логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Откако децата излегоа од училница, наставничката Нада плачеше речиси еден час. 

Нејзиното име е г-ѓа Нада. На првиот ден на училиште на своите ученици таа им кажа една лага- како и повеќето наставници им рече на децата дека сите подеднакво ги сака. Но, тоа е невозможно бидејќи во првиот ред на клупата седеше момче по име Марко.Госпоѓа Нада го набљудуваше Марко минатата година и забележа дека ретко се игра со останатите деца, облеката му е неуредна и дека не се капе редовно. Марко исто така знаеше да биде непријатен. Дојде до тоа г-ѓа Нада навистина да ужива да напише голема масна единица со црвено пенкало на неговите задачи. Во училиштето каде што таа предаваше, наставникот на крајот од годината беше должен, пред да го напише своето  мислење за секој ученик, да ги прочита мислења од останитите наставници од претходните години.  Госпоѓа Нада го остави Марковиот извештај за крај. Кога го прочита доживеа големо изненадување.

Во прво одделение, за Марко е напишано: „Марко е бистро дете и секогаш се смее. Уреден е и убаво воспитан. Вистинско задоволство е да го познаваш.’’Во второ одделение: „Марко е одличен ученик, сите го сакаат, но има проблеми дома, затоа што мајка му е неизлечиво болна.’’Во трето одделение: „Тешко ја поднесе смртта на својата мајка. Се труди колку може, но неговиот  татко воопшто не обрнува внимание и ако нешто не се промени, тоа лошо ќе се одрази на него. Во четврто одделение: „Марко се повлече во себе и не покажува интерес за училиште. Нема многу пријатели и понекогаш спие на час.’’ Госпоѓа Нада сега сфати во што е проблемот и се посрами. Уште полошо и‘ беше кога учениците и‘ донесоа божикни подароци завиткани во украсна хартија, сите освен Марко кој својот подарок го донесе несмасно завиткан во обична хартиена кеса. Госпоѓа Нада со голем напор го отвори токму неговиот подарок меѓу сите други. Некои деца почнаа да се смеат кога таа го откри ѓерданот од пластични имитации на камења, каде што некои забележително недостасуваа, како и шишенце парфем до половина наполнет. Ја стиши детската смеа така што рече дека ѓерданот е прекрасен и го стави околу врат, а парфемот го стави на себеси на рака.Марко остана последен после часови за да и‘ каже: „Г-ѓо Надо, денес мирисавте како некогаш мојата мајка’’.


Откако децата заминаа, таа плачеше речиси еден час. Од тој ден таа престана да им предава на децата. Наместо тоа, почна да ги учи. Таа особено му обрнуваше внимание на Марко. Како работеше со него, така тој живнуваше. Колку повеќе го поттикнуваше, побргу напредуваше. На крајот на годината Марко стана еден од најдобрите ученици во одделението. Според тоа што не ја кажа вистината дека подеднакво ги сака сите деца, Марко стана нејзин најомилен ученик.

Следната година пронајде Маркова порака дека и понатаму е најдобрата наставничка која ја имал во својот живот. Шест години подоцна доби нова порака од Марко. Тој и‘ напиша дека заврши средно училиште, трет по успех во генерација, но дека таа и понатаму е најдобрата наставничка во неговиот живот.

После четири години, таа доби уште едно писмо со порака дека понекогаш му било тешко, но го заврши факултетот со најдобри оценки. Ја уверуваше г-ѓа Нада дека таа е и понатаму најдобрата наставничка која ја имал во својот живот. Писмото беше потпишано  со          „дипл. инг.’’

Но овде не е крај на приказната. Пристигна уште едно писмо таа пролет. Марко рече дека запознал една девојка и дека ќе се венча. Објасни дека татко му починал пред неколку години и ја праша г-ѓа Нада дали би се согласила на венчавката да седне на местото кое вообичаено е резервирано за мајката на младоженецот. Се разбира г-ѓа Нада се согласи. И како што веќе претпоставувате, го стави оној ѓердан и оној парфем. Се прегрнаа и Марко и прошепна: „ Ви благодарам госпоѓо Надо што верувавте во мене. Ви благодарам многу што ми овозможивте да се чувствувам посебен и дека можам да постигнам нешто во животот’’.

Госпоѓа Нада со солзи во очите, прошепоти: „ Марко, грешиш, ти си тој кој ми овозможи да постигнам нешто во животот.  Пред тебе јас не знаев како да ги учам другите’’.


Извор:  http://stil.kurir.rs/lifestyle/prica-uciteljice-nade-nosila-je-staru-ogrlicu-i-istroseni-parfem-suze-lila-zbog-marka-clanak-60895

Подготви: Снежана  Корнет



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1271
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1597
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

24/04/2024 - среда

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Антипа епископ Пергамски во Азија; Светите маченици Прокес и Мартинијан;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Од твоето срце за Христа спремнопламен ревносен излезе,о Евпсихие свети мачениче,ја запали лагата од овој свет,осветлувајќи ги бездните на темнината...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная