лого

Picture

 

Додека јазикот не е зауздан, нема ништо од покајанието. Јазик во домот, јазик на работа, јазикот насекаде. Објавете скржавост на јазикот. Секој нека знае од каде треба да почне...

     Вие кажувате (многумина од вас) дека мислите ве вознемируваат. Не може да се војува против мислите доколку јазикот не е зауздан. И не се обидувајте да војувате против мислите додека јазикот дрдори и злослови. Клетва, осудување, озборување, празнословење...

   Честопати се оправдуваме со тоа дека ќе го навредиме човекот доколку ништо не кажеме. Ние забораваме дека со тоа го омаловажуваме Секадеприсутниот и Севидливиот Бог, а се плашиме да не го навредиме човекот. Подобро да се навреди овде, отколку да пати во вечноста. Нека се расплака поради тоа што ќе му ја кажеме вистината. Не треба да се плашиме да го навредиме човекот доколку тој самиот себе се навредува (секако, од расудување). А доколку се навредил - Бог е судија. Само чувајте го својот јазик. Секако, тоа важи и за оној кој сака макар малку да живее и да оди по патот на покајанието. А оној кој живее онака како што обично се живее во светот, зошто би се присилувал на таков строг живот? И ние самите знаеме колку тешко се кае оној чиј јазик е разуздан. Невозможно е човекот да ги опфати  сите гревови кои се поврзани со јазикот. Ете, пробај да ги запишеш сите лоши работи што си ги рекол во текот на денот. Невозможно е да ги запишеш. Толку зло само од јазикот. А вечерта веќе ја немаме ни молитвата. Толку ни е тешко. И се поради јазикот.

    Опитот на преподобните отци покажа дека доколку јазикот молчи тогаш и мислите ќе молчат - од тоа не треба да се плашиме - а молитва ќе имаме, само поради воздржувањето на јазикот! Тогаш веќе ќе се појават и обележјата на покајанието.

    Ние честопати гледаме големи и значајни личности како восхитувачки сакаат да молчат, како се скржави на јазикот. Ти друго размислуваат. Размислуваат полека. И скржаво, скржаво зборуваат. Што повеќе се едуцирани тие големи луѓе, толку повеќе сакаат да молчат. Неможеш од нив да извлечеш подробен и по опширен одговор, бидејќи тоа се луѓе кои живеат духовен живот, луѓе со огромно искуство кои сакаат да се спасат или сфаќаат дека Бог е секадеприсутен.

     Еднаш му реков на Карпински, претседателот на Академијата на науките - Вие баш умеете на молчите. За мој срам, јас како монах не умеам да молчам како Вас! А дали знаете што ми одговори? - Молчам бидејќи пред себе ја имам мислата дека Бог ме гледа и слуша. Тоа ме тера да молчам. Се покажа дека обичен човек од светот, претседател на Академијата на науките е помудар од секој монах.                         

Превод: ѓакон Димитар Арсовски
објавено во „Троичник“ бр. 40

Извор: БОГОПОДОБИЕ

 

 TVITer270

П.П. 2015-01-12 07:30:02