На 25 jули - се празнува  чудотворната икона на Божјата Мајка иконата ,,Троеручица" (Иконата е стара најмалку 1400 години)

Тропар на чудотворната икона
на Пресвета Богородица
Троеручица
12 јули / 25 јули

Угодникот твој Јован припаѓајќи пред тебе Мајко Божја,
измоли благодат од силата која ти е подарена,
за свое спасение, но и за заштита и помош на многумина,
кои со твојата трета рака, ги милуваш и мајчински ги прегрнуваш,
за да сите ние ти воспееме:
Тебе ти се радува Благодатна секоја твар,
ангелскиот собор и човечкиот род!



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 



Иконата на Пресвета Богородица Троеручица беше семејно богатство на св.Јован Дамаскин и тој ја чувал во својот домашен параклист во Дамаск, во почетокот на VIII век. Тогаш цела Сирија се наоѓала под власт на Арапите муслимани. Тогашниот калиф на Дамаск, престолнината на Сирија, Валид (705- 715), како муслиман незнаел да ги уредува верските работи на Христијаните од Сирија. Заради тоа во својата палата како прв советник околу прашањата на потчинетото Христијанско население, го запослил тогаш сеуште мирајнинот Јован Дамаскин. Калифот го поштувал Јован поради неговото големо образование и добри особини.

Во тоа време , VIII век, се појавила ерес на иконоборство, со средиште во Константинопол. А негов основач бил византискиот самодржец Лав III Исавријан.
Сеуште световен човек Јован Дамаскин но ревносен верник, од Дамаск ја прогонувал иконоборната ерес пишувајќи писма и со зборови. И така се покажал како поборник и подржувач на светите икони. Дознавајќи за него Лав Исавријанец го замразил и измислил една подлост против него: имено, се потрудил и пронашол едно од писмата напишано од св.Јован Дамаскин и му наредил на својот доверител калиграф да научи да го имитира ракописот на св.Јован Дамаскин и да напише едно лажно послание . Тоа послание, наводно, е напишано до него самиот, автократор Лав Исавријан, во кое св.Јован, наводно, го повикува да дојде и без борба да загосподари со градот Дамаск од кој тогаш одсуствувал калифот.

Ова клеветничко и измислено послание Лав го испратил на својот пријател, калифот на Дамаск, Валиду(705 – 715), додавајќи и свое писмово кое го уверува во љубовта која ја има спрема него, а ја покажува со тоа што му го испраќа посланието напишано од раката на Јован, и дека со тоа се гледа дека Јован е завереник против Валидовиот калифат. Калифот го примил и прочитал писмото и поверувал во зборовите на Лав Исавријан и наредил без понатамошно испитување да се одсече десната рака на Јован со која е напишано наводното послание и за пример на сите да се обеси на главниот плоштад во Дамаск.

Заповедта била извршена веднаш. Приквечер Свети Јован ја побарал да му ја дадат отсечената рака бидејќи заповедта на калифот веке е извршена. Држејќи ја со левата рака отсечената десница споена со местото каде што беше отсечена, клечејќи пред иконата на Богородица цела ноќ Ја молел Пресвета Богородица да го исцели за да продолжи да пишува против иконоборците.
После долга молитва, уморен од болка и мака, запал на кратко. И во сонот Ја гледа Пресветата Богородица жива на иконата и ја слуша како му зборува дека раката му е исцелена и дека нетреба повеќе да се жалости, само треба да го исполни она што го вети, односно да продолжи да пишува во заштита на светите икони.
Свети Јован се разбудил и видел дека неговата рака е навистина здрава и стои на своето место.Единствено на местото каде што била пресечена останало како црвена линија, за подсетување колку на страдањето толку и на чудото кое го направи Пресвета Богородица.
Поради радост и благодарност према Богородица, св.Јован на долната лева страна на иконата дал да се направи рака од сребро и ја приспоил сребрената рака, слична на отсечената.И од тогаш иконата го добила името Троеручица.


До ден денес, овој обичај го практикуваат верните и на чудесен начин излекувани христијани кои на светите икони ставаат различни златни или сребрени предмети во вид на дел од човечко тело кое е илекувано на чудесен начин.

Исто така Според преданието, свети Јован напишал Химна на благодарност кон Богородица:

“Сите созданија се радуваат во Тебе, Благодатна”, - која се кажува на местото на химната “Достојно ест”, во Литургијата на свети Василиј Велики.

После ова чудесно исцеление, св.Јован одлучува да го напушти светот и да се замонаши. Гледајќи го излекуван, калифот го сватил дејството на Божјата сила и побарал опростување за неправедната казна. Многу разжалостен калифот најпосле му одобрува на Јован да се одалечи од светот.

Св. Јован Дамаскин ја напушта Сирија и прими монаштво во прочуената Лавра на Свети Сава Осветен во Палестина. Со себе ја понел и неговата Добротворка, Пресвета Троеручица. Откако се замонашил од другите отци во Лаврата дознава дека Свети Сава Осветен, пред своето блажено упокојување (VI век), дал заповед покрај неговиот гроб да ја прицврстат неговата ,,патерица” т.е. игуменскиот стап. Тој прорекол дека во иднина како поклоник во манастирот ќе дојде еден царски син со неговото име, т.е. Сава и дека при неговото поклонение на гробот, прицврстениот стап ќе падне на земја. Свети Сава осветен наредил на тој поклоник да му се даде игуменскиот стап и иконата на Пресвета Богородица која била во манастирот и која се викала Млекопитателница. Дознавајќи за овие пророштва на Св.Сава и Св,Јован Дамаскин пред своето упокојување оставил завет за иконата Троеручица да му се даде на истиот тој царски син како благослов.

После пет векови,1217 година, во Лаврата како прост монах, поклоник , доаѓа царскиот син, монахот Сава, од манастирот Хиландар на Света Гора. Додека тој се поклонувал на гробот на Свети Сава Осветен, игуменскиот стап паднал од своето место. Изненадени, манастирските отци побарале да се известат за непознатиот монах – поклоник. Така дознале дека се вика Сава и дека е царски син. Сомневајќи се сеуште и двомејќи се дали да го исполнат заветот на својот ктитор, Св.Сава Осветен, тие го вратиле игуменскиот стап на своео место и го прицврстиле. Следниот ден монахот Сава се поклонил по втор пат пред гробот и игуменскиот стап повторно паднал. Така се разрешило секое сомневање и веднаш на монахот Сава му биле дадени игуменскиот стап и иконите Млекопитателница и Троеручица. Опремен со овие благослови, Свети Сава Српски ги понел со себе во Хиландар. Тоа е првото доаѓање на Троеручица во Хиландар. После тоа, Свети Сава е ракоположен за архиепископ на Србија (1219г.) и заминува од Света Гора.Троеручица останува во Хиландар до 1347 год. а тоа значи 100 и повеќе години после упокојувањето на Свети Сава(1235 г.). Тогаш, во 1347 год. како посетител на Света Гора доаѓа српскиот Цар Душан. После посетата на Хиландар, на заминување за Србија, тој како благослов ја зема иконата Троеручица, на тој начин иконата доаѓа во Србија. До крајот на ХIV век иконата од непознати причини и непознат начин преоѓа од дворецот на цар Душан во сопственост на Манастирот Студеница. Овој манастир, како и други места во Србија, во почетокот на ХV век стануваат мета нанапади на турските освојувачи. Известени дека Турците доаѓаат кон манастирот, монасите на брзина се погрижиле да ги спасат највредните скапоцености кои ги имале. Иконата на Пресвета Богородица Троеручица ја ставиле и зацврстиле на самар на едно магаре, кое го пуштиле да оди каде што ќе го води волјата на Богородица.


И навистина, водено од Пресвета Богородица, магарето ја прошло цела Србија и Македонија и дошло на Света Гора. По заповест на Богородица, тоа застанало недалеку од манастирот Хиландар. Откаковиделе и сватиле што се случило, манастирските отци побрзале и ја симнале иконата од грбот на магарето кое веднаш потоа паднало мртво. Таму каде што дошло магарето со иконата , изградено е поклоничко место во спомен на тој настан. Секоја година се врши литија со иконата Троеручица од манастирот до тоа место во знак на спомен на доаѓањето на иконата. Така Троеручица торжествено, со псалмопеење и кадење свечено дошла по втор пат во манастирот Хиландар.

Поради големи почести, монасите ја поставиле на горното место во олтарот на Соборната Црква во Хиландар. Тоа се случило во почетокот на ХV век. Многу покасно (не се занае точно кога) веројатно кон крајот на ХV век, во манастирот се случил следниот настан.: Игуменот на манастирот умира.Манастирот се нашол во тешка положба во врска со изборот на нов игумен. Тогашните многубројни монаси припаѓале на различни националности, имало Срби, Грци, Бугари и Руси. Секој предлагал свој игумен, Грците затоа што се наоѓале на Грчка територија, Србите затоа што ктитори на манастирот се срби и е познат како српски манастир, Бугарите пак затоа што биле најбројни, а Русите затоа што манастирот тогаш бил даруван со дарови и големи парични средства од Русија. Бидејќи неможеле да се согласат меѓу себе, самата Пресвета Богородица го решава проблемот. Во тек на една вечерна служба јасно се слушнал гласот на Богородица од иконата дека Таа е Игуманија на манастирот. Монасите го слушнале гласот, но не му придале посебно значење. Кога наредниот ден дошле во црквата на утрена Богослужба, монасите ја здогледале иконата на игуменското место. Мислејки дека црковниот помошник по грешка ја изнел иконата надвор, тие пак ја вратиле во олтарот. Меѓутоа следниот ден, на утрената пак ја нашле иконата на Богородица на игуменскиот трон. Претпоставувајќи дека клисарот, од за нив непознати причини,е сторител на тоа дело, монасите му ги зеле клучевите од црквата, а вратата самите лично ја заклучиле после вечерната, уверувајќи се предходно дека никој не останал скриен во црквата. Утредента кога ја отвориле црквата за утрена Богослужба, иконата на Богородица пак била на игуменското место! Тогаш се увериле дека Таа сама така сака. Додека разговарале за тоа што се случило, во манастирот дошол еден пустиник, на сите поснат по своите добродетели, и тој ги известил дека му се јавила Богородица и рекла да им каже на монасите од манастирот дека одсега Таа сама ќе биде игуманија на манастирот и дека тие меѓусебно треба да се помират.Тие веќе не треба да се обидуваат со избор на игумен, ниту да ја поместуваат иконата од игуменското место. Монасите ја послушале волјата на Пресвета Богородица. Од тогаш до денес никој не ја поместил иконата од нејзиното место. Таа постојано е на игуменскиот трон , а секој предстојник и духовен отец на братството го заема другото место од страната покрај иконата. Јерејите и воопшто сите монаси од манастирот прават поклони пред иконата како пред игуманија на манастирот пред да почнат со службата. Така Пресвета Богородица Троеручица станала игуманија на манастирот Хиландар и станала негова Икона Заштитница.

Сите монаси кои се наоѓаат под Нејзино игуманство ја прифаќаат како своја мајка, заштитница и утешителка во разни тешки ситуации кои ги донесува монашкиот живот.

Иконата Троеручица е многу добро сочувана стара икона на Богородица.Лицето на Пресвета Богородица е толку благо и нејзиниот поглед е толку мил, така што буди чувство на умилиение кај оние кои и` се поклонуваат.

На иконата, поради заштита и благокрасивост е поставен златен оков кој има пет илјади втиснати скапоцени камења, како и други вредни предмети кои ги приложуваат побожни поклоници или оние кои доживеале чудо од Богородица. Размерот на иконата е :111 сm висина и 91 cm ширина. Иконата е литијска,т.е. отсликана од двете страни. На нејзината позадина се наоѓа преубава византиска икона на Св.Никола. Секоја година на 12/25 јули свечено се празнува нејзиниот празник. Со сеноќна торжествена служба се прославува во чест на Иконата и чудата на Пресвета Богородица Троеручица.

Кондак 8 Необично е да се видат хиландарските монаси како приоѓаат на иконата твоја како на Игуманија и од неа земаат благослов за своите послушанија.О, Себлага, како што нив милостиво ги примаш и ги благословуваш, така и нас недостојните немој да не лишиш од своето мајчинско милосрдие и грижа, примајќи ги милостиво нашите молитви кои пред Твојата Света икона ги вознесуваме. Осени не` со својот благодатен благослов, избави не` нас од секој јад и чемер и научи не` нас богоугодно да пееме на Троединиот Бог : Алилуја! Радувај се, помошничке наша, која ни помагаш со својата икона Троеручица!

 

Извор:

Православие.Мк † 

Друго:

Свети Сава Осветен
18 декември/5 декември
 
Незначајното село Муталаск во Кападокија стана славно поради ова големо светило на Црквата. Овде Сава се роди од татко Јован и мајка Софија. Родителскиот дом го напушти кога имаше осум години и се замонаши во блиската обител наречена Флавијанова. После десет години премина во Палестинските манастири и таму најдолго се задржа во обителта на Светите Ефтимиј Велики (под 20 јануари) и Теоктист. Проѕорливиот Ефтимиј за него прорече дека ќе стане славен монах и наставник на монасите и дека ќе основа лавра поголема од сите лаври на сите времиња.

По смртта на Св. Ефтимиј Сава се оддалечи во пустина, каде што во една пештера, којашто му ја покажа ангел Божји, помина како отшелник пет години. Потоа, кога стана совршен монах, по Божја Промисла околу него почнаа да се собираат многумина ревнители за духовниот живот. Набрзо се собраа во толкав број, што Сава мораше да гради и црква и многубројни келии. Дојдоа и некои Ерменци, на коишто тој им одреди пештера за во неа да служат на ерменски јазик. Кога умре татко му, кај него дојде неговата остарена мајка Софија, којашто тој ја замонаши и и даде келија подалеку од неговиот манастир, па во неа таа се подвизуваше до крајот на животот.

Овој Свет отец претрпе многу напасти од ближните, од еретиците и од демоните. Но тој сите ги победуваше, и тоа: блиските со благост и попустливост, еретиците со непоколебливо православно исповедање, а демоните со крсниот знак и повикувајќи Го на помош Бога. Особено голема борба имаше со демоните на гората Кастела, каде што го основа својот втор манастир. Тој и неговиот сосед Теодосиј Велики се сметани за најголеми светила и столбови на Православието на Исток. Тие ги исправаа царевите и патријарсите во верата, а на сите им служеа како пример на светителско смирение и на чудесната Божја сила. После трудољубивиот и многуплоден живот Св. Сава се упокои во 532 година, во деведесет и четвртата година од својот живот. Меѓу другото, тој го устрои манастирскиот типик на богослужење, којшто подоцна се рашири по целото Православие и стана познат како Ерусалимски устав.

Тропар
Пастиру Христов, оче свети, Саво преподобен, славословие на Тивката Светлина Христова, Ти, кој Господа Го прослави во светата земја, а целата вселена се напои од мудроста Божја, преку тебе посведочена, а од срцето твое прочитана. Моли се за нас недостојните, кои го почитуваме светиот спомен твој, и на Бога благодарност вознесуваме за таквиот плод на Љубовта Негова.

+++

 Икона Богородице Млекопитатељнице у Београду

 Се прославува на 25 јануари

 https://www.hilandar.org/ikona-bogorodice-mlekopitateljnice-u-beogradu/

 

+++

 

Кареја

 

Богородица „Млекопитателница“

 

 Богородица „Достојно ест“

 

 п.п.