логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Со победа во три категории, македонскиот филм „Медена земја“ („Honeyland“), во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, триумфира во конкуренцијата за документарци од целиот свет на американскиот филмски фестивал „Санденс“ („Sundance“).

На церемонијата што се одржа во саботата (2 февруари) во Парк Сити, Јута, САД , „Honeyland“ ja доби големата награда на жирито (Grand Jury Prize) за најдобар документарен филм, а на снимателите Фејми Даут и Самир Љума им беше врачена наградaта за најдобра кинематографија (Special Jury Award for Cinematography). Документарецот го доби и специјалното признание од жирито за влијание за промена (Special Jury Award for Impact for Change).

Прват во историјата на реномираната манифестација еден проект е награден со три признанија.

„Honeyland“ беше во официјална конкуренција на најпрестижниот американски фестивал за независни филмови „Санденс“ во категорија со уште 11 други документарци од целиот свет. Ова е првпат македонски долгометражен документарен филм, со мнозинска домашна копродукција, да влезе во конкуренција и да освои награди на „Санденс“, и токму поради ова е од големо значење за македонската кинематографија.

Премиерата на „Медена земја“ („Honeyland“) се одржа на 28 јануари 2019 година во рамки на 38. издание на „Санденс“ во Парк Сити, Јута. По премиерата документарецот доби одлични рецензии од реномираните филмски критичари и медиуми меѓу кои: Ентони Кауфман од „Скрин Интернешнал“ (Screen International), Шери Линден од престижниот „Холивуд Репортер“ (Hollywood Reporter), Гај Лоџ од „Вараети“ (Variety), Крис О'Фалт од „Индивајр“ (Indierwire), Ерик Хајнс од „Филм комент“ (Film Comment), Соња Епштајн од „Слоан сајанс енд филм“ (Sloan Science And Film) и други.

„Медена земја“ („Honeyland“) раскажува приказна за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на Земјините ресурси.

Продуцентот и монтажер на филмот е Атанас Георгиев, музиката ја направија членовите на групата „Фолтин“, а како музички супервизор се јавува Рана Еид од „ДБ Студиос“ (DB Studios) од Бејрут.

Документарецот, кој е во продукција на „Аполо медиа“ и „Трис филмс“, е реализиран како дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија – проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од „Фармахем“, а поддржан е и од Агенцијата за филм на Република Македонија.



Годинава го очекуваат презентации на значајни светски фестивали. Премиерата во Скопје ќе се одржи на почетокот на март, а детали околу датумот и местото на одржување ќе бидат соопштени по враќањето на екипата од САД.

Музиката на „Медена земја“ е на групата „Фолтин“, а како музички супервизор се јавува Рана Еид од „ДБ Студиос“ (DB Studios) од Бејрут. Документарецот, кој е во продукција на „Аполо медиа“ и „Трис филмс“, е реализиран како дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија - проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија

Извор:

https://www.fakulteti.mk/news/03022019/vest-na-denot-medena-zemja-pobednik-na-sandens?fbclid=IwAR0mctpOhQv6tLUYBdxHZtluoboKYz-3w9abFEaP0cvm9CpMc7CGuxH-Yhk

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Март 07, 2019

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот писател Стефан Марковски е застапено во 15. издание на зборникот Castello di Duino.На меѓународниот конкурс за поезија и драмски текстови насловен I have a Dream/Ho un…
Февруари 22, 2019
Foto

Срамота е младите да знаат повеќе странски, отколку македонски јазик

Младите подобро ги познаваат странските јазици одошто македонскиот јазик. Со цел да си заминат од земјава, повеќе се фокусираат на изучувањето на странски јазици. Проблем е и образовниот ситем, кој иако предвидува еднакво учење на литературата и граматиката,…

Карикатурите на Златко Крстевски од Прилеп прошетале низ цел свет

Фев 14, 2019 Интервју 179
Светот доволно го знае Крстевски. Импресивен е неговиот пат низ светските изложби,…

Најбогатите 26 луѓе на светот поседуваат исто колку и најсиромашните 3,8 милијарди луѓе

Јан 21, 2019 Друго од култура 235
Оксфам пресметале и дека богатството на 2.200 милијардери околу светот во 2018 пораснало…

Катица Ќулавкова е добитник на меѓународната награда „Антево слово“ во Италија

Јан 21, 2019 Литература 171
По објавениот повик за испраќање на песна по слободен избор за учество на вториот…

Беседи

За Христoвитe дeла (беседа)

За Христoвитe дeла (беседа)

Какo Гoспoд извршил тoлку мнoгу дeла? Сo пoмoш на пeттe главни чуда: сo пoнизнoста, сo збoрoт, сo дeлoтo, сo крвта и сo вoскрeсeниeтo. Штo свeдoчат дeлата Христoви? Првo, свeдoчат дeка...

За двoумeњeтo на Пилат (беседа)

За двoумeњeтo на Пилат (беседа)

Пилат бил учeник сo свeтска мудрoст. А свeтската мудрoст нe дава сила туку влeва страв. Свeтската мудрoст нe ја пoддржува душата туку тeлoтo. Свeтската мудрoст нe влeва страв за душата...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинското прашање: се каеме или не?

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинското прашање: се каеме или не?

На секоја Литургија, ако ги слушате внимателно молитвите, оној дел што Црквата го нарекла и го доживува како анамнеза, сеќавање, е спомнување за сето она што Господ го направи за...

Жарко Ѓорѓиовски✥ Недела Сиропусна ✥ (10.03.2019)

Жарко Ѓорѓиовски✥ Недела Сиропусна ✥ (10.03.2019)

 Во денешново евангелско четиво Господ Исус Христос не упатува на три основни чекори: простувањето, постењето и безвременската награда која не очекува. И токму првиот чекор е простувањето: „Ако им ги...

БEСEДА за љубoвта над сeкoја љубoв

БEСEДА за љубoвта над сeкoја љубoв

Цeлoтo Eвангeлиe учи дeка трeба да сe oстави пoмалoтo заради пoгoлeмoтo, минливoтo заради нeминливoтo, лoшoтo заради дoбрoтo, eвтинoтo заради драгoцeнoтo. Кoга Eвангeлиeтo нe би вeтувалo пoгoлeми врeднoсти, тoгаш кoј би...

Митрополит Тимотеј: „Тесниот и стрмен пат на духовното искачување“

Митрополит Тимотеј: „Тесниот и стрмен пат на духовното искачување“

Секој христијанин, своите напори може да ги насочува на разни активности во животот. Може да се труди во своето семејство, на работните места, во науката, во школството и на многу...

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Како што чувме денес од Евангелието, тој, воден од Светиот Дух, влегол во храмот во моментот кога праведниот Јосиф и Преблагословената Дева Марија Го донеле Младенецот, за според тогашниот закон,...

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пред Бога сите сме еднакви

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пред Бога сите сме еднакви

Од црковната историја сме сведоци дека многупати се појавиле раздори и несогласувања во Црквата, но никогаш Бог нè дозволувал тоа неразумие да надвладее. Уште во апостолско време, Посланието сведочи дека...

« »