3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Гилијан е седумгодишно девојче кое на училиште постојано станува, го одвлекува вниманието на другите деца, лета со мислите и не ги следи лекциите.
Нејзините наставници ја следат ситуација, ја казнуваат, ја караат, ја наградуваат неколку пати кога ќе обрне внимание, но ништо. Гилијан не може да седи и не може да се сконцентрира.
Кога се враќа дома, нејзината мајка исто така ја советува, укорува, казнува. Значи, не само што Гилијан има лоши оценки и многу казни на училиште, туку и страда поради тоа дома.
Еден ден, мајката на Гилијан била поканета на училиште. Жената, тажна како некој што чека лоши вести, отишла во училишната канцеларија да разговара.
Наставниците почнале да зборуваат за болест, очигледно нарушување, некаква хиперактивност или за тоа дека можеби на Гилијан и е потребен некаков третман.
За време на разговорот, дошла поранешната наставничка која многу добро ја познавала Гилијан. Таа ги замолила своите колеги и мајката да ја придружуваат до соседната училница каде што сè уште седела Гилијан. Таа ја оставила вратата од училницата подотворена и им рекла на останатите да почекаат во ходникот.
Влегла и го вклучила радиото, па потоа почнала да ја засилува музика. Бидејќи девојчето останало само во училницата (чекајќи ја нејзината мајка), веднаш станало и започнало да се движи нагоре и надолу, лево и десно, со нозете и рацете да фаќа ритам со музиката. Наставничката почнала да се насмевнува додека колегите и мајката гледале со очигледна збунетост.
Тогаш наставничката им рекла: "Видете, Гилијан не е болна, таа има дарба, таа е танчерка!" И препорачувам на мајка и да ја запише на училиште за танцување.
---------------------
...Гилијан се запишала, го завршила својот прв ден на танцување и кога се вратила дома и рекла на својата мајка: „Мамо таму сите се како мене, никој не може да седи!”
---------------------
По танчерската кариера, Гилијан Лејн отвора сопствена академија за танцување и добива меѓународно признание за нејзината уметност…
Во 1981 година, Гилијан стана кореограф на мјузиклот „Мачки“, а 1986 година и во „Фантом на операта“.


Се надевам дека еден ден сите различни деца ќе најдат возрасни кои ќе ги препознаат

и бидат спремни за нив – онакви какви што се,

ќе препознаат што поседуваат, а не што им недостасува...

 

Избор од фб профил на

 Јули 2021 лето Господово