3.angeli.so.truba

Кратки поуки -
св. Пајсиј Светогорец:

- Кога некој прославува именден, посакајте му го следново: Да живееш многу и богоугодни години.

- Здрав е оној кој добро џвака, а не оној кој многу јаде (ова се однесува на духовното учење).

- Ние треба да правиме се што е во човечките можности. Она што ја надминува нашата сила, треба да го оставиме во Божји раце.

- Колку ќе беше среќен Бог, ако ѓаволот се покаеше!

- Многу е себично да мислиме дека сме способни да ги поправиме другите луѓе.

- Нашите ближни кои се упокоиле копнеат по нашите молитви, како што затворениците копнеат за посетите на своите роднини.

- Наша должност е болката на нашите ближни да ја направиме своја.

- Доброто е добро само тогаш, кога е направено на добар начин.

- Колку повеќе човекот се соединува со Христа, толку помал страв чувствува.

- Слава на Бога! Кога ќе кажете „Слава на Бога“, сите демони бегаат.

 

 Избор од фб профил на Оливера   Соколова Македонска