Sv.Gora.karpi2.jpg

 

 Знаеш ли, дете мое,  зошто облаците се затвораат тогаш кога полињата се жедни за дожд,  а се отвораат тогаш,  кога полињата дожд не сакаат?
-Од злосторствата  на луѓето природата се збуни и редот свој го напушти!

Знаеш ли, дете мое,  зошто нивите  тежок плод  во пролет понесуваат, а јалова жетва во лето ни принесуваат?
 -Затоа што и керките го омрзнаа плодот во утробите свои и во цветот нивни  го убиваат !

Знаеш ли, дете мое, зошто изворите пресушуваат и плодовите земни сласт повеќе немаат  каков што имаа?
- Заради гревот човечки од кој немоќта  во целата природа се всели.

Знаеш ли, дете мое, зошто порази трпи победоносниот народ од неслогата своја  и од раздорот и јаде леб со солзи и со пакост загорчен?
- Затоа што ги победи крвниците околу себе, но, во себе  не ги победи !
 
Знаеш ли, дете мое  зошто мајката ги храни  и не може да ги нахрани децата свои?
  - Зашто доејќи ги не им пее песна љубовна ,  туку песна со омраза спрема соседот свој!

Monahinji.lit2.jpg

Знаеш ли, дете мое, зошто луѓето грди станаа и ја изгубија убавината на предците свои?
- Зашто образот  Божји го отфрлија,   одвнатре од душата убавината  на ликот што  ја отсликува и зашто  земен образ си облекоа!

-Знаеш ли, дете мое, зошто болестите се намножија и поморите страшни?
- Зашто луѓето почнаа да мислат, дека здравјето е грабнато од природата, а не дар од Бога.
А што со мака се грабнува, со двојна мака да се брани мора.

Знаеш ли, дете мое, зошто луѓето за земја војуваат и не се срамат на   равенството  свое  со кртиците?
- Зашто земјата им прирасна на срце, та очите гледаат само oна  што во срцето расне.  И затоа, дете мое,  премногу гревот ги изнемошти  за подвиг и  борба за небото.

Не плачи, дете мое,  наскоро  Бог ќе дојде за да уреди се`!

Свет Владика Николај Велимировиќ


Преведе: М. Даниловска