логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

Владика Андреј Австралијски РПЗЦ: Настапи време и испитување на нашата вера!
сабота, 11 април 2020

Се случи она што се нема случено од постанокот на светот: прекин на заедничка молитва во целиот свет...
Владетелите на светот сега отворено покажаа дека во себе го носат духот на антихрист.
Свети апостол Павле вели дека антихрист, „кој што се противи и се превознесува над сé, што се наречува Бог или светост, за да седне како бог во Божјиот храм, покажувајќи се дека е Бог“ /2. Сол. 2, 4/.
Другиот знак за доаѓање на антихрист во Стариот Завет кај пророк Данил е запишано: „Од времето, кога ќе се прекрати секојдневната жртва“ /Дан. 12, 11/, кое по толкувањето на Светите Отци значи, дека антихрист ќе забрани да се принесува безкрвна жртва Телото и Крвта Христови – секојдневна Ехаристија.
Во име на Отецот, и Синот, и Светиот Гух.
Драги браќа и сестри, ние сега сме лишени од моќноста да се собираме на заеднички молитви во Црквата. Дали праведно постапи владата на Австралија, забранувајќи ги сите богослужбени собири?!
Во минатото човештвото преживеа многу поопасни епидемии, но никогаш за време на епидемија храмовите не беа затварани. Напротив, во тие времиња луѓето со усрдни молитви се обраќаа кон Бога, молејќи Го Бога да го одврати Својот гнев.
Тоа дека заразните болести се пренесуваат преку личен контакт, од секогаш било познато. Но сепак луѓето одеа во Црква, се каеја за своите гревови, правејќи опште народни молења за избавување од епидемија. Тие тогаш не знаеја што е тоа вирус, но многу добро знаеја која е причината за та напаст, дека тоа е Божја казна. Исто така знаеја дека во светот ништо не се случува без Божјата волја, дека: „ниту влакно од главите наши нема да загине без волја на Отецот Небески“ /Лук. 21, 18/.
Ние во Библијата наоѓаме дека Израилскиот народ многупати бил казнуван со епидемија заради своите гревови и одстапништвото од Бога, и дека само со покајна молитва Божјиот гнев ги одминувал. Австралиските власти не смееја да забранат општенародна молитва, туку напротив, да се обратат на жителите со молба да ги засилат своите молитви за прекин на оваа несреќа.
Наместо тоа, тие само со една одлука на владата богослужебните места ги изедначија со ноќни клубови, барови, коцкарници, и се затворени како нешто малку важно без кое многу лесно може да поминеме. Издадена е наредба сите богослужбени места, на сите религии мора да бидат затворени. Вакви наредби се издадени во целиот свет, па дури и во православните земји.
Се случи нешто што се нема случено од постанокот на светот: прекин на заедничка молитва во целиот свет. А кога во светот започнало богослужењето? Во првата книга Мојсеова (Битие) се говори за Енос, внукот на нашиот праотецот Адам, „И на Сит му се роди син, кого го нарече Енос. Тогаш почна да се призовува името на Господа Бога“ /1. Мој. 4, 26 /. Оваа напомена од Библијата се објаснува со тоа дека од праведниот Енос било одредено свечено да се повикува Божјото име, т. е. о него започнува почетокот на богослужењето. Од тој ден никоја власт, ниту еден диктатор или тиранин не се осудил да донесе ваков или сличен богоборечки закон, кој потполно забранува јавно почитување на Бога. (Впрочем ваков сличен закон е издаден во комунистичка Албанија 1964 година). Во Советски Сојуз беа разурнувани храмови, убивани свештеници, но таму не е донесен ваков закон.
Владетелите на светот сега отворено покажаа дека во себе го носат духот на антихрист.
Свети апостол Павле вели дека антихрист, „кој што се противи и се превознесува над сé, што се наречува Бог или светост, за да седне како бог во Божјиот храм, покажувајќи се дека е Бог“ /2. Сол. 2, 4/.
Другиот знак за доаѓање на антихрист во Стариот Завет кај пророк Данил е запишано: „Од времето, кога ќе се прекрати секојдневната жртва“ /Дан. 12, 11/, кое по толкувањето на Светите Отци значи, дека антихрист ќе забрани да се принесува безкрвна жртва Телото и Крвта Христови – секојдневна Ехаристија.
Од друга страна Светото Писмо ни говори дека Евхаристијата ќе се извршува се до денот на Второто Христово доаѓање. Оваа наизглед противречност треба да ја разбереме вака: и ако антихрист забранува јавно да се извршува Евхаристијата во црквите, таа сепак тајно ќе се врши.
Антихристот се уште не се појавил, но со наредбите на властите вратите на храмовите се затворени, а со тоа врерниците се лишени од Светите Тајни Христови, Крвта и Телото. За оние кои нема да ги почитуваат наредбите им се закануваат со казни па дури и со затвор. Ние сме приморани да се потчиниме на овие наредбине не заради тоа што сметаме дека се правилни и разумни, туку да го оставаме насилството на нив. Ние сме должни да постапуваме по Божјите заповеди: „Подајте го царевото на царот, а Божјото на Бога“ /Мат. 22, 21/, но Божјото не смееме да му го дадеме на ќесарот.
За време на Советска Русија власта ги затвораше храмовите, но народот удираше во камбаните, не наоружани парохијани, жени им се спротиставуваа на војниците одбивајќи да се потчинат. Сега не само народот молкум да се согласи со забраната за богослужење, туку и таквата ја одобрува, сметакќи ја за правилна и разумна (...)
Говорат дека затворањето на храмовите е привремена мерка. Нека е и така, но е направен преседан, невиден од постанокот на светот: со сеопшта согласност во целиот свет се затворени сите места за заедничко богослужење. Не смееме да мислиме дека тоа е нешто малку важно. Без преувеличување сам по себе овој факт е духовна катастрофа за човештвото. Со оваа е направен уште еден пат за доаѓање на антихрист.
Пред наши очи се одигрува една колосална глобална кампања и обмана за човештвото. Задкулисните режисери подготвуваат грандиозен глобален спектакл, а конечната цел е зацарување на антихрист. Никогаш во историја на човештвото „тајната на беззаконието“ /2. Сол. 2, 7/ не се покажа себеси толку силна и со така отворена дрскост.
Одеднаш, за многу кратко време светот се претвори во еден голем затвор, во кој стравот од заразата од вирус подобар е од било која стража, луѓето ги задржува во својот дом.
Светот насилно е ставен во една вештачка кома, западна во хибертација, јасно е дека после таа хибертација, светот ќе стане сосема друг. Светот како да е затворен, за да се промени. Но што нас нé чека од „другата страна„ по зборовите на нашиот Премиер? Нас нé предупредуваат дека нашиот свет нема да биде како порано. И потполно е можно, дека во тој свет на нас, православните христијани ќе ни биде тесно.
Сега за нас посебно ни е важен правецот – по зборовите на нашиот Господ Исус Христос: „Сеќавајте се на Лотовата жена“ /Лук. 17, 32/. За време на бегањето на Лот со неговото семејство од Содом, Ангелот им забарани да се свртуваат назад. Жената на Лот се сврте и загина. Во таа постапка се откри нејзината приврзаност за изминатиот живот во Содом. Оваа Господова поука значи да бидеме подготвени да го оставиме сето овоземно.
Епидемиите се еден од предзнаците за доаѓањето на крајот. Господ ни говори во Светото Евангелие: „Зашто ќе се дигне народ против народ, и царство против царство; и на места ќе има глад, помор (епидемија) и потреси; а сето тоа е почеток на болките.“ /Мат. 24, 7-8/. Апокалипсата настапи бргу и ненадејно и нас нé најде неподготвени.
Настапи време и испитување на нашата вера. Тоа е испит кој сите треба да го поминеме. Сегашноста бара од нас и сериозност, внимателен однос кон нашиот живот. Ние мораме сé да гледаме од духовна точка, да се потрудиме да го разбереме духовниот смисол на овие случувања.
Светиот Евангелист Јован вака ги тешел своите ученици: „Вие сте, чеда, од Бога и нив сте ги победиле; зашто Оној, Кој е во вас, е поголем од оној што е во светот“ /1. Јов. 4, 4/. Какви искушенија и да дојдат, Господ секогаш ќе биде близу до секој од нас. Тој допушта искушенија, но Тој го покажува и патот да ги пребродиме истите тие искушенија и нé закрепнува да одиме по Него, по молитвите на Пресвета Богородица.
„Но, кој претрпи до крај, ќе биде спасен“ /Мат.10, 22/.
Амин.


Епископ Андреј



Избор од фб профил на
Авва Георги

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 746
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

    Со денешниов чин, преку Светиот Дух, врз тебе се изли љубовта Божја[6], и тој дар ќе ти помага со љубов да им служиш на луѓето и да ги исполнуваш задолженијата...

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Да се биде епископ, преемник на апостолската благодат, значи да се биде прв не во превласта, не во некакви привилегии, туку во одговорноста и во служењето на другите за добро,...

О.Бобан Митевски: Долгоденствувај владико свет, Преосветен епископе Антаниски, г. Партениј

О.Бобан Митевски: Долгоденствувај владико свет, Преосветен епископе Антаниски, г. Партениј

Денес беше сецрковно торжество, радост за дојдените заради љубовта во Христа... Радост долгоочекувана, желба кој тивко тлееше во посакувањата на илјадници наши браќа и сестри христијани. Се се радуваше. Толку...

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Нема таков голем грев пред Бог каков што е духовниот геноцид што се врши над нашата света Црква. Да имаш власт да сврзуваш и да разврзуваш и на небото и...

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

« »