логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

м-р Лилјана Пецова-Илиеска

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

Коментирањето стана една од техниките за зголемување на „сообраќајот“ и читаност на онлајн медиумите, кое носи видливост и поголем платен рекламен простор. Содржините на коментарите се креирани од трети лица (читатели/коментатори) „надвор“ од медиумот каде што се објавуваат. Ако интеракцијата на медиумот со корисниците е брзовремена и нецензурирана, остава простор за злоупотреба на правото на слободата на говор за други цели, како клеветење, ширење говор на омраза, повреда на приватноста, нарушување на угледот и достоинството, итн.

Модерацијата е метод кој е препорачан како механизам за (само)регулација на онлајн медиумот, со цел да се избегнат „несакани/недолични“ содржини во континуитет, односно да се избегне каква било одговорност поврзана со содржината во коментарите, која може многу често да води кон говор на омраза


Случајот „Делфи против Естонија“

Сепак, и покрај сите воспоставени процедури и технички и организациски мерки за спречување на говор на омраза, насилство или закани, Европскиот суд за човекови права во пресудата за случајот „Делфи против Естонија“ (Delfi AS v Estonia) се наведува дека „уредникот на онлајн медиумот не успеа да избегне одговорност“.

Имено, во овој случајсе работи за компанијата Делфи, која е еден од најголемите информативни портали во Естонија и тужеше пред Европскиот суд за човекови права. На 24 јануари 2006, информативниот портал објавил напис под наслов „СЛК (SLK) го уништи замрзнатиот пат“. Текстот се однеусва на искористувањето на јавните патишта преку замрзнатото море, кои во зима се отворени помеѓу копното на Естонија и некои острови, од страна на компанијата СЛК (SLK) која обезбедува јавен превоз со ферибот. Притоа порталот го навел лицето Л, кој во тоа време бил мнозински акционер на СЛК (SLK). На 24 и 25 јануари 2006 година, статијата привлекла 185 коментари. Во 20 од нив се содржани лични закани и навредливи зборови против Л. На 9 март 2006 година адвокатите на Л. побарале од компанијата Делфи да ги отстрани навредливите коментари и поднеле побарување од 500.000 естонски круни (околу 32.000 евра) како надомест за нематеријална штета.

Медиумот ставил забелешка на својата интернет страница дека коментарите не се уредувани, дека е забрането да се објавуваат коментари спротивни на добрите практики, дека го зачувува правото да ги отстрани таквите коментари и дека има воспоставено систем каде што онлајн-корисниците можe да го известат Делфи АС за секој несоодветен коментар. Сепак Окружниот суд сметал дека ова не е доволно и не овозможува соодветна заштита на личните права на другите. Судот утврдил дека медиумот треба да се смета како „објавувач“ на коментари и не може да ја избегне одговорноста само со објавување демант дека не е одговорен за содржината на коментарите.

Според Европскиот Европскиот суд за човекови права2013 година, како и во согласност со одлуката на Вишиот совет на Европскиот суд за човекови права во 2015 година, немало прекршување на членот 10, став 2 од Конвенцијата за заштита на човековите права, според кој остварувањето на слободата на изразување може да подлежи на формалности, услови, ограничувања или казни што се пропишани со закон и се неопходни во интерес на националната безбедност, територијалниот интегритет или јавната безбедност, за спречување на нереди или криминал, за заштита на здравјето или моралот, за заштита на угледот или правата на другите, заради спречување на откривање на доверливи информации или за одржување на авторитетот и непристрасноста на судството.

samoregulacija onlajn mediumi

Извор: Legal Scoops
Пред и пост модерација

Во согласност со судската пракса, основачот на медиумот подлежи на одговорност заради содржина која практично неговиот медиум не ја креира, туку е реакција на текст/информација која веќе постои на медиумот. Ваквите ситуации го отвараат прашањето дали во рамките на уредувачката политика на интернет порталите, читателите-коментатори кои ја креираат содржината имплицитно влегуваат во медиумскиот простор како субјекти (медиуми) и на кој начин може да се (само)регулираат. Но, ниту издавачот/сопственикот, ниту новинарот може да ја претпостави количината, квалитетот и намерата на содржината која ќе ја креираат читателите како реакција на објавениот текст  Затоа треба да се воспостават превентивни механизми за читателите-коментатори со кои ќе се регулира онлајн просторот преку почитување на членот 10 за правото на слободата на изразување од Европската конвенција за човекови права.

Има два начина да се направи тоа. Со пред-модерација и со пост-модерација.

Пред-модерацијата е процес кога сите коментари на веб-порталот се прегледуваат пред да бидат објавени. Се објавуваат само оние коментари кои, по проценка на модераторот, не го прекршуваат законот и правилата за коментирање кои се претходно дефинирани. Тоа значи дека е воспоставена методологија според која ќе се прави модерирањето, а за кое ќе биде задолжено едно или повеќе лица во зависност од потребното време да се прегледаат коментарите и од тоа колку медиумот може навремено да ги модерира коментарите. Задолжените лица треба да поседуваат доволно знаење, вештини и капацитети за справување со секој случај засебно. Тоа е скапа инвестиција која бара вложување во професионалци кои не сте сигурни дека ќе останат да работат во вашиот медиум. Сепак, овој процес на регулирање на интернет содржините носи ризик за злоупотреба на правото за слобода на изразување, особено затоа што вклучува човечки фактор при носењето одлуки за објавување содржина.

Во случајот на пост-модерација медиумот ги објавува сите коментари без претходно (ис)чит(ув)ање на нивната содржина. Ги отстранува оние за кои ќе добие известување од трета страна или ако на друг начин дознае дека објавата содржи говор на омраза, навреда, клевета, повреда на приватноста или повреда на кое било основно право на човекот.

Развиени се соодветни апликации, сајтови и платформи за коментирање, на пример Disqus и Intensedebate, кои нудат опции за профилирање на коментаторите и „коментирање кое ве води на повисоко ниво“, коментари кои се следат/бришат по одреден знак/збор, итн. Или, едноставно кажано „добивате такви коментари какви што самите избирате да прочитате“. Иновацијата оди во насока на тоа да не се бришат коментарите како содржина, ниту пак нивно целосно отстранување. Тие мора да „останат живи“ со цел поголема читаност на медиумот.


Во Македонија интернет порталите не се опфатени со регулативата за медиуми

Според истражувањето на истражувањето на Македонскиот институт за медиуми од 2010 година, онлајн медиумите во Македонија се категоризирани како: забавни информативни веб страници, тематски информативни веб страници, информативни веб страници за вести, како и онлајн изданијата на традиционалните медиуми. Онлајн медиумите/интернет порталите не се опфатени со регулативата за медиуми. Тоа ја отвара дилемата кој, кога (може да) го модерира онлајн просторот и како да се заштитиме од можна цензура?!

Во Македонија речиси и да нема онлајн медиум кој врши постмодерација, а многу и не оставаат можност за коментирање. Оние онлајн медиуми кои овозможуваат коментирање вообичаено нудат читателите да се логираат преку профилот на социјалните мрежи, со што оставаат податоци за корисникот на профилот. Оттука би можело да се претпостави дека само се поттикнува креирање лажни профили на социјалните медиуми, кои би можеле да се користат за ширење говор на омраза, клевета и навреда.

Исто така, сé уште нема доволно примери од домашната судска пракса за повикување на одговорност и/или исклучување од одговорност на медиум поради објавена содржина со навредлив карактер, говор на омраза и/или повреда на правото за слободно изразување Од друга страна, прашање е и колку од товарот што го носи постмодерацијата може на свој грб да го земе некое тело или Советот за етика во медиумите?! И уште поважно, каде ќе залутаат оние коментари за кои лицата што извршиле предмодерација одлучиле да не ги објават?!


Модерацијата е поправична од цензурата

Модерацијата е поправичен механизам од цензурата и воопшто од отстранувањето на можноста да се оставаат коментари. Ефикасноста на регулирањето на медиумите во случајов говори за воспоставување на пристап кој не го загрозува правото на слобода на информирање и легализација на регулирањето на онлајн просторот за содржините кои се објавуваат. Всушност, овде зборуваме за практична имплементација на став 1 од членот 10 кој гласи: Секој човек има право на слобода на изразување. Ова право ги опфаќа слободата на мислење и слободата на примање и пренесувања информации или идеи, без мешање на јавната власт и без оглед на границите.  

Подучени од судската пракса на Европскиот суд за човекови права во врска со член 10 „слободата на изразување“, како и искуството од случајот „Делфи против Естонија“, професионализацијата на медиумите носи одговорност сама по себе. А допуштањето на онлајн коментарите не се ништо друго туку тест за почитувањето на правото на слобода на изразување и воопшто за степенот на развој на демократијата во едно општество. Во таа насока, модерацијата може да се смета како добар модел на саморегулација на онлајн просторот за одговорно објавување на коментари од медиумите, доколку се почитуваат правото на заштита на приватноста и политиките за необјавување на клевета, навреда, ширење на говор на омраза и содржини против угледот и достоинството. Уште поважно, дел од судската пракса покажува дека виталната улога на медиумите се препознава кога тие оставаат можност за јавно коментирање и дебатирање за прашања од интерес на јавноста и со тоа им овозможува на сите да учествуваат во слободната политичка дебата, која е дел од суштината на концептот за демократско општество.

Напомена: Мислењата и ставовите во оваа статија се на авторот и не ги одразува позициите на Институтот за комуникациски студии ниту на донаторот.

За блогерот
Лилјана Пецова-Илиеска

Лилјана Пецова-Илиеска е магистер на филолошки науки. Долгогодишно работно искуство во Министерството за внатрешни работи од областа на меѓународна соработка и ЕУ интеграција, од каде што преминува во Дирекцијата за заштита на личните податоци во последните три години како советник и лице за односи со јавност. Автор и ко-автор на повеќе истражувања, анализи и медиумски текстови од областа во која работии. Координатор на проектот „Час по приватност“ во средните училишта на Град Скопје; едукатор и активист за човекови права, во континуирана работа со млади луѓе и подигање на јавната свест. Особен интерес и’ е книжевноста и компаративни анализи од структуралистички аспект.

 

Извор:

http://respublica.edu.mk/blog/2017-08-15-08-10-44



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1280
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1603
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

25/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Исаак Сирин II (Исаак Сирин I се празнува на 28 јануари); Свети Василиј Исповедник; Преподобен Акакиј; Преподобна Атанасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная