Слепите и полуслепите се запознаа со устројството на храмот во Јакутија
30 јануари 2015 лето Господово

Во рамките на соработката помеѓу Јакутската епархија и Републичката библиотека за слепи,1_5170_29012015113545_6_600x400.jpg јеромонахот Симеон (Березкин) во содејство со соработниците од библиотеката, а со благослов на епископот Јакутски и Ленски, г. Роман, спроведе екскурзија за слепи лица во Преображенскиот соборен храм во градот Јакутск.

Слепите и делумно слепите лица се запознаа со устројството на храмот и неговите светињи.

На крајот од екскурзијата посетителите не можеа да ги задржат своите позитивни емоции. Многумина од нив признаа дека одамна мечтаеле добро да го запознаат храмот. Соработката меѓу епархијата и библиотеката ќе продолжи. Во контекст на ова, екскурзијата ќе биде повторена во храмовите на Јакутск.

Соработката меѓу Јакутската епархија и Републиканската библиотека за слепи трае повеќе од половина година. На 5 мај 2014 год., бил потпишан и договор за соработка. Тогаш епископот Јакутски и Ленкси, г. Роман изјави: „Животот станува полесен, кога го чувствуваш лакотот на другиот човек. Тогаш и страдањата и болестите се преживуваат на поинаков начин“.

Досега беа одржани повеќе средби на лица со оштетен вид со свештеници, и во библиотеката за слепи беа предадени аудиокниги со православна содржина, а посебно внимание на оваа уникатна мисија посветуваат монасите од Спаскиот машки манастир.
Извор: Правмир

 

Преземено од: Бигорски манастир