TVIT783

Грешките во исповедта или зошто не треба премногу да размислуваме за нашите гревови

                 Во психологијата постои концепт наречен „рефлексија“. Самиот збор „рефлексија“ доаѓа од латинскиот reflexio, што се преведува како „враќање назад“. Во психологијата и философијата, овој термин значи свртување на умот кон сопствените постапки, односно кога со помош на мислите се обидуваме да го разбереме сопственото расудување. А тоа, секако, подразбира навлегување во себе, во нашето минато, кое го сфаќаме преку искуства и сеќавања. За еден православен христијанин, анализирањето на сопствените гревови и разбирањето на нив е природен и правилен процес. Но, тука има едно „но“.
               Што значи тоа? Човекот почнува многу да размислува за своите гревови, да ги анализира, да си ги претставува, да ги разгледува во сите нивни детали, во однос на неговите други грешки и постапки, на неговиот внатрешен свет (мисли, чувства, емоции) и на надворешниот свет (дејства на луѓе, околности, настани, итн.). Како резултат на тоа, тој тоне во еден вид ментално-емотивен лавиринт во кој талка (оттука, патем, доаѓа првобитното значење на зборот „блуд“ - скршнување од патот, талкање) и не може да најде излез од тоа.

TVIT784
                И неговиот живот станува кошмарно талкање во овој лавиринт на огнени сомнежи и колебања. Покрај тоа, таквата личност се обидува да се спријатели со ѓаволот. Да се потсетиме дека сатаната, иако паднат дух, некогаш бил најмудриот меѓу ангелите. И во извесна смисла ѓаволот и демоните се многу помудри од човекот. Главната задача на демоните е да го испратат човекот во пеколот. И бидејќи тие немаат моќ и власт над човекот, сатаната се обидува ментално или емоционално да го турне на грев. Во светоотечката литература ова се нарекува прилог.
            Според мене, прилогот може многу прецизно да се спореди со продолжување на косата во фризерството, кога во косата на човекот се вткаени туѓи влакна. Сатаната и демоните работат на ист начин. Тие ја вплетуваат својата злонамерна мисла или емоција во мислата или емоцијата на личноста - многу тивко и внимателно, како незабележано. А гордиот човек (од оваа духовна болест, како што велат светите отци, сите страдаме, а таа е мајка на сите гревови) може да ја прими ѓаволската мисла за своја. Ова е главната цел на сатаната. И ако тоа се случи, ѓаволот ќе се обиде со сите сили да го скрши човекот и да го одврати од патот на спасението. Еден од облиците на ѓаволско угнетување е сатаната да го натера човекот да талка што е можно подолго и бескрајно во себе низ лавиринтите на сомнежи, колебања, таги и очај, за конечно да падне во очај, целосно да ја напушти христијанската вера (Јас лично знам такви случаи) или да направи нешто уште полошо.

Затоа, вреди да си припомнеме на следниве правила:

TVIT781
     1. Не доверувај се на себеси. Не им верувајте на вашите мисли, чувства, емоции. Сите тие се проткаени со гордост, преку која сатаната ќе се обиде да доминира над човекот и да си игра со неговите емоции како да свири на музички инструмент.
      2. Запомнете дека секој (вклучително и вие) е потенцијално способен да изврши било каков грев. Затоа, живејте внимателно и претпазливо. Како што Спасителот постојано рекол во Евангелието: „Бидете будни! И ако паднеш во грев, не очајувај. Стани, покај се и оди по патот до Царството Небесно“.
    3. Не се задржувај премногу на своите гревови. Твојата задача е да ги видиш.. Присети се на молитвата на свети Ефрем Сирин: „Господи, Цару, дај ми да ги видам моите согрешенија“. Си направил грев, си го препознал, а потоа - веднаш, во себе, како да си во храмот - принеси му покајание на Бога. Запомни си го гревот (можеш и да го напишеш на лист) за да му го исповедаш на духовникот за да го „изгладиш“ еднаш засекогаш. Тоа е се. Не се задржувај на гревот. Продолжи да одиш. Како што вели свети апостол Павле: „Заборавајќи го она што е зад мене и напорно стремејќи се кон она што е пред мене, трчам кон целта - кон наградата на високиот Божји призив во Христа Исуса“ (Фил. 3,13-14). Кон горниот свет, кон спасението!
     4. Преподобниот Јован Лествичник советува: „Победи го гревот со спротивната добродетел. Ако сте лути на некого, обидете се да се молите за него и да му правите добро. Обидете се да го сакате. Ако се препуштате на црвоугодие - со воздржание и така натаму“.
    5. Проверувај ги сите свои мисли, чувства и желби со Божјите заповеди. Ако одговараат на нив - смело прифати ги. Ако не одговараат на нив - веднаш отфрли ги. Скршете го семето на вашите страсти во каменот на исполнувањето на Божјите заповеди и учеството во Црковните Тајни - во животот на Црквата (види: Пс. 136, 9).
И не создавајте во вашиот ум „минотауров лавиринт“ од вашите сопствени рефлексии. Затоа што таму може да наидете на чудовиште кое ќе ве проголта и ќе запали толку силен оган од разни опсесии и заблуди што нема да можете да го изгасите. Живеј лесно и летај на крилјата на Светиот Дух кој работи во Мајката Црква. Летај лесно низ животот над мочуриштето на предавнички страсти кои сакаат да те проголтаат.

TVIT782
               Фрлете ја својата тага на Господа и Тој ќе ве поткрепи (види Пс. 54:23) - ова треба да биде вашето мото. Нема да успеш сам. Ќе потонеш. И Господ со Неговата Мајка, ангелите и сите светии сигурно ќе те избавар и спасат од сите неволји. Главната работа е што треба да верувате не во себе, туку во Него.
              А да се живее, како што пишува свети Амвросиј Оптински, едноставно: „Каде што е едноставно, има сто ангели, а каде што има мудрост, нема ниту еден“.

TVIT780


протоереј Андреј Чиженко / pravoslavie.bg/

 

TVIT786
За Преминпортал Симеон Стефковски

 

 8ми септември 2023 лето Господово