За прв пат во историјата на Парагвај.

Благословување на водите во реката Парагвај.  Богојавление!

 

 

Се радувам што бев учесник на овој величествен настан кој за прв пат го спроведе отец Павел. Тој вели ( ова не го кажа во јавност, но ми остави впечаток па ви го пренесувам) дека загадувањето на реките во Парагвај е одраз на душата на луѓето кои живеат тука. Водата е слика на нивните помисли, загриженост, дела, ... и денес, Господ им дава голема милост, осветувајќи ги водите, Бог сака да го просветли и животот на луѓето и да ги благослови не само сега, туку и генерациите кои следуваат. Слава на Бог!

 

 За Преминпортал:

Снежана Корнет, Парагвај