логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Роден е на островот Кипар во 1921 година во многудетно христијанско семејство. Неговата мајка Евгенија го родила во седмиот месец од бременоста на денот на светите Бесребреници (на истиот празник и се упокои). Таа помислила дека детето е мртво, но на чудесен начин преживеало.


При крштението му дале име Сократис, потоа ги завршил првите класови од основното образование и на 16 годишна возраст го започнал својот монашки пат во манастирот Ставровуни (еден од најстарите манастири на Кипар), каде што останал до 1945 година. Во тој период примил постриг за расофор со името Софрониј.

Потоа младиот монах, сакајќи да го види животот на светогорските монаси, со благослов од својот духовник игуменот Кипријан заминал на Света Гора, каде што после двегодишни барања се сретнал со великиот подвижник и старец Јосиф Исихаст (Спилеот), кој станал негов духовник. Дванаесетгодишното послушништво кај опитниот старец траело до смртта на старецот во 1959 година и оставило голема болка во душата на монах Јосиф (кој добил ново име по својот старец Јосиф). По смртта на неговиот духовник тој за кратко време заминал во пустина, а потоа станал духовен раководител на голем број монаси. Новиот старец Јосиф станал основач и духовник на братството во Новиот Скит (Неа Скити), а исто така се подвизувал во манастирот Кутлумуш  и во симонопетритската ќелија на Благовештението во Кареа.

Во 1989 година по одлука на Свештениот Кинотис на Света Гора и со благослов на Цариградскиот патријарх на старецот Јосиф му било доверено внатрешно и надворешно обновување на манастирот Ватопед, вториот по ранг од светогорските манастири. Со трудот на старецот Јосиф и неговите ученици Ватопедската обител за скоро време била обновена од рушевините, се наполнила со монаси и стана еден од најголемите духовни центри во православниот свет.

Последните години од животот на старецот Јосиф биле исполнети со големи искушенија: тој и неговото братство беа јавно критикувани за големи бизниси, но оваа клеветничка кампања против манастирот не ја скршила волјата на старецот кој сета своја надеж ја полагал на Бога и никогаш не се боел од клеветите на непријателите на Црквата.

Според зборовите на угледниот писател и светогорец, монах Мојсеј: „Старец Јосиф беше активен, силен, непоколеблив, длабок, комуникативен… Заедно со другите ученици на старец Јосиф Исихаст – Харалампиј Дионисијатски и Ефрем Филотејски – Аризонски, тој создаде најголемо и сплотено братство и помогна во обновата на светогорското монаштво.

Блажено упокојување

При крајот од својот живот не сакал за ништо друго да зборува, освен за Бога, Кого Го љубел со сето свое срце.

На разденување на 1 јули 2009 година се упокои овој светогорец. На неговото погребение дојдоа 4 архиереи, повеќе од 10 игумени на светогорските манастири, десетици свештеници и монаси, стотици верници од Грција и Кипар. На богослужението началствуваше неговиот духовен син а сега митрополит Лимасолски Атанасиј. Во надгробното слово архимандритот Елисеј забележа дека „старец Јосиф беше мерило, образец за Света Гора, тој беше придвижуван од желбата да го види секој монах како Го љуби Бога. Секоја средба со старецот беше духовен опит…“


Веднаш после смртта на старецот монасите од Ватопед  објавија еден интересен настан, кој за многумина беше прво чудо на старецот и доказ за неговата праведна смрт. Имено, по упокојувањето монасите заборавиле да ја заврзат устата на старецот и таа останала отворена, но додека го сошивале расото, самата уста се затворила и се разлеала насмевка на неговото лице. За многумина тоа беше очевиден показател за неговата светост, за неговиот преподобен живот и праведничка смрт.

Останува запаметен за некои како скандалозен духовник, а за мноштвото како вистински и свет старец, обновител на исихастичкото монаштво на Света Гора.

ОТЕЦ ЈОСИФ ПОМЛАДИОТ

(Извадок од книгата „Мојот живот со старец Јосиф Исихаст“)

По преселувањето во скитот „Света Ана“, поминале девет години. Било летото во 1947 година, кога младиот монах Јосиф од островот Кипар, дошол на Света Гора на поклонение и за душевна полза. По Промисла Божја тој се запознал со Старец Јосиф. Младиот монах ја видел светоста на Старецот и побарал од него дозвола да остане, за да стане негов послушник. Но Старец Јосиф одговорил: „Ниту ова место, ниту нашиот типик, не ни дозволуваат да примиме уште некого“. Меѓутоа, отец Јосиф продолжил да умолува. И тогаш Старецот одговорил дека ќе се помоли и ќе направи така, како што ќе го просвети Бог. На следниот ден Старецот се согласил да го прими, и отец Јосиф со голема радост станал негов послушник.

Во почетокот му било многу тешко поради секојдневниот труд, лишувањето, суровите услови, недостатокот на облека. Но неговата младешка ревност и благодатта Божја не само што невозможното го правеле возможно, туку и му носеле радост од подвижничкиот труд.

*   *   *

Поради сиромашноста во повоените години, Старецот не можел да го згрижи отец Јосиф, дури ниту со самите најнеопходни работи за живот. Вообичаеното ракоделие не се продавало. Затоа, Старец Јосиф бил принуден преку неделата да го праќа во манастирите на работа за да се прехранат. Нормално, тоа било големо испитување за отец Јосиф. Но ете, послушанието е над добрите жртви (1 Цар. 15, 22). Тој не почнал да ропта и да вели: „Не, јас дојдов од Кипар поради молитва, а ти ме праќаш в поле. Ако го сакав тоа, тогаш ќе останев таму, каде што бев“. Напротив, тој со готовност го примил тоа нелесно за него решение од Старецот, бидејќи многу му верувал.

Така, скоро до 1953 година тој одел по манастирите и се трудел во садење градини, во собирање на родот, и во други работи и многу ретко го гледал Старецот. Но тој успеал да ја разбере смислата на тоа што го учел Старецот, и ревносно го следел.

*   *   *
Отец Јосиф се сретнувал со многу монаси и мирјани, и неретко мирјаните му ја ранувале душата со нивните страсти. Се случувало, околу себе да слуша груби, ожалостувачки, дури и хулни зборови. Сето тоа, заедно со принудниот беспоредок на дневните работи и грижи, многу го изморувало. Но секогаш, кога трпението му било при крај, иако за тоа не кажувал на никого, отец Јосиф добивал писмо од Старецот. Тој признаваше: „Уште кога ќе го земев писмото во своите раце, веднаш во мене се случуваше промена. Целата жалост во мојата душа исчезнуваше, и јас се наоѓав во целосен спокој. Но како што плодот доаѓа од коренот, од кого што тој зависи, така и промените кои што се случуваа во мене, не доаѓаа од мене. Јас тоа го чувствував, тоа беше некое содејство. Честопати дури и не ги отворав писмата. Мене ми беше доволно тоа што јас го имав добиено. Кога по неколку дена ќе го прочитав, тогаш во писмото напишано од Старецот, наоѓав подробно опишување на таа состојба, во која што се наоѓав. И Старецот детално ми разјаснуваше, поради што тоа се случило со мене, која е причината, од која средба, поради кое мое неработење се случило тоа што го чувствував во својата душа. Секако, сето тоа исчезнуваше, кога ќе го добиев писмото. Но, кога јас го читав, јас гледав, дека тој знае за мене сѐ и, безусловно, се моли за мене“.

*   *   *

Дошол август 1949 година. Жетвата завршила, и отец Јосиф се вратил во  скитот „Света Ана“ на главниот празник – Успение на Пресвета Богородица. Еднаш, на 19 август, како што самиот тој раскажуваше, попладне, по ручекот, тој одел накај својата ќелија согласно типикот. Но Старецот го пресретнал, го стиснал за раката и со насмевка му рекол:

    Денес ќе ти испратам пратка. Гледај, да не ја изгубиш!

Отец Јосиф не разбрал, што тој имал во предвид, и кога се разбудил по одморот, за да го започне своето бдение, за тоа целосно заборавил.

За тоа, што со него се случило таа вечер, самиот тој вака раскажуваше: „Не паметам, како го почнав бдението, но добро знам дека не успеав ни неколку пати да го кажам Името Христово, кога моето срце потполно се наполни со љубов кон Бога. Наеднаш таа толку многу порасна, што јас веќе не се молев, туку се воодушевував со изуменост за преизобилството на таа љубов. Јас сакав да ги прегрнам и целивам сите луѓе и сето создание и истовремено размислував за себе толку смирено, што се чувствував пониско од секоја твар. Меѓутоа, полнотата и пламенот на мојата љубов беа обратени кон Христос, Кој Го чувствував покрај себе, но не можев да Го видам, за да паднам кон Неговите Пречисти нозе и да го прашам, како Тој така ги распламтува срцата и останува сокриен и непознат. Кај мене тогаш имаше некое тенко известување, дека тоа е благодатта на Светиот Дух и дека тоа е Царството Небесно, за коешто нашиот Господ говори, дека тоа се наоѓа внатре во нас. И јас велев: „Господи мој, нека остане сѐ како сега, и мене повеќе ништо не ми е потребно“. Тоа траеше доволно долго, и постепено се вратив во претходната состојба. И јас неспокојно и со нетрпение чекав, кога ќе настапи погодниот час за да отидам кај Старецот и да го прашам, што беше тоа и како се случи. Дојде 20 август, светеше полна месечина, кога јас отидов кај него и застанав во неговата ќелија. Кога ме виде, Старецот се насмевна и пред да му направам метанија, рече:

    Виде колку е сладок нашиот Христос? Дозна на дело како е тоа за што ти упорно ме прашуваше? Сега принудувај се самиот себе, за да ја направиш сопствена таа благодат, и не дозволувај да ти ја украде неработењето.

Јас паднав пред неговите нозе и реков со солзи:

    Јас ја видов, Старче, ја видов, јас најнедостојниот од сите созданија, благодатта и љубовта Христова и сега ја дознав смелоста на отците и силата на молитвата.

Кога јас детално му раскажав, што се случи со мене, и кога го прашав за причината на тоа што се случи, тој од смирение го промени раскажувањето за тоа и одговори:

    Бог се смилува на тебе и те помилува, покажувајќи ти го авансот на Својата благодат, за да не се посомневаш во зборовите на светите отци и да паднеш во малодушност.

Јас тогаш ја разбрав смислата на општиот обичај со потполна вера и доверба да се бара од другите да се молат за нас: „Помоли се отче, и за мене! Направи, отче, молитва за мене! Спомни ме, отче мој, во своите молитви!“

Секако, ние Христијаните, ја просиме помошта на праведниците во своите потреби. И секој на соодветен начин добива одговор. Но, за човекот да ја разбере потребата на некоја душа, знаејќи ја при тоа нејзината состојба, и со сигурност да ѝ рече: „Оди и потруди се да го добиеш тоа што јас ќе ти го испратам, она од што имаш потреба“ – и притоа знаејќи што испраќа и дали била примена таа пратка, – сето тоа излегува од границите на обичното и се однесува на натприродните случувања.

Тоа не беше прв случај, кога ние добивавме утешение од молитвите на Старецот. И никој нека не зборува дека тоа е природно за послушниците, да го чувствуваат благословот на својот Старец. Секако, и тоа е вистина, и блажени се тие кои што имаат доверба кон својот духовен отец, чии молитви вистински ги покриваат.

Но во нашиот случај се случи нешто друго, многу поголемо и позначително. Едно е, кога послушникот по својата вера и стравопочит, на таинствен начин ја црпи благодатната помош во самите обични околности, така што се спасува од опасностите и потешкотиите, добива известување во разните безизлезни ситуации и воопшто добива некое таинствено благословение да биде сочуван во сѐ. Тоа се случува со секој вистински послушник, така што и неговиот Старец може и да не знае за тоа и да се воодушевува на благословението Божјо, кога ќе слушне од него за тие работи. А друго е, кога Старецот сам му испраќа, како оној кој има власт, благодат и благословение на својот ученик, колку и кога сака, по своето знаење и волја“[1].

*   *   *

По 1953 година поминала сиромаштијата и повоената несреденост, и отец Јосиф на крајот, можел постојано да живее со Старецот, кон што и се стремело неговото срце. Сега тој можел со ракоделие да се занимава овде.

Прво, живеел во ќелијата, која што била подготвена за отец Ефрем, кога тој доаѓал за да служи литургија. Затоа, двапати во неделата, а понекогаш и повеќе, отец Јосиф спиел на некое друго место. Но тој проблем се решил кога Старецот му ја дал својата ќелија, откако за себе си направил одделна малечка каливка, која што се наоѓала двесте метри подалеку, во пустината.

Старец Јосиф си изградил одделна каливка, затоа што, навечер разговарал со отец Арсениј и така го нарушувал своето безмолвие. Каливата беше толку непромислено изградена, што се разруши неколку години по неговата смрт. Но, таму Старецот се насладуваше, по неговите сопствени зборови, со „чудесно безмолвие“.

 
[1] Γέροντος Ἰωσήφ Βατοπαιδινοῦ. Ὁ Γέροντας Ἰωσὴφ ὁ Ἡσυχαστής. Σελ. 123- 124. Спореди: Монах Иосиф. Старец Иосиф Исихаст. С. 91- 93.

 

Извор:https://crkvaveles.wordpress.com/2018/07/01/josif-vatopedski/#more-1694



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5793
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6613
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6393
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5591
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная