ВО АТЛАНТА И ДЕТРОИТ


"Трето полувреме" победува на еврејски фестивали во Америка


Филмот "Трето полувреме" на режисерот Дарко Митревски ја освои наградата од публиката за најдобар филм на 14. Еврејски филмски фестивал во Атланта, САД, објавија од продукцијата КиноОко". Филмот од страна на публиката бил прогласен и за најдобар филм на 18. Еврејски филмски фестивал во Детроит, САД. Во Австралија, пак, филмот наскоро ќе доживее издание на ДВД.

Филмот досега учествуваше на фестивали во САД, Кина, Русија, Австрија, Чешка Република, Полска, Канада, а се продаде во Франција, Тајван, Кина, Јужна Кореја, Австралија и во Нов Зеланд.

"Трето полувреме" премиерно беше прикажан за отворањето на 33. Интернационален фестивал на филмска камера Браќа Манаки" во септември 2012 година. Филмот беше и македонски кандидат за "Оскар" од неанглиско говорно подрачје.


Извор: Вечер