Непријателството

Постојат две работи кои на нас го навлекуваат гневот Божји кој нè оптеретува и притиска: непријателството кон другите и похотта,од кои ова првото добива повеќе места. Повелете потрудете се да пронајдете преку што сè се покажува ова во вас, и тоа без размисување да го пресечете, ма колку и да изгледало оправдано. Наместо кон луѓето, непријателството сега насочете го кон она преку кое тоа се манифестирало во вас, и исфрлете го тоа надвор. Дали сте биле во прилика да ги прочитате или чуете  зборовите на Апостолот: Срцето мое се раширило кон вас? Така и вие раширете го своето срце и заради тоа добијте го тоа што го барате и сакате.

Сластите

Срцето треба да се чува, да не се приљуби за светските сласти.Вкусувањето на тие сласти го гасне огнот на Духот, додека учеството во  нешто без ова вкусување, не го гаси тој оган туку само го распалува.
Чувајте се да не почувствувате наклонетост кон сластите и да не ги посакате. Таа желба е грешна и мора да ја вознемири совеста... а потоа, таа ја одзема смелоста пред Бога. Двигател на сè тука е срамната сласт. Сама по себе таа не е грешна... но грешно е сочувството со неа, попуштањето и согласноста за нејзино понатамошно останување – овде не станува збор за потполн грев, но станува за нечистотија... духовна. Понекогаш сеќавањето на сласта истиот час ја покренува и самата сласт. Ако се одбие веднаш, на сè е крај... ѓаволот е совладан... и за тоа следи венец.
Главно е – да не се допушта сочувствување и ни за јота да не се допушта наслада со сласта... Потоа треба да следи одбојност кон таа сласт... А кога постои тоа, тогаш чистотата не се нарушува и нема ни сенка нечистотија...
Вие сакате да се гушите во духовни сласти... Тоа раслабуба и разнежнува. До она што радува, секогаш треба да се држи она што трезни... Љубов и страв – треба да биде засстапено и едното и другото... Апостолот ни заповедал со страв и трепет да го постигнуваме своето спасение... Нека Господ нè избави од духовното сластољубие. Љубете го она што трезни. Срце скрушено и смирено.

Stefan.Petkovden.jpg

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.