Без здрав и цврст темел на вредносен систем, човечката личност е духовно празна и изгубена, безцелно лута во времето и просторот, несвесно трагајќи по вистината за себе.

Човекот во отсуство на Божјите вредности, ја губи својата личност, својот вистински идентитет и полека духовно умира.

Таа духовна празнотија се обидува да ја пополни со лажна слобода, која сака да ја постигне со извртување на вистинската слобода, наметнувајќи постепени промени како на личен така и на општествен план, ама дали душата и духот така вистински ќе пребиваат во мир?!

Жално е, бидејќи колку повеќе луѓето се оддалечуваат од Изворот на животот, толку по безживотни стануваат.

Господи помилуј, разбуди, освести и спаси не!

Ана Јанева

 

 

19- ти јули лето Господово 2017

 

Друго: