„Оној кој се удостоил да Го засака Бога, т.е. да биде возљубен од Бога, се одделува од светот, бидејќи не ја прима неговата мудрост, и светот го мрази и го исмева. Го прогласува за будала за да не ја изгуби неговата вера во својата логика и чувството за својата невиност. Така ќе биде во вековите, бидејќи нема да осамне никогаш денот кога ќе разбере народот дека овие будали не се будали, бидејќи тогаш на земјата ќе дојде царството небесно, бидејќи нема да постои ниту еден лукав за да бидат и неговите очи лукави, туку сите ќе бидат невини како деца.

Ама ова никогаш нема да се случи во овој свет, како што кажа безгрешната уста на Господ. Христос им зборува на луѓето просто и јасно, а ние лукавите се правиме дека не го разбираме. Нѐ искупи со својата смрт, ни го објави вечниот живот и нѐ поучи да се подготвуваме себеси за него, а ние го претворивме Неговото учење според нашата волја и непрестанавме да веруваме единствено само во овој живот“.

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

 Извор:https://crkvaveles.wordpress.com/2017/10/31/vozljuben-kondoglu/#more-1580

 

„Споделувај. Не кради“.