Света Гора со официјално писмо против легализација на истополовите „заедници“

23 декември 2015 лето Господово

Законот којшто на претставниците на малцинствата им дава право за стекнување на државни надоместоци и пензиски права на партнерите, беше усвоен на пленарната седница на Грчкиот Парламент со мнозинство гласови.

По тој повод, до пратениците на Грчкиот Парламент беше испратено итно писмо од страна на Свештениот Кинот на Света Гора Атон. Претставниците на сите атонски манастири едногласно истапија против легализацијата на истополовите бракови. Обраќајќи се кон пратениците, светогорците побараа да се одложи гласањето „со цел најсодветно да се земе во предвид волјата на целиот грчки народ“.

Во документот е искажана „вознемиреноста на Сета Гора Атон поради грозното отклонување (сега и на законско ниво) од началата и вредностите коишто го градат темелот на православниот идентитет и грчката култура“:

„Како православни христијани ние искажуваме длабока почит кон личниот избор на секој човек и неговото право да пребива во Црквата или да се дистанцира од неа. Ние поаѓаме од тоа што никој нема право да ја одземе дадената од Бога човечка слобода.

Во ова време ставот којшто ги става на исто рамниште ’еднополовите парови‘ и семејствата со сите правни и социјални последици што произлегуваат од тоа (меѓу другото и посвојувањето на деца), отворено застанува против менталитетот на нашиот народ и изгледа како намерна провокација и предизвик за грчкиот народ.



Светогорците ја молат Владата и пратениците на коишто ’грчкиот народ им ја доверил својата судбина‘, да обрнат внимание на ова писмо исполнето со немир и искрена грижа за иднината на земјата: ’Ве молиме да го тргнете од гласање овој предлог закон, особено сега во пресрет на големиот празник Рождество Христово. Можеби привременото одложување на законот ќе даде можност за негово детално разгледување и ќе му остави можност на грчкиот народ да го изрази својот став во врска со институцијата брак‘“.

Извор: Православие.ру

Преземено од: Бигорски манастир