За Исусовата молитва (јули 1982)

skit.jpg

Отец Никодим, вие брзо ја вртите бројаницата?

Не, не брзо. Како што дишам. За во вдишувањето и издишувањето да е собере Господе Исусе Христе, помилуј ме.

Молитвата ја кажувате седејќи? 
 
Во почеток стоејќи: Цару небесен, Свети Боже, Оче наш, Помилуј ме, Боже, Символот на верата. А потоа седејќи, или со поклони.

Рековте дека молитвата ја кажувавте заедно со старецот (Теодосиј).

Заедно, заедно. Умната молитва не на глас, туку истовремено. Тој во ќелијата, а јас во црквата. Така се договоривме.
Во почетокот старецот не се занимаваше со умна молитва. Ги вртеше бројаниците, онака како што е прифатено во Пантелемонскиот манастир: на утрена, бројаница од 33. При работа исто така се врти бројаница: еден изговара молитва, а другите слушаат. Така беше и кога дојдов кај старецот, во почеток така заедно се молевме.
Воопшто, вечерната ја читавме по книги, а утринската по бројаница. Гледам, тој својата молитва на бројаница мошне бргу ја завршува. А јас својата не ја завршувам. Наутро треба 33, а јас завртувам 18 јазли. „Ти спиеш – вели, – ти спиеш!“ А јас не спијам! Се снаоѓам: „Вие, батјушка, сигурно нешто пропуштате. Раката ви е слаба. Пропуштате јазли. Пробајте да ја земете бројаницата во другата рака!“ Успеав да го убедам. Тогаш тој одлучи да не се моли на бројаница, туку на саат: наутро се моли два часа. Јас ретко така се молев. Потоа сосема престанавме да се молиме по книги. Сè на бројаница.
 По ова, добив аритмија на срцето. Старецот уште беше жив. Срчева мана. Пулсот неуедначен, не можеш да  го фатиш тактот на молитвата. Се натажив. И тогаш ми дојде мисла: „Знаеш каков ти беше тактот порано, таков и нека остане.“ Така и се молев за сето време, макар што аритмиите продолжуваа – беа сè почести.
 Се случуваше, по смртта на старецот, да се молам лежејќи. Срцето веќе мошне слабо работеше. Пулсот чука сосема тивко, и јас заспивам. Каква несреќа за мене! Што да правам? Седнувам, и ми се приспива. Станувам – ме болат нозете. Старост...
 Порано се молев срдечно, од срце. Тогаш не можеш да заспиеш. А штом ќе престанеш да се молиш со срце, ти се спие. Св. Јован Кронштатски говореше: „Земи го срцето свое како со рака, и држи го.“ Така и правев. Лежам на грб и срцето го држам со умот како со рака; држам и не го пуштам. По цела ноќ така лежам, а потоа наутро станувам и одам да се причестам – така силно одеше молитвата. А потоа легнувам и не можам да го задржам срцето. Во тие мигови не се ни поместував, не се ни свртував – како замрзнат.
 - Ми се чини дека е тешко да се концентрираш кога стоиш и кога одиш. Тешко  е да го задржиш вниманието.
 Може стоејќи. Треба вака да стоиш: без поместување, со вовлечен стомак, со стегнат појас, испавен и со раширени рамења. Тоа е мој додаток.
 Човек може да се учи на молитва само ноќе: секоја ноќ, кога легнуваш да спиеш, одвои половина час, со внимание, така да не ì попуштиш на ниту една помисла. Треба да одвојуваш: „Господе“ ... „Исусе“ ... „Христе“ ... „помилуј“ ... „ме“... Тогаш   помислата нема каде да проникне, зашто оди збор по збор. Штом ќе кажеш „Господе“, вниманието веќе го дочекува следниот збор „Исусе“...

 - А сликите?

 Човек треба да се моли во градите, а сликите се во главата, во фантазијата. Држи го вниманието во градите и ќе нема слики. Помислите ни се под челото, а сеќавањето во тилот. Св. Јован Дамскин пишува за тоа. Ако се молиш во главата, таа е полна со помисли. Вниманието трба да се спушти. Во самата длабочина на срцето  не можеме, срцето е длабоко, но во гркланот  можеме. Таму каде што здивот лесно  минува, таму треба да застанеме. Кога ќе се спуштиш на тоа место, помислите прстануваат! Тука запри се! И прави мали паузи меѓу зборовите... Тоа е добро со дишењето! Исихијата вели: „Молитвата соедини ја со дишењето“, односно, како во опитната молитва, кога земаш воздух: „Господе... Исусе.... Христе...“ – во себе, а „помилуј ме...“ – од себе. И за сето време така. Тоа е добар начин за воздржување од помисли.

- Говоревте за молитва од пет збора...

Григориј Синаитски за почетници препорачува само пет збора... А јас и сега сум како почетник. Пет збора. Така навикнав. А може и да се промени: „Сине Божјиј, помилуј ме... Сине Божји, помилуј ме...“, па потоа „Господе Исусе Христе, помилуј ме... Господе Исусе Христе, помилуј ме...“ Пет збора. Така полесно се одржува вниманието. И задолжително одвојувајте. Сосема мали паузи: „ Господе ... Исусе ... Христе... помилуј ... ме“.

- Може ли, како што порано рековте, човек да се моли половина час сконцентрирано, а потоа во оној облик кој го практикувате кога стоите или одите или со работа?

Подобро е со поклони до појас. Три бројаници. Тоа е приближно половина час. Со внимание. А кога ќе се легне и зспие со молитвата – тогаш таа самата продолжува. И кога човек стои и кога лежи, вниманиетоо треба да е на гркланот. Ако вниманието не биде таму, ќе биде во главата. А таму се помислите, сеќавањата. Главата ни е полна со сеќавања – главата и фантазијата. Ќе лежиш и ќе видиш секакви слики.

- А кога, стоејќи на молитва, ја вртите бројаницата, дали и тогаш молитвата ја соединувате со дишењето?

Да, со дишењето. Така сум навикнал. Јас веќе не можам да се молам без дишење. И кога одам – секогаш со дишење.

- Зарем не е потребно да се води сметка за специфичностите на секој организам? Во свое време зборував со вас и со отец Серафим за тоа дека ми останува премногу воздух кога седам и се молам со молитва од пет збора. Вие тогаш ме посоветувавте дека е подобро да користам молитва од седум збора, за да не ми останува толку многу воздух.

Еве за што се работи. Дојдов во вакво искушение: ја научив молитвата со дишење, но веднаш штом ќе  земам воздух, ми доаѓаше да го исуштам... Треба човек да се прилагоди: да земе онолку воздух колку што може да издише. На три збора земај воздух, а на два испуштај го. Толку воздух треба да има. Ако земеш  многу а испуштиш малку, тогаш останува. Треба да се научи ова: колку си вдишал, толку издиши.

- Тоа треба специјално да се вежба?

Nikodim.jpgТреба човек да се навикне. А кога вдишуваме пократко одошто издишуваме, испаѓа штетно. Потребен е ритам. Колку време за вдишување, исто толку и за издишување. А ова се случува само кај болните: тие секогаш имаат кратко вдишување, а долго издишување. Од долгото издишување целото тело  слабее, станува беспомошно, се јавува мрзливост.

- Како да се постигне да не се заспие на молитвата? Јас секојдневно потклекнувам и заспивам.

Треба да се стои и да се прават поклони. Ако седиш на столче... не, тоа нечини: треба да станеш! А еве како треба да се седи а да не се заспие: рашири ги рацете и држи ги така додека не те заболат. Тогаш сонот ќе  те одмине. А ако има луѓе, исправи се, еве вака, да не видат, и сонот ќе се оддалечи. Доколку ги опуштиш градите, бргу ќе заспиеш. Ако го распуштиш стомакот и ги опуштиш градите, веќе си како партал, како стара баба, и те фаќа сон.
Потребна е бодрост! Бодрост и трезвеност. Во телото бодрост, во срцето трезвеност, а во умот – внимание. Бодрост – тоа е напнатост на мускулите. А трезвеноста на срцето? А таа е во одржувањето на слабиот здив. Не треба да се дише смело, туку тивко, најтивко. Во тоа е трезвеноста на срцето. А вниманието, тоа е – со умот да се набљудуваат зборовите на молитвата и Господ. Тоа е внимание. Едното од тие нешта не може да постои без другите две – само сите три заедно: бодрост, трезвеност и внимание.

Од книгата: „Светогорски молитвени дневници“

 Подготви: д-р Драган Михајловиќ

Посети:{moshits}