Нема
Несакам да пишувам
песни тажни,
кои хранат очи влажни
ненамерно ги обликувам.

Немам волја
ни за разделби
испратени до душа моја
за да се повреди.

Но затоа
хартија нека носи
утехи кои даруваат
сила сe да се преброди.

Разделба всушност
не постои,
довидување е вистинитост
кое суштина сака да изнеси.         

Нема посилен страв
кој умот го вжештува
кој срцето го стега,
душата ја ранува –
од разделба безпокојна.

Разделба безверна,
разделба таговна,
разделба осамена,
онаа која нe  дарува
за пријател да немаме замена.

Така при оваа мисла
мачна, тешка,
денот нe  одминува
ноќта нe обвива.

На зимска месечина
надежта се појавува,
ја испраќа Великиот
во нас ја умножува.

Ветување разгорува
нема да не остави,
со нас до крај ќе војува
ќе скротува наши немири.

Разделба ќе унижува
пријател ќе сочува,
не заради солзи наши
ниту сила на грижи,
туку за љубов ќе си спомене
која со ништо нема да се замене.

Затоа не плаши се
о, ти мој читателе
творбата Нему му е пред се
а грешките – најпосле.

Оди сега, изми се,
зашто нов ден ќе осамне,
дали во кревет, на земја тажна
или во раце Ангелски
на ѕвезда сјајна ?



Еден Пастир
и едно стадо ќе сме,
со овој денешен миомир
душа закрепнуваме
страв изгонуваме
за пријател се молиме:

“ Здравје же и спасение
и свем благими дарование “
од Тебе Боже измолуваме
и слава Ти вознесуваме.

 

 

Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир

Друго: