Интересирањето за многу работи честопати е плод на гордоста и храна за самољубието.
Тоа се само стапици на злиот дух кој, гледајќи дека кај некои постои силна волја да живеат со духовен живот, се обидува да ги сопне со љубопитност и така да завладее со нивниот ум и со нивната волја. Поради тоа, им уфрлува, особено на оние кои се поспособни и понаклонети кон философирање, високи и прекрасни мисли. А тие, занесувајќи се со задоволството да расправаат за високи работи, забораваат да ја чуваат чистотата на срцето, смирено да мислат за себе и да ги совладуваат страстите.
Врзани со синџирите на гордоста и самоувереноста, создаваат од својот ум идол и малку по малку доаѓаат до уверување, а тоа и не го забележуваат, дека повеќе немаат потреба за советите од другите, па во секоја пригода прибегнуваат кон идолот на сопственото расудување.
               Тоа е многу опасна и тешко излечива болест. Гордоста на умот е многу полоша од гордоста на волјата. Зашто умот е уште во состојба и да ја излечи гордоста на волјата, но кога тој гордо ќе се увери дека она што тој го мисли е најдобро, кој ќе го разувери?
Може ли да послуша некого кога е уверен дека мисли по правилно од било кој друг?
А кога тоа око на душата , со помош на кое човек би можел да ја увидува и да ја поправа гордоста на волјата, самото е ослепено со гордоста и не може да се излечи, кој ќе ја излечи и волјата?
И тогаш во човекот се постанува растроено , па нема кој да стави мелем.
Затоа, ете, потребно е да поведеш борба против гордоста на умот, пред таа да земе замав. Стани против неа, зауздувај ја и покорно потчинувај го своето мислење кон мислењето на духовникот. Биди скромен од љубов кон Бога, ако сакаш да бидеш помудар од Соломон.
Ако некој меѓу вас мисли дека е мудар на овој свет, нека биде луд за да биде мудар (1Кор. 3,18).


Преподобен Никодим Светогорец