Грчки митрополит издаде циркуларно писмо против практикувањето на јогата
12. 06. 2013 година



Митрополитот на островот Хиос Марко ја окарактеризира јогата какоjoga.jpg несместлива во христијанскиот живот. Грчкиот владика истакнува дека јогата не е гимнастика, туку „религиозен систем на медитација“. Во своето циркуларно писмо до жителите на островот Хиос тој нагласува: „зарем може некој да ги одвои практичните вежби од нивната религиозна содржина и контекст? Можеме ли да се изолираме од целта со којашто тоа се практикува? Со сигурност не. Сфаќањето на јогата само како вид гимнастика е погрешно и тоа бидејќи:

1.Таа претставува фундаментална и суштинска карактеристика на философијата на хиндуизмот;

2.Нејзиниот религиозен карактер не може да биде одделен од претпоставките, содржината и целите на вежбите;

3.Нераскинливо е поврзана со антихристијанските ставови за реинкарнација и;

4.Таа претставува антропоцентричен опит за самоспасување преку техники и вежби“.

Според грчкиот митрополит покрај ова, јогата е уште и опасна по здравјето. Тој се повикува на информации од енциклопедијата, според кои „практикувањето на јогата во човекот создава не сосема физиолошки својства и парапсихолошки состојби поради спротивставувањето на одделни телесни и умствени дејности“. Во циркуларот уште се вели: „основен белег на нашата епоха е набљудуваното мешање и помешување на различни аспекти на човечкиот живот. Карактеристичен пример на духовно и егзистенцијално помешување е фактот дека јогата којашто е основен религиозен систем за медитација и техника на хиндуизмот во нашата земја во Европа и во САД се рекламира како гимнастички вежби кои даваат решение на мноштво проблеми предизвикани од стресниот начин на живот. А, што всушност е јогата? Зборот јога произлегува од санскритскиот збор yuj – соединувам, што означува соединување на индивидуалната душа со безличниот Еден Апсолут на хиндуизмот (P. Schreiner. Yoga. - Wörterbuch des Christentums, 1995, S. 1376). Тоа соединување се смета за ослободување и спасение на човекот од неговата карма, т. е. од последиците и резултатите од неговите извори и дејства во неговите претходни животи“.

  • Извор: www.dveri.bg