TVIT4


Црквата изградена на местото на кое е убиен Св. Стефан - Грчка православна црква во Кедронската долина, од спротивната страна на Лавјата Порта на Стариот град.
Оваа црква е посветена на Свети Стефан, прв од христијанските маченици во 35 год. од н.е.
            Црквата на Св. Стефан била изграден од страна на византиската царицата Евдоксија, жената на царот Теодосиј II, и се претпоставува дека е на местото на мачеништвото на свети Стефан. Осветена е во 460год. н.е.
Црквата била толку голема што може да прими до 10 илјади луѓе.
Од првобитната византиска црква преживеале само темелите на старата базилика, откриени од страна на археолозите во доцниот XIX в. Современата црква била изградена во 1930 година на урнатините на византиската црква.

 

Извор: Православие мк


Јануари 2023 лето Господово