ЧЕТВРТИ  МЕЃУНАРОДЕН ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ЗА ДУХОВНИ И ХУМАНИ ВРЕДНОСТИ


"БОГОРОДИЧЕН ПОКРОВ"

 

Четвртиот по ред Меѓународен филмски фестивал за духовни,  хумани и културни вредности "Богородичен покров", годинава ќе се одржи од 14 до 19 октомври 2019 година во Скопје, во Кинотеката на Република Македонија. 

Свеченото Отворање на Фестивалот е на 14 октомври / понеделник во 18.00 часот во Кинотеката на Република Македонија.  На отворањето ќе биде прикажан овогодинешниот руски игран филм Варава,  во кој за прв пат филмски се говори за разбојникот Варава, кој беше ослободен и на негово место беше распнат Господ Исус Христос, и за настаните кои потоа се случуваат во неговиот живот. Овој филм има само една промотивна проекција во Македонија на овој фестивал.
 

Од  фестивалот ќе  биде упатен Апел до сите медиумски, филмски и продуцентски куќи  за  поддршка  за прогласување на Меѓународен Медиумски ден на мирот во Обединетите Нации – ОН, кој беше порано со акламација прифатен од Меѓународната Академија на науки и уметности –Emmy Awards во Њујорк.  Во тој ден не би се прикажувале филмови и ТВ програми со убиства, насилие, порнографски сцени, говори на  омраза..

Гости на фестивалот се: Н.Е. Сергеј Баздникин – Амбасадор на Руската Федерација во Р.С.Македонија,  Н.Е. Miroslav Toman - Амбасадор на Чешка Република во Р.С.Македонија, Н. Е. Mr. Laszlo Istavan Duxe– Амбасадор на Унгарија во Р.С.Македонија, Н.Е. Душанка Дивјак-Томић -Амбасадор на Р.Србија во Р.С.Македонија, H.E. Viorel Stanila - Амбасадор на Романија во Р.С.Македонија и др. Свое обраќање ќе имаат Рускиот, Чешкиот и Унгарскиот Амбасадор.

Фестивалот ќе го прогласи за отворен Почесниот Претседател проф.д-р Јован Таковски, протојер-ставрофор, кој ќе ги додели и  Дипломите за духовни и хумани вредности на покровителите и гостите.

 

Основачи на фестивалот се Коле Јовановски, ТВ монтажер и режисер од МТВ и Зорица Костовска, ТВ и филмски продуцент, а членови на Програмскот совет  Драги Таневски - директор на фотографија, Владимир Ангелов-филмолог, проф. Антонио Митриќески-режисер, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски и Зорица Костовска, директор на фестивалот.

Филмовите кои ќе се прикажат се од  државите Русија, Чешка, Унгарија, Романија,Србија и др.  Изборот на филмови има за цел да  придоне за воздигнување на човечките, духовните  и семејни вредности во општеството. Организатор на фестивалот е Топ Ворлд - независна ТВ продукција од Скопје.  Влезот на сите проекции  е слободен.

 

 

 Преминпортал (к.т.)

14ти октомври 2019 лето Господово