Вашите револуционери и мојот Револуционер.

Вашите револуционери се прикажани како гласни а мојот како Тивок.
Вашите револуционери се фатија за оружјето а мојот за Смирението.
Вашите револуционери се бореа за татковината и каузата а мојот се бореше за ослободување од гревот.
Позади вашите револуционери кога одеа во бој имаше цели војски а мојот замина Сам во бој и победи.
Вашите револуционери умреа гордо а мојот Смирено.
Вашите револуционери останаа умрени а мојот Воскресна.
Вашите револуционери ви оставија аманет а мојот Живот Вечен.
Вашите револуционери јаваа на коњ а мојот на магаре оти вашите носеа војни а мојот мир.
По вашите револуционери ни времето не се мери само се спомнува нивната смрт а По мојот Револуционер Времето светот го мери иако против светот војуваше.
Вашите револуционери одеа по земја а мојот одеше по вода.
И за крај од бескрајот мојот Револуционер не се учи од книга туку се Живее секој ден и Тој за разлика од вашите револуционери кои само еднаш ги положија телата за вашата кауза мојот секоја Недела на Литургија си го распарчува телото за нашата Слобода.
Вашите револуционери се смрт а мојот Живот Вечен и Тој се вика Исус Христос.

 

Писмановски Кирил

01.12.2017 год.