SV.Efrem.Filotejski.k

Пророштва на старец Ефрем
              Старец Ефрем ја предвидел својата смрт, велејќи дека ќе отиде на небото пред Нова година, што и се случило.
Според овој монах, во моментот на неговата смрт, Атон ќе биде пред раскол, а два месеци подоцна ќе почне војна, страв, какви светот сè уште не видел!
Целта на текстов не е да се потврди или негира ова пророштво и секој е слободен да одлучи во што да верува.
               Да се потсетиме повторно на зборовите на Господ Исус Христос во Светото Писмо:
„Никој не го знае денот и часот на моето второ доаѓање, освен самиот Отец!“
Но, и покрај скептицизмот, сакаме да го свртиме вниманието на уште еден пример за прозорливост на старец Ефрем.
Неколку дена по смртта на старец Ефрем, во манастирот Свети Антониј во Аризона, монахот Илија одмарал по напорниот ден.
Таа ноќ, во сон му се јавил веќе упокоениот старец Ефрем и тогаш му рекол:
„Не грижи се, ќе бидеш со нас наскоро“.
Шест дена подоцна, отец Илија се упокоил во Господа.
+++
              Доаѓаат многу тешки денови, антихристот веќе е на земјата.
Обрнете внимание на својата душа. Обединете се и ставете се во подвиг. Старец Ефрем излезе од изолираност. Нему Господ му одговори. Старецот молеше од Господ да го продолжи времето, но Господ рече дека антихристот веќе е на земјата и дека сé започнува оваа година.
            Нашето време е темпирано. Нé очекува тешка година и опасност за време на нашиот престој на земјата. Разбеснетиот сатана сака да нé проголта и да нé однесе во пеколот. Благочестивиот човек ќе се спаси и ќе ги избегне неговите заби и ќе се искачи на Небото.
             Од година во година ситуацијата се влошува. Сé повеќе има грешници и блудници, гревот се множи. Таквата состојба не може да трае и ќе дојде Божјиот Суд. Затоа мораме да побрзаме да им помогнеме на нашите ближни да ги сакаме и љубиме.
Мораме да им помагаме на нашите блиски, но и на нашите браќа и сестри во Христа, да им помагаме во нивната болка и страдање. Ние сме сигурно заштитени ако сме под заштита на Пресвета Богородица, а во опасност сме ако живееме под јаремот на постојан грев кој е во моментов во пораст во светот.
+++

 7ми декември 2023 лето Господово

 

Православие.мк

3.angeli.so.truba