arh.Maksimilijan.Beli.noki.jpg

 

Самоодрекувањето

 


 Повелете, запомнете: дека од моментот кога ќе се разбудите , па додека не отидете на одмор, цело време треба да се однесувате така што цел ден да представува непрекинлив ланец од дела на самоодрекување и тоа сè заради Господ, пред Неговото лице и во Негова слава. Делата на самоодрекување не се ништо огромно, туку се одвиваат меѓу вообичаените човечки дела и се состојат од внатрешни одлуки и движења на волјата. Можат да бидат присутни под секој збор, поглед и движење, под секоја ситница. Нивна карактеристична црта е – да не се допушта самоугодување ни во малото ни во големото и во сè да се оди наспроти себеси.


 Главно е самоодрекувањето: „Нека се отфрли себеси секој кој сака да оди по Мене“ – рекол Господ. Се бара потполно одрекување од својата волја, своите мисли, своите желби, од секакво самоугодување – во храна и пиење, во сон, во избегнување напор, и друго строго самоодрекување. Тоа е вистински монашки живот.


Во мислите оди по Господ Кој страда и со своето размислување од сè извлекувај такви претстави, кои би можеле да го погодат срцето и да му овозможат да ги почувствува страдањата кои ги поднел Господ. За ова последното што поуспешно да би се остварило, потребно е човек самиот себе да се направи страдалник преку свесно намалување на храната и на сонот, и зголемување на напорот на стоење и преклонување на колената. Исполни се што прави Светата Црква, па ќе бидеш добар сопатник на Господа на патот на страдањата.


Немилосрдност кон себеси. Повелете засакајте ја... и не испуштајте ја од себе... Немилосрдноста создава внатрешен крст, а тој овозможува сораспнување подрај Христос Господ, за што Господ веднаш ќе награди со духовно богатство... утеха, жива сила и подготвеност за секаков напор. Тоа е и средство за недопуштање и прогонување на духот на мрзливоста, ладноста и безживотноста... Одете секогаш наспроти себеси и не давајте си мир, посебно не преку телесна наслада...


Кој сака да оди по Мене нека се одрече од себе, нека го земе крстот свој, и нека оди по Мене (Мк. 8, 34). По Господ крстоносецот не може да се оди без крст; и сите кои одат по Него, неизоставно одат со крст. Каков е тој крст? Неудобности од секаков вид, тешкотии и жалости кои на патот на совесното исполнување на заповедите Господови, преку животот во духот на Неговите наредби, притискаат и однадвор и одвнатре. Таков крст е толку својствен на христијанинот, што каде што има христијанин, таму е и тој крст, а каде што го нема тој крст, таму нема ни христијанин. Лесен живот и утехи во било кој поглед не приличат на вистинскиот христијанин. Негова задача е да се очисти себеси и исправи. Тој е како болен кому е потребно час спалување на раните, час одескување, а како тоа да помине без бол? Тој сака да се ослободи од ропството на моќен непријател, а како тоа да помине без борби и рани? Тој мора да се спротистави на целокупниот начин на живот на својата околина; како тоа да се издржи без неудобности и тешкотии? Радувај се кога чувствуваш дека си на крстот: зашто тоа е знак дека одиш по Господа, по патот на спасението, во рајот. Претрпи малку. Блиску е крајот и венците!


Царството Небесно со напор се освојува, и подвижниците го задобиваат (Мт. 11, 21). Царството се задобива тешко, со приморување, труд, напори и тешки подвизи; затоа до него и стигнува само оној кој води напорен, подвижнички живот. На патот во Царството потребно е одрекување од утехи, зашто било какви утехи оддалечуваат од Царството; ние пак денес само за утехи се грижиме и тоа ретко душевни, туку повеќе телесни: да јадеме, пиеме, да се веселиме и да живееме во раскоши. А за Царствот сме рекле: те молам, извини ме, иако таму е царска гозба, кој никој не може ни да помисли да га подготви, зашто ние немаме таков вкус. Она што таму се смета за слатко, нам ни е горко; она што е таму пријатно, нам ни е непријатно, а она што таму весели, нас не оптеретува – во потполност сме се разминале. Така Царството се одделува од нас, заедно со подвижниците кои го задобиваат.

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.

 

   Св.Теофан Затворник : 1.Молитвата – дишење на духот (Речник на христијанскиот живот - 69)


 Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

Подготви: Златко  Дивјаковски