225217.p.jpg



02 јануари 2016 лето Господово

Во својата беседа пред почетокот на новогодишниот молебен,225217.p.jpg Претстојателот на Руската Црква се обрати со слово кон присутните, во коешто ја истакна взаемната врска помеѓу делата и постапките на секој одделен човек и волјата Божја.

„Иднината е сокриена од нас“, истакна Патријархот, „но за да можеме да спознаеме какви можат да бидат нашите патишта, секогаш треба да го имаме во предвид следново. Доколку правиме добри дела, светли, доколку во нашите постапки нема лукавство и двосмисленост, доколку никого не воведуваме во заблуда, декларирајќи едни цели, а на дело последувајќи други цели, тогаш ние имаме надеж за Божја помош во тие дела. И доколку сакаме животот да ни биде навистина мирен, спокоен, радосен, благодетен, треба во својот живот, како личен така и семеен, и општествен, и државен, да се трудиме да правиме само такви добри дела, за да не Го лажеме ни Бога – а Бог не може да биде излажан, ни ближните свои.

И во таа смисла човекот навистина во голема мера ја определува својата судбина, бидејќи ако го прави она што е угодно на Божјата волја, тогаш Господ е со него. Историскиот опит на нашиот народ, со неговите подеми и падови, со неговите радости, таги и дури трагедии, јасно ја илустрираат оваа мисла. Со Бога ние можеме само да напредуваме – со полна надеж дека Он во Својата милост нема да не остави“, заклучи Претстојателот.

Извор: Православие.ру


Преземено од: Бигорски манастир