п.п.)