Naum3.Lit

Божествена Литургија во манастирот во Велјуса (10.09.2023 11:07)

Денес, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи Божествена Литургија во манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“, во Велјуса. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.

Naum3.Lit1

Што е тоа свадбена облека? (види: Матеј 22, 1–14) Во зависнот од тоа на кој степен од духовниот развој се наоѓа човек, свадбената облека што се бара ќе биде различна.

За оној што се наоѓа на степенот на очистување на срцето од страстите, свадбената облека ќе биде ставањето на умот во процес на исцеление преку послушание кон духовниот отец, туѓинување и анонимност.

За оној што се наоѓа на степенот од просветлување на умот, свадбена облека ќе биде подвигот во умно-срдечната молитва и љубовта кон непријателите; итн.

На оној што отпаднал од Црквата преку чинење грев, главен дел на свадбена облека би требало да му биде покајанието и исповедта.

А на оној што е надвор од Црквата, верата и Светото Крштение. Свадбената облека што се бара ќе биде различна и поради местото и улогата што верниот ги има во Црквата и општеството. На пример, за Епископот тоа е обоженоста, а за презвитерот – просветленоста на умот.

Слично е и за оние што заземаат највисоки позиции во државата. Чувте што му се случи на оној што немаше свадбена облека, иако Господарот на свадбата, сепак, му даде можност да се спаси и во тој последен час, обраќајќи му се љубовно со зборовите: „Пријателе, како влезе овде, необлечен во свадбена облека?“, и трпеливо чекајќи го неговиот одговор. Но, овој молчеше. А требаше да рече само едно „прости“. Кога би се обидел со еден збор да ја опишам состојбата на немање свадбена облека, тоа би бил зборот – неблагодарност.“ - дедо Наум

Naum3.Lit2

Naum3.Lit3

Naum3.Lit4

 

http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7864