5 / 18 јули 2016 лето Господово

Свештениците од Руската Православна Црква ќе укажуваат психолошка помош на населението во институциите на Москва, а психолозите, пак, ќе соработуваат со верниците во парохиите.

Одделот за труд и социјала веќе води заедничка работа со специјализирани синодални оддели, но претставник од одделот вели дека испробаните и проверени методи треба да се прошират.

Според резултатите од седницата, бил постигнат договор помеѓу одделот за труд и социјала и Синодалниот оддел за црковна добротворна дејност и социјално служење при РПЦ, за укажување помош од страна на професионални психолози во парохиите и од свештеници во државните институции. Учесниците на седницата сметаат дека е неопходно развивање на адекватен временски систем за укажување на психолошка помош на населението. Експертите истакнуваат дека претежно за психолошка помош се обраќаат луѓе засегнати од проблеми поврзани со семејните, меѓуличносните (детско-родителски, сопружнички) односи, со економската криза, социјалните промени и иновации, кризи на возраста. Претседателот на Синодалниот оддел за добротворна дејност, епископот Орехово-Зуевски Пантелејмон, предложил активно да се користат црковни текстови при укажување на психолошка помош на населението. „Светите Отци се луѓе кои не се нарекувале психолози, но кои ја знаеле човечката душа благодарение на својот сопствен опит. И би ве посоветувал да ги почитувате Светите Отци и од нив да се поучувате како да внесете ред во сопствената душа и со помош на тоа да им го овозможите истото и на оние кои ви приоѓаат“.

Извор: Православие.ру

Преземено од: Бигорски манастир