Награди за филмот на Вук Митевски во Диселдорф

Анимираниот филм „Алерик“ на авторот Вук Митевски освои две награди на филмски фестивали во Германија. На фестивал во Диселдорф посветен на кратки филмови, стоп-анимацијата на Митевски, а во режија на Теона Митевска Стругар, ја доби наградата од публиката. Филмот е снимен во 2013 година и својата премиера ја имаше на Сараевскиот филмски фестивал.

Во октомври, филмот победи на уште еден фестивал во Германија, во Дортмунд. Таму ја доби главната награда од жирито. Периодов го очекуваат уште фестивали во Хаг, Холандија, како и Филмскиот фестивал „Аниматек“ во Љубљана.

Филмот е во продукција на „Сестри и брат Митевски“.

Izvor>
http://dnevnik.mk/?ItemID=720897874276724385FDD3AD1BC9B659