Adot.se1.jpg

СРЕДБА СО ВРАТАТА
''Тајната на сите тајни е тајната на постоењето. Каде и да се свртиме околу себе, или ако погледнеме на или во себе, се среќаваме со постоењето. Се околу нас или во нас постои, живее, трепери во ритамот на одржувањето на постоењето.
Кога секој од нас ќе се соочи со сознанието за постоењето, тогаш неизбежно му се наметнуваат две многу лични прашања:
1. Зошто сето ова постои?
2. Како сето ова почнало да постои?
Две прашања на кои секоја личност, секој човек што живее во овој свет, треба да го пронајде одговорот.
Зошто?!
Затоа што во откривањето на вистинскиот одговор зависи осмислувањето на животот и постоењето на секоја конкретна личност, како во овој живот и свет така и во вечните димензии на Божјата промисла за нас''...


... ''Тој за себе рече:
''Јас сум Вратата кој ќе влезе преку Мене, ќе се спаси...'' ( Јован 10,9 ).
Со овие зборови Тој ја откри смислата на својата мисија во нашиот свет.
Тој стана ''Врата'', Излез на целото човештво од отпаднатата и неблагословената состојба на постоење.
Излез од бесмисленоста, лагата, злото, уништувањето и распадливоста, болеста, смртта, од тоталитарното и стравичното владеење на отпаднатите ангели и нивните слуги на овој свет.
Тој стана наша победа над оној кој не лажеше и сака уште да не лаже и да не злоупотребува во својата безпричинска и гордољубива војна против Изворот на Животот.
Две илјади години Вратата е отворена и чека трпеливо да се разбудиме од огревовениот сон, да ја разбереме лагата на '' таткото на лагата'', да се отрезниме преку покајанието, да се измиеме и очистиме од гревот преку крштевањето, да се осилиме со силата на Духот Свети преку миропомазанието, да станеме едно тело со Него и со браќата и сестрите во Црквата преку причестувањето.
Две илјади години Вратата е отворена и го нуди дарум животот и одговорот за него. Две илјади години Вратата е отворена и не кани на личносна средба, не кани на трпезата на Љубовта за да не ПРЕГРНЕ и утеши. Не кани за да ни ги избрише солзите од очите ( Откр. 21, 4 ) и да не ослободи од темните мисли полни со горчина и болка. Не кани да ни каже дека ние не сме ''случајност'' , туку љубени синови и ќерки на нашиот Отец небесен.
За се благодараност на Отецот и Синот и Светиот Дух, нашиот Бог во вечноста. Амин!''
Извадок од книгата Христос од Александар Мењ

Друго:

 Проф. д-р Ратомир Грозданоски - Александар Мењ, Историја на религиите