логоFacebookTwitterYouTubeeMail


katica.kulavkova.jpg
Македонскиот национален идентитет денес е пред сериозно искушение, релативно доцна е конституиран и не е интегриран во свеста на народот. „Македонски искушенија и други огледи“ е и насловот на последната книга на академик Катица Ќулавкова, која последниве десетина години многу остро и јасно ја скицира македонската стварност обидувајќи се да ја дефинира таа наша неопходна национална стратегија. А најчесто употребуваниот збор во тие нејзини анализи е токму зборот искушение. И во оваа своја книга Ќулавкова покренува суштествени прашања за опстанокот на македонската држава, за македонската култура и културна историја, за парадоксите на македонската независност, за колективната културна и јазична меморија на македонскиот народ и на македонската територија, за неподготвеноста на научните дискурси да дадат соодветна интерпретација на многу општествени предизвици и на квазиконструкциите, кои систематски, од внатре, ја разнебитуваат стабилноста на современата македонска држава.
И додека го договаравме ова интервју, по последната одлука на ЕУ, навистина пред Македонија се испречи уште едно искушение, којзнае кое по ред во нашата историја. Токму за овие наши искушенија разговаравме со Ќулавкова.
Да претпоставиме дека имате моќ да пресечете во однос на прашањето на македонската евроинтеграција, што би направиле?
Пред секое склопување на алијанса од каков било вид е неопходно да се разгледаат условите што другата страна ги поставува спрема вас, и да се артикулираат вашите спрема нив. Македонија треба да го следи својот државен интерес во согласност со државните приоритети. Ми се чини дека на Македонија ѝ недостига државна стратегија што ќе произлезе од долгорочните национални интереси и од којашто понатаму ќе произлегуваат сите други важни одлуки и определби.
Треба да се демистифицира позицијата на ЕУ и на нејзините институции. Пред сите држави-потенцијални членки ЕУ поставува услови. Некои од нив ги кажува јавно, некои тајно. За нив се потпишуваат договори пред една држава да се зачлени во ЕУ, пред официјалната интеграција. По правило граѓаните на државата не се упатени во тие тајни преговори и договори. За нив дознаваат подоцна. Но веќе практиката покажува дека ЕУ ги штити првенствено интересите на големите западноевропски држави што ја конституираа интегративната Унија и не отстапува од нив. Не гледам дека Македонија може безболно да се интегрира во ЕУ. Македонското прашање го отвори токму ЕУ во Лисабон и со тоа покажа дека западноевропскиот стратегиски интерес не ја има интегрирано во себе македонската национална кауза, која подразбира уважување на правото на македонската нација да опстане во државноправен субјект со македонски доминантни обележја – име, народ, јазик, културна историја. Ако е така, а ако наш стратегиски државен интерес е да го сочуваме стекнатото право на македонска држава (а немаме мандат да ги проневериме веќе стекнатите вредности на македонскиот народ и неговата држава, јасно искажани во Уставот од 1991 година, во граѓанскиот Устав на РМ), тогаш многу рационално и аргументирано би ги ставила на терезија нашите интереси по однос на интересите на Унијата. И не би брзала.
Добро, ама како во оваа меѓуфаза на небрзање? Многу други работи зависат од таа интеграција?
Најпрвин би се заблагодарила на понудата, добро би ги разгледала сите поставени услови (и тајни и јавни), би ги испитала сите разумни и реални опции и тогаш би одлучила. Ако ЕУ е долгорочна и стабилна конструкција (Унија), тогаш таа не ни бега. Ние го претворивме неприемот во ЕУ во ‘апокалипса’. Не е апокалиптична интеграциската политика на ЕУ, туку нашата недоветност да си го артикулираме и штитиме националниот државен интерес на сите рамништа и по сите основи, и дома и надвор. Се разбира дека партнерот треба да покаже должен респект спрема македонските вредности и интереси исто како и РМ спрема ЕУ. Ќе се зачлениме тогаш кога ќе се најдеме на исти позиции, кога ќе ни се совпаднат интересите. Знаете, ние фактот дека сме мала држава го претворивме во комплекс на мал народ негиран од сите и на нестабилна држава која внатре во себе се дезинтегрира по етничка основа и станува регионализирана, т.е. кантонизирана, некаде и енклавизирана државна структура. Таквата мултиетнички раслоена, територијално, културно и јазично, го раслои и државниот стратегиски интерес. Државниот интерес на Македонците денес се манифестира дури и како опструкција на албанскиот етнички интерес, на пример, а да не зборувам за мегаалбанскиот концепт во којшто македонските Албанци се препознаваат повеќе одошто во македонскиот матичен концепт. Тоа е проблем што го поттурнуваме како отпад под килимите, ама тој од ден на ден си го прави своето и последиците веќе се чувствуваат.
Како би го дефинирале македонскиот државен интерес?
Македонските државни интереси треба да бидат наша врвна, супремна идеологија, а не стереотипизираните идеали спрема коишто се однесуваме некритички, здраво за готово. Македонските државни интереси треба да го заштитат стекнатото право на македонскиот народ за своја национална држава, аналогно на државите во регионот и на европскиот граѓански модел. Тука мислам на држави во коишто човековите и граѓанските права се почитуваат независно од потеклото на граѓанинот, а граѓаните ги почитуваат заедничките интереси и методи за нивното остварување, се разбираат меѓусебно, споделуваат заеднички симболи како израз на колективната свест за припадност на државата и на нацијата.
Значи, државата е спој на заедништво и на индивидуализам, при што заедништвото ги артикулира заедничките идеали, стремежи и слики на светот. Затоа се функционални и одржливи (трајни) државите што функционираат економично во секоја смисла на зборот – користејќи еден службен јазик во администрацијата, споделувајќи исти развојни цели и вредности. За да дојде до тоа, нужно е, услов број еден по општиот државен јазик да постои закон според којшто политичките партии ќе се конституираат врз политички, идеолошки и развојно-економски принципи, а никако врз етнички. Значи, државните интереси се надетнички, затоа што во нив се препознаваат и интересите на македонскиот народ и на сите делови од други народи во Р. Македонија (во светската терминологија синоним за тоа е терминот национални малцинства).
Сите се за влез во ЕУ, ама токму овие постулати тешко дека ги почитуваме сите во државава?
Да, денес во Македонија не гледам единство по тоа прашање, иако декларативно сите се за влез во ЕУ, но при тоа не подеднакво се позиционираат партиите по однос на условите што ги поставува ЕУ. Таквите внатрешни дезинтеграции на Македонија по етничка основа го поделија и државниот интерес и развојните визии и стратегии на државата. Оттаму, како и за другите државни вредности, и за европската имаме поделен вредносен, емотивен, па и политички став.
ЕУ сега ни додаде уште еден услов – добрососедски односи со Бугарија. Како можеме да ги решиме историските прашања со Бугарија, како на пример чиј е Гоце Делчев, чиј е Никола Вапцаров, чиј е Самоил… за да станеме добри соседи?
Мислам дека одамна е евидентно дека македонската интеграција во ЕУ се одлага најмногу за да се добие време, а времето е потребно за да се одложи приемот на македонската држава како национална и унитарна со доминантно македонско јазично, културно и историско обележје. Целта многу повеќе е Р. Македонија да ги изгуби македонските етнокултурни обележја и да се раслои по етнички принцип (регионализација, кантонизација, дезинтеграција, фрагментација, уште позната и како балканизација). Тогаш полесно ќе биде да се владее. Сите големи империи и унии го применувале геслото ‘раздели, па владеј’. Во случајов е гротескно тоа што од распадот на југословенската федерација на повидок е нова унија во регионот и нови окрупнувања по етничка линија. Етничкиот принцип има речиси стратегиски карактер во современата европска констелација, само нам ни наметнуваат мултиетнички концепт на државата (општеството е нешто друго, сепак), а во заднината се одвиваат преструктурирања врз етничка основа. Тоа во Р. Македонија почна со настаните во 2001, со уставните амандмани кои произлегоа од Охридскиот мировен договор, со Законот за територијална организација. Македонија не е ни иста, ни самостојна, ни национална држава каква што беше до 2001 година. Ние имавме само 10 години независност и стабилност.
Со наша сесрдна помош, допуштивме рапидно да се менува личната карта на Р. Македонија. Парадоксално, затоа што во исто време топ тема ни е македонскиот идентитет. И него си го загрозивме однатре, оти го релативизиравме со мултипликацијата на идентитетските матрици, без да најдеме научно релевантно покритие. Она што е научно легитимно и има покритие, ние го дезавуиравме, мислам на словенската димензија на македонската култура, тесно поврзана со македонскиот јазик (говор и писмо, култура од прв ранг во европски рамки). Тоа го подели и македонското општествено битие, а не само државната кохезија на Р. Македонија.
Меѓутоа, сè почна со прифаќањето на преговорите за името.
Преговорите за името наметнати при приемот во ОН се пред сè театар во којшто се создаде простор, преку принципот на дефокусација од стварноста, да се создаде нова социополитичка реалност во Р. Македонија, да се создаде една речиси неприродна фокусација врз името на државата за полека да се поместува фокусот кон македонскиот народ, јазик, култура, историја, црква… Колку побрзо го сфатиме тоа, толку подобро за нас. Во тоа меѓувреме исполнето со трауматични преговори и амбиент на негирање и понижување, Р. Македонија донесе неколку штетни закони, почнувајќи од Законот за територијална организација (регионализација) до законот за продажба на земјиштето по 1 евро квадрат, до законот за јазиците, законот за топонимите, законите за наталитет, законот за политичките партии… Во тоа меѓувреме македонската млада интелигенција и работоспособните речиси масовно, или систематски ја напуштаат државата, во којашто егзистенцијата им е загрозена и во којашто се обесправени со некаквиси непишани, ама функционални правила на позитивна дискриминација.
Да, излегува дека Македонците се дискриминирани во својата држава?
Ваква Р. Македонија не само што не може, таа во овој миг не треба да влезе во ЕУ. Најпрвин да се консолидираме, а потем, ако не примат како рамноправен субјект ќе се интегрираме, нема каде да бегаме надвор од Европа. Но да создадеме амбиент Македонците да си останат дома. Утре може ќе се интегрира Р. Македонија (каква додавка и да ѝ стават или да не ѝ стават) ама во неа нема да има Македонци. Македонците стануваат дијаспоричен народ, загрозен во својата држава, раселен по светот, изгубен во иднината.
Не одговоривте како да станеме добри соседи со Бугарија?
По однос на Бугарија: со бугарскиот народ споделуваме некои заеднички настани, историски личности, делумно некои елементи на културното духовно наследство, старословенската писменост, историски констелации кога со векови сме им припаѓале на исти империи, така што треба конечно како цивилизирани европски народи да се договориме, ако треба и да потпишеме една спогодба за споделените културно-историски наследства. Секој има право да се повикува на нив, но да не го одрекува правото на другиот, а науката ќе навлегува во подробности до колку се отвораат специфични аргументации и потреба од реинтерпретација на одредени собитија. Бугарија сега ја користи позицијата на членка на ЕУ за, во склад со стратегијата на ЕУ, да се одолжува приемот на РМ, да артикулира некои свои стремежи главно експонирани во мигот на потпишувањето на Сан-Стефанскиот мировен договор, односно некои трауми што таа ги има како држава што постојано губи дел од своите реални, посакувани и замислени територии, од Берлинскиот, Букурешкиот, Версајскиот договор наваму…
Но јас лично сметам дека треба да биде интерес на Р. Бугарија да ја поддржи Р. Македонија и македонскиот народ, а не да ја условува. Балканот, знаете, бил склоп на словенски и несловенски цивилизациски матрици. Во едно време словенската доминирала на целиот Балкан преку јазикот (црковнословенскиот), писмото (глаголица, кирилица), што е меморирано во топонимите на Балканот, како и преку некогаш доминантната христијанска религија. 20 век полека ама систематски ги брише тие сведоштва на словенството и го насочува Балканот кон несловенскиот модел. Европска константа е да го разединува словенскиот образец низ цела Европа, а знаеме дека словенството со векови било доминантна цивилизациска, културна, јазична и популациска матрица на Европа. Бугарија исто така се соочува со сериозни проблеми кога треба повеќе да мисли на внатрешната кохезија и да биде пример за добрососедство, а не да го подгрева конфликтот со Македонците, и со тоа имплицитно да се дефокусира од своите приоритети. Јужнословенските народи денес имаат многу причини за заемна поддршка и разбирање, како ретко кога во минатото.
Нешто слично е и со Грција?
Проблемот со Грција: прво, не смеевме да допуштиме да се зачленуваме во ОН под услов што е надвор од конвенциите, практиката и логиката на ОН. Штом веќе прифативме условување, требаше итно да го решиме тој проблем најбезболно, знаејќи дека во крајна инстанца (нагласувам, во крајна), името да државата со некоја историски оправдана додавка или логика е сепак конвенција, прашање на договор и автоматски не го загрозува идентитетот на народот. Во почетокот на 90-тите години не се поставуваше прашањето на македонскиот културен и јазичен идентитет и тоа немаше директно да влијае на личната карта на РМ во ОН. Денес, по 2001 година, се плашам дека има повеќе нови фактори што влијаат врз нашето легитимирање во ЕУ, почнувајќи од декларираната мултиетничност/двонационална држава со двојазични карактеристики…
Со Грција, инаку, исто така треба да се потпише Повелба за споделено културно наследство, духовно, па и материјално, затоа што кога е делена македонската територија, еден голем дел, половина од територијата (51%) ѝ е доделен на државата Грција. Токму во последните 10-тина – 20 години Грција го искористи периодот, меѓупросторот, за да конструира нов грчко-македонски идентитет преку формирање административен дискурс за Македонија како грчки атрибут. Не ни е во интерес да се одолжува проблемот со Грција. Ама мислам дека и ним не би требало да им биде од интерес опструирањето на Македонија. Грција е исто така дефокусирана од суштествените проблеми и подгревана со национализам и шовинизам спрема Македонците.
Нема сомнение дека на Македонија ѝ е од интерес да има добрососедски односи со сите соседни држави без исклучок, оти сите соседи без исклучок оспоруваат некој дел од македонската културна историја, од современиот идентитет и сл. Затоа предлагам и проект за потпишување на една Балканска повелба за споделено културно наследство, која, заснована врз научни факти и споделени развојни добрососедски односи, на долг рок ќе реши некои т.н. отворени прашања, главно препознавани преку симболот на ‘македонскиот јазол’.
Александар Дамовски
Извор: www.mkd.mk

 

Преземено од: ПРЕМИН бр. 85/86

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Ноември 24, 2019
7.Vselenski.sobor

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните култури. Динамиката на културните размени меѓу Скопје и Истанбул со овој проект се обележува низ значајните пунктови на тие релации (јазик – литература и историја – култура) со…
Ноември 07, 2019
7.Vselenski.sobor

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи кои оставиле траен печат врз културните истории на многу народи:мустаќите се неодминлив ликовен елемент во визуелните претставувања на египетските владетели (како што е…

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Окт 19, 2019 Наука и Религија 291
Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци.…

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Окт 08, 2019 Литература 283
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј…

Фестивал на европска литература ЕВРОПСКИ ПРИКАЗНИ

Сеп 24, 2019 Литература 309
Препознатлив со внимателниот избор на наслови, врвниот превод, оригиналниот дизајн и…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

 Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата  поради Бог !

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !

Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:  „Епископот седи на место и во обличје Христово“

Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Епископот седи на место и во обличје Христово“

 Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа,...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

Грeвoт избeзумува, грeвoт oбeзглавува. Чoвeк пoтoнат вo грeвoви и вo пoрoци сличeн e на кoкoшка, чија глава e oтсeчeна, та умирајќи грчeвитo прeта и скoка ваму-таму. Цeлиoт нeзнабoжeчки свeт прeд...

« »