Svyateyshiy_Katolikos_Patriarh_vseya_Gruzii_Iliya_II.jpg

25 февруари 2016 лето Господово

По седницата на Светиот Синод на Грузиската Апостолска Православна Црква што се одржа на 16 февруари 2016 година,Неговата Сесветост Илија II, Патријарх и Католикос на Тбилиси и цела Грузија, објави дека Синодот го отфрли документот насловен како „Односите на Православната Црква со останатиот христијански свет“, кој беше изготвен за претстојниот Сеправославен Собор што треба да се одржи на Крит во 2016 година.

Грузиската Црква исто така даде забелешки и за други документи.

На Големиот Собор ќе земат учество 14 – те Помесни Автокефални Православни Цркви и притоа секој документ којшто нема да добие целосна согласност, ќе биде отфрлен.

„Големиот и свет Собор ќе се одржи во јуни... Нашата Црква ќе остане со стариот календар.. Нашата Црква била, е, и ќе биде чувар на Православието. Грузиската Православна Црква го отфрла документот за екуменизам изготвен за Големиот Собор. Нашата Црква е она што ја сочува нашата земја и нашиот народ“.

Извор: The Orthodox Cognate Page

Преземено од : Бигорски манастир