6d6152125e6ee3ba09c35fb954a29e3b

“Се вовлекувам во разговори и паѓам во гревот на осудувањето. Се трудам да не осудувам и злословам. Додека молчам – ништо, но штом проговорам, како некакво помрачување да ме спопаѓа. Додека се опоменам, веќе сум се назборувала и злословила и осудила.“

***

Се разбира, за тоа не следува да ве пофалам. Но, таа непохвала многу се ублажува од тоа што и самата си ја забележувате својата немоќ и имате желба да се избавите од неа. Продолжете така. Секој пат штом го забележите тој недостаток, управите кон себеси заслужена опомена кога сте сама, и заедно со тоа размислите како да направите така што да ги водите вообичаените и дури весели разговори без да му дозволите на јазикот да се отклонува по тој не сосема чист пат. Кога така ќе се трудите и ќе пробате неколку начини, на крајот ќе стигнете до навиката да не осудувате. Поттикнете се на тој труд со верната мисла дека со ништо друго толку не Го оскрбувате возљубениот од вас Господ, колку со тој грев, бидејќи си ја присвојувате Неговата власт. И себеси со ништо друго не се подложувате да бидете осудена така, освен со тоа, бидејќи кога ги судите строго другите, и самата си навлекувате строго осудување. Бидејќи со каков суд судите, со таков ќе бидете судени (Мат. 7:2). Почесто читајте ги тие и дурите слова на Господа напишани таму.

Се разбира, лошото не може да се нарече добро. Но, кога го гледате тоа, не треба да ги осудувате братот или сестрата, туку да ви биде жал за нив и, кога ви е жал, да се молите од срце Господ да ги вразуми и отрезни, и да им даде сила цврсто да застанат во таквиот начин на живот, кој го бара нивната положба. Ако, штом ги забележите грешките на другите луѓе, мислите ве наведат во таа насока, тоа ќе биде дело на љубовта. Впрочем, за време на разговор не е секогаш умесно да се изрази тоа; но, секогаш може да се најде нешто ублажувачко и оправдувачко. Заштитата исто така ќе биде дело на љубовта. Или подобро да ги прекинувате таквите разговори, со тоа што ќе ги насочите на други теми. Ако не умеете, можете да замолчите, додека потокот на осудување допре, внатрешно молејќи се за осудуваните. Ние со вас нема да го смениме мислењето на другите, но можеме и должни сме да го смениме своето.

Извор: Света Гора – Зограф

 

Преземено од: Маран Ата