Аваа Пимен рече:
„Ако троица монаси се заедно, па едниот од нив вистински тихува, вториот боледува и благодари за тоа, а третиот служи со чисти помисли, сите троица имаат ист подвиг.“


Говореше пак авва Агатон:
„Да можам да најдам некој лепрозен и да му го дадам своето тело, а да му го земам неговото, би бил среќен. Зашто тоа би била совршена љубов.“


Аваа Исак се разболе и од голема болест и долго остана болен; а братот му подготви малку каша и во неа стави капинки; и Старецот не сакаше да ја вкуси. А братот почна да го моли говорејќи:„Земи малку, авво, заради болеста.“
А Старецот му рече: „ Навистина брате, во оваа болест сакав да останам триесет години.“

 

 пп