Предавањето на Проф. Мајк Пирс со наслов „Религијата и политика на Балканот: Краток историски преглед”,

на 21 октомври 2019, од 09:00-14:00 часот, во просториите на  Порта Македонија.

Овој настан е одлична прилика да ја потсетиме и подетално да ја запознаеме јавноста со историските текови на религиите кои го обликувале Балканот, но и светот. Проф. Пирс ќе одржи три одделни предавања насловени „Од доаѓањето на Светиот Дух до доаѓањето на Отоманите”, „Опаѓањето на Отоманското царство и подемот на западните идеологии” и „Модернизмот како тековна криза на верата”.

Сметаме дека разбирањето на развојот и на влијанието на трите монотеситички религии на Балканот во последните два милениума може да осветлат текови и иницијативи кои биле од клучен карактер за развојот и благосостојбата на балканските народи од кои многу може да се научи и денес.

 РЕЛИГИЈАТА И ПОЛИТИКАТА НА БАЛКАНОТ: КРАТОК ИСТОРИСКИ ПРЕГЛЕД

ПРОГРАМА

ПРЕДАВАЧ: Проф. д-р Мајк Пирс, M.Phil., D.Phil., Oxford University
Професор по Историја на Хутон Колеџ, Њујорк

ОТВОРАЊЕ НА НАСТАНОТ

09:00
Поздравен збор:
Директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи,
г. Даријан Сотировски
Претставување на предавачот и на темата: Директорот на Балканскиот институт за вера и култура, д-р
Коста Милков

09;30
ОД ДОАЃАЊЕТО НА СВЕТИОТ ДУХ ДО ДОАЃАЊЕТО НА ОТОМАНИТЕ
Рано-црковниот етос попушта под концептот за „христијанско општество”
Средновековните препирки меѓу  Истокот и Западот на Балканот и разните односи меѓу  црквата и
државата
Отоманското царство / милетскиот систем: различен третман

09:30
ПАУЗА

10;45
ОПАЃАЊЕТО НА ОТОМАНСКОТО ЦАРСТВО И ПОДЕМОТ НА ЗАПАДНИТЕ ИДЕОЛОГИИ

Гледање кон Хабсбуршката династија и кон Русија Аномалијата во позиција на Грко-католиците –
унијатите Настапувањето на национализмот: отпор на црквата – потоа делумно прифаќање меѓу
православните
Опаѓањето на Отоманското царство и подемот на Западот ако можност и предизвик за црквите

11;45
ПАУЗА

12;00
МОДЕРНИЗМОТ КАКО ТЕКОВНА КРИЗА НА ВЕРАТА
1919 и распаѓањето на империите
Прилагодувањето на религијата од фашистите, гушењето на религијата од комунистите

Аномалијата во позицијата на евангелските христијани
Менувачката природа на ‘левицата’ и ‘десницата’ од 1989 и ефектите врз приврзаноста на религиозните
заедници

13:00

ДИСКУСИЈА

14:00

КОКТЕЛ

 

 15ти октомври 2019г.