логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

Новинарките Мирка Велиновска и Билјана Секуловска по повод последните бранувања во медиумскиот простор предизвикани од потпишувањето на Договорот за декриминализација на клеветата, за „Утрински весник“ одговараат на шест прашања за состојбите во медиумите

Даниела Трпчевска

ПРАШАЊА:

1. Според анализите на повеќе стручни и меѓународни организации, медиумите во земјава последните години се соочуваат со длабока професионална и етичка криза. Што е потребно да се направи за да се врати угледот и честа на новинарството?

2. Цензура или автоцензура. Што му се случува на новинарството?

3. Македонскиот журнализам трпи и цензура и автоцензура, а политичкиот и економскиот притисок врз медиумите постојано расте. Каде го гледате излезот од ваквите состојби?

4. Се вели дека новинарството и новинарите се чувари на вредностите на едно демократско општество. Дали таква улога може да одигра и македонското новинарство, во услови кога се' почесто се напуштаат основните постулати на професијата - професионалните стандарди и објективноста?

5. Дали во трката по профит и гледаност, медиумите ги прекршија сите правила на професионалното работење и дали поригорозни санкции би можеле да го спречат тоа во иднина?

6. Многу дилеми, полемики и расправи предизвика последниот договор на ЗНМ до Владата за декриминализација на клеветата. Можеше ли да биде донесено некое поповолно решение?

Новинарството се дави во контејнер со смрдливо ѓубре

1. Прво, да се расчисти во нашите новинарски глави дали сакаме да бидеме новинари или работници во фабрики за пропаганда, политичка манипулација и... Во сите oопштества секогаш ќе има простор, па и практика произлезена од општествено-социолошките девијации и за едното и за другото. Но, тогаш веќе нема да говориме за професионална криза, ами за свесен избор. Потоа без потреси ќе биде разграничена сферата на пропаганда и манипулација од сферата на информирање, едуцирање и воспитување. Новинар не може да биде секој. Мора да има цврст морален состав, длабока вера во мисијата што ја има во општеството, принципи кои по никоја цена нема да ги напушти, волја и храброст да се бори за објективната информација. Ама, ако предолго време одбиваме промени во свеста наспроти драматичните промени во сите општествени сфери, ако новинарството остане заглавено во транзицискиот тунел, резултатот е овој - нашиов. Но, не сме ние исклучок. Новинарството, особено она што го нарекуваат ,,мејн стрим“, во цел свет минува низ истата драма. Новинарот не смее никогаш да заборави дека е многу тенка линијата која ја дели информацијата од манипулацијата, објективноста од лагата. Само мало невнимание и сте упаднале во контејнер полн со смрдливо ѓубре. Да биде бељата поголема, реата што ќе ви се залепи потоа не се мие со ништо. Време е да си признаеме, нашето новинарство одамна се дави во тој контејнер, а ние сакаме да глумиме аптекарска чистота. Е затоа веќе никој, па ни ние самите, не не' есапи за сериозна професија. Како такви сме доброволен улов на деловни луѓе, политичари, гангстери, филантропи, служби, партии...

 

2. Ви се молам! Да престанеме и натаму да се самозалажуваме. Ништо особено не му се случува на новинарството. Во секоја организирана заедница во која владеат закони и има институции, во која има различни интереси, постои цензура. Така се штити заедницата и вообичаениот ред што преку избраниот општествен систем го прифатило мнозинството во одреден временски период под одредени околности. Кога велите цензура, на која цензура мислите? На онаа на Уставот, на законите, на директивите на ЕУ или на онаа кога уредникот не ви пушта некој текст или ви ги проблематизира тезите? Па и ние самите вршиме цензура кога го ограничуваме говорот оценувајќи нешто како говор на омраза. Не постои апсолутна слобода во општество ограничено со закони и правила. Но, ако не е така, говориме за анархија и хаос. Исто е и со автоцензурата. Секогаш се автоцензурирам зашто сум свесна за последиците што можат да настанат со моето пишување.

3. Ви реков претходно. Не познавам новинарство кое е апсолутно независно од општеството, па не ,,трпи“ цензура и автоцензура. Што се однесува до политичкиот и економскиот притисок, да ве прашам јас вас дали сме ние на јасно дека живееме во плурален свет со мноштво интереси кои жестоко си конкурираат на отворен слободен пазар. Нормално е во таков амбиент да чувствувате притисок. Медиумите не се надвор од системите. Штом не се на државна ,,цицка“, тогаш си имаат сопственик, титулар. Како такви и тие живеат од профит, од реклами, од тиражи. Самите се производ. Дали ќе бидете бренд или чкарт е прашање на избор, ама тогаш излегувате на немилосрдниот пазар и опцијата ви е или да опстанете или да пропаднете. Во зависност од побарувачката и потрошувачката.

 

4. Новинарите се и ова што велите, ама и она другото што не сакаме да го видиме. Новинарите богами биле и промотори на милитаризмот, на кршењето на слободите и правата на луѓето, на нечии профит-интереси. Веројатно не сакате да ви набројувам стотици еклатантни примери на стравотни последици што настанале како последица на напуштени професионални стандарди и објективност. Земете ги само примерите на Либија, Ирак, Сирија. Затоа јас сум поборник за најостри и најтешки казни за политичарите, експертите, милитантите и новинарите кои свесно, преку манипулација, пропаганда, предизвикуваат човечки страдања, смрт, девастација.

 

5. Не е се' во санкциите. Треба јасна и честита перманентна дебата за вредносните системи кои ќе бидат ѕидови-носачи на едно општество. Кога нив ќе ги утврдите, принципите, работите на стандардите и критериумите кои ќе ги одржуваат тие стандарди, тоа минува низ образовниот систем и ете ви ново општество и новинарство.

 

6. Да, лична одговорност мора да постои. Но, мора да постои и општествена свест дека секој што работи греши. Значи, треба при утврдувањето на одговорност (во судовите) да се разликува казната за ненамерна грешка, грешка од незнаење, лош извор на информација и слично од тенденциозност, злонамерност, интерес.. Ова е работа на законодавецот. Инаку, веќе реков, не гледам ниту една причина новинарот да се грчи поради потенцијална казна ако свесно и доброволно прифатил да работи во оваа професија. Тоа е исто како некој хирург да се плаши да оперира зашто знае дека постои озаконета казна за неговата професија или професионален возач, градежен инженер да се стресува зашто може да биде казнет.

Медиумите да се оттргнат од канџите на власта

1. Потребно е аплицирање на неколку мерки, по углед на старите демократии, анализирани од научната мисла. Америка е одличен пример, конечно европското новинарство одамна е американизирано, иако особеностите на секоја земја се разбира дека остануваат. Прво, намалување на политичкиот паралелизам – односно, зависноста на медиумите од власта. Велам намалување, затоа што потребно е извесно време за да дојде до посериозно оттргнување од канџите на власта. Второ, јакнење на новинарскиот професионализам, кој е во тесна врска со новинарската култура: создавање и потоа одржување новинарски организации. Како трета мерка - улогата на државата и односот со медиумите: интервенциите на државата во медиумите да се сведат на минимум, и како четврто - потребен е развој на медиумскиот пазар.

 

2. Му се случува државата, односно нејзината нефункционалност - на системот, на институциите, на целата демократска инфраструктура која е во зачеток и почнала да еродира. Како да се избориме за слободата кога сме во окови? Како ќе ги реформираме сопствениците на медиумите? Знаете ли дека некои од сопствениците на медиумите, во Америка биле дел од Прогресивното движење, кое ги иницирало демократските промени? Тоа значи дека заедно со новинарите биле дел од интелигенцијата во оваа држава која ги градела високите професионални стандарди. Искуствата на американските новинари не биле на почетоците лесни - на крајот на 19 век и почетокот на 20 век опстојувале сопственици на медиуми кои имале еднакво вулгарен и безобразен однос кон новинарите, како некои денешни сопственици во Македонија. Слични проблематични медиумски барони имаат и во Британија, како што е Руперт Мардок , но како и во американскиот случај, победува зрелоста на демократијата. Инциденти секогаш има дури и кај старите демократии (Саркози, на пример, потоа Митеран и Тачер), но тоа никако не значи дека во овие земји системот може да се разниша. Во Македонија станува сериозно - системот не само што се разниша, туку темелите се во прашање. Мислите дека тука завршивме? Следно е судството - како ќе ја раскинеме коалицијата на власта со корумпираните судии? Тоа се дел од нашите окови.

 

3. „Излез секогаш има, но дали го сакаме? Некои научници сметаат дека младите нации, младите држави за да го надомест изгубеното време, треба да се потпрат на образованието, и тука доаѓаме до првиот услов - неопходни се едуцирани лидери. За да дојде до некаков пресврт во општеството освен едуцирани, тоа мора да бидат силни, харизматични лидери кои се компетентни, квалификувани и вешти во политичката партиципација, а дел од клучот е и политичката комуникација. Останатите услови за модернизација на општеството се однесуваат на медиумската изложеност на политичките партии и елити, создавање волонтерски здруженија, квалитетот на владините перформанси...

 

4. „Зошто да не може, нормално дека може. Затоа е многу важно едно автономно, силно, професионално здружение како и синдикат кои ќе ја црпат моќта од професионални, едуцирани новинари. Паралелно се потребни реформи, ќе мора да се однесуваат на професионализација на службите за односи со јавноста, а тука секако најмногу мислам на политичкиот ПР. Само така може да дојдеме до следното ниво: модернизација на политичките партии што доведува до длабоки, коренити промени на политичката комуникација кај политичарите. Во услови на водење транспарентна политика од страна на власта, владејачките политички елити, првата битка се добива. Во исто време мора да се работи на промени и во останатите сфери: судство, универзитетите, бирократијата, невладините организации... и медиумите, нормално.

 

5. „Мора да има санкции онаму каде што не се почитуваат законите. Ако според Законот за радиодифузија медиумите не смеат да бидат сопствеништво на политичари, но и на нивните деца, тогаш не смее да се толерира беззаконие. Ако се затвора Телевизија А2 поради непочитување на програмската шема, а таква законска регулатива не постои во законот, зошто институциите молчат? Како да се заштитиме од непрофесионални, т.н. новинари? Повторно со почитување на законите и Етичкиот кодекс на новинарите, потоа со саморегулаторни тела преку кои ќе се надгледуваат и санкционираат новинарските практики во Македонија: примитивизмот, говорот на омраза, поттикнување на насилство, омраза, кршење на човековите права... Онака како што функционира цивилизираниот свет, така и ние можеме да направиме напор и да се култивираме и демократизираме.

 

6. Знаете што, секогаш има и полошо решение, можеше да се договорат и да не' стрелаат ако навредиме некој министер, така што ова е одлично решение. Ова се разбира дека е шега и овој договор е навистина преседан - одлична илустрација беше белата насловна страница на „Вест“. И знаете што? Не познавам новинар кој бил запознаен со овој договор на ЗНМ со Владата. Но, она што е многу важно е и следниов факт: колегите кои се договорија со Владата никогаш не ги прашаа за мислење, никогаш не се советуваа со универзитетските професори кои се врвни стручњаци за новинарство, политика и медиуми, политичка комуникација. Имаме светски познати професори во овие области, научници со кои би се гордееле други држави, кои се авторитети за целиот свет, но не и за нашето ЗНМ.

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Август 18, 2019
чехов

Карактеристиките на вистински културен човек според Чехов

„Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу вистински образовани луѓе, тој мора да биде образован“, вели во едно писмо рускиот писател Антон Павлович Чехов кое му го испратил на неговиот помал брат, во кое му напишал и листа на услови што…
Јули 04, 2019

Рабиндранат Тагоре:„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици. Поезијата на Рабиндранат Тагоре, индиски книжевник, филозоф и драматург, е сплетена од стихови кои го докажуваат тоа.Творечкиот опус на овој книжевник го чинат 1000 поеми,…

Петтата сесија на Охридската школа на природното право

Јул 02, 2019 Научни трудови 191
Првата сесија од овој настан ја отвори акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за…

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Мај 18, 2019 Филм, Театар 286
Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков…

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Апр 08, 2019 Друго од култура 497
Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат…

Беседи

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Мојсеј влегол во тој облак и му било дозволено да разговара со Бога како пријател со пријател; му било дозволено да види како Бог поминува покрај него, сè уште без...

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

„Според православната црковна антропологија на Светите Отци, суштината на умот се наоѓа во срцето како духовен центар на човекот, а енергијата на умот преку  сетилата се расејува по светот. Насочувањето...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во...

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција....

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН  и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

« »