Hristos.Spasuva2


Бог безгранично го љуби човекот. Нему многу добро му се познати проблемите на секого од нас и сака да ни помогне и пред да Го замолиме за тоа. Бидејќи е семоќен, нема тешкотии кои Бог не може да ги надмине, со исклучок на една. Тешкотија со која Бог се соочува и јас тоа го повторувам, е само една, т. е. Он „не може“ да ни помогне, доколку нашата душа не е смирена. Бог „тагува“, зашто го гледа Своето создание како страда, а „не може“ да му понуди било каква помош. Дури и да му понуди нешто, со тоа ќе му наштети на човекот, бидејќи неговиот ум не е смирен.
                Cé што му се случува на човекот, потполно зависи од неговото смиреноумие. Ние, на пример, гледаме како човекот се бори и на крајот се случува да биде потчинет на некоја своја страст. Бог допушта тоа да се случи само од една причина, односно, затоа што неговата душа е исполнета со суетни помисли и гордост. Човекот можеби ја мрази таа страст и напорно се труди да се ослободи од неа. Меѓутоа, тој ништо нема да постигне, зашто Бог не му помага и нема да му помогне се додека не стекне смиреноумне. Иако човекот ја мрази таа посебна страст, потчинет е на својата гордост, а тоа е страст која го вовлекува во сите останати страсти. „Гордоста е причина за секоја страст“, вели свети Јован Лествичник.


Старец Пајсиј

 2023

Православен Источник