Според дефиниција, молитвата е облик на обраќање кон Бог, по пат на воспоставување на однос со Бог, боженство, односно со божица, или со богови. Православните и католиците обично се молат и на светците, Марија и ангелите чувари.

 

  ruskacrkva.jpg

 Неодамна руските научници од универзитетот во Санкт Петерсбург материјално докажале дека чудесните излекувања се поврзани со духовноста и откриле голем број телесни и душевни промени кои човекот може да ги доживее во моментот на молитва или верски обред. Научниците докажале дека кај верникот кој е продлабочен во молитвата потполно е исклучена мозочната кора, а тоа ги означува потполната сигурност и отсуството на стрес.

Молитвата – лек против негативно размислување

Професорот Слезин успеал да ја измери моќта на молитвата и востановил дека кај монахот кој се моли потполно е исклучена мозочната кора, што е забележано само кај децата на возраст до три месеци кои се сигурни во близина на својата мајка. Како што растат луѓето, чувството на сигурност се повеќе се намалува, а се зголемува мозочната активност. Активноста се смалува единствено за време на длабок сон и молитва,  а тоа добро влијае на луѓето.

Молитвата е моќен лек не само за регулирање на сите процеси во човечкиот организам, туку ја обновува и уништената структура на свеста, тврди Валери Слезин, директор на Лабораторијата за невропсихофизиологија на Институтот за истражување и развој на психоневрологија во Санкт Петерсбург.

Повеќето болести се предизвикани од негативни ситуации и умно потенцирани проблеми кои за време на молитвата се повлекуваат или дури потполно исчезнуваат. Научниците докажале дека по мисата и другите верски обреди се нормализира крвниот притисок и другите вредности измерени во крвта.

Наводно е докажано дека и звукот на ѕвоната ги убива вирусите, а светата вода ги менува своите својства на излекување  зависно од степенот на верување на верниците што всушност е само додадок на теооријата за „помнење на водата“.

Извор:  http://denesen.mk/web/2013/02/16/ruskite-naucnici-dokazale-molitvata-ima-cudesna-mok-na-izlekuvanje/