логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Свети Климент, архиепископ Охридски

Vovedenie.Presveta Глас четврти:

Со зборови си ги упатил народите во верата Божја; со делата си се издигнал, преблажени; кон божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветлил оние што пристапуваат верно кон тебе, со знаменија си ја осветлил темнината. Поради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте.  Повеќе...


Камелиа Шојлевска- квантна жена која убавината на Македонија ја впива и со ум и со душа

Убавините на Македонија ги има отсликано во својата душа, но не ги има себично заклучено таму, само за себе. Несебично, и на дланка им ги подарува на светот, преку записи, снимки и фотографии.

      Дамата Kамелиа Шојлевска, телевизиска новинарка и патеписец со богато и уникатно портфолио, има да каже многу посебни работи, какви што ретко кој има. Со задоволство, и даваме збор.

       Вашата кариера е кариера каква што секој истражувачки новинар може да посака, кариера базирана на факти, на неуморни истражувања, на постојан новинарско- репортерски ангажман. Оставате записи со траен белег. На почеток, неизбежно е да прашам како успевате да го наметнете својот концепт на работа, во услови кога македонското новинарство е површно и летачко, главните информации се свртени кон политиката, и се е лапни- голтни, важноста на секоја информација трае минутка- две?

       -Благодарам за начинот како ме гледате. Човек мора да има одреден квалитет за да го препознае во другите. Точно е тоа имам многу богат професионален живот и тоа ме прави исполнета и среќна. Еднаш кога сакав да направам промена во мојата кариера, менаџерот на таа фирма ме праша, имате толку богата биографија и толку интересна професија, зошто сакате да промените? Во тој момент му се заблагодарив и му реков „имате право“. А како го наметнав концептот, е тука е веќе друга приказна. Низ мојот професионален живот увидов дека онаа мисла, можеш со сила да земеш ама не и да дадеш, е потполно точна. Тешко ми било секогаш, не да наметнам туку да се изборам за шанса да ми дозволат да се изразам. Оти сето тоа што јас го правам е само израз на она што сум јас, она што го знам и каков свет гледам. Сето тоа во комбинација со она површно и летачко како што велите е многу некомпатибилно и со тоа и неприфатливо. Така што сум се сретнала и за жал уште се среќавам, со неприфаќање и отпори, како што и јас не можам да го прифатам површното. Мислам дека е страшно што нашите луѓе ја сакаат повершноста и појавноста толку многу. Така полека ја уништуваме содржината на живеењето, а тоа еден ден многу ќе се одрази. Политиката ни стана најважна содржина во нашето живеење, политичарите ни се најголеми ѕвезди. Немаме автори, уметници, глумци, сликари, новинари кои се поважни од политичарите, а од друга страна во уметничкото изразување се свртевме кон минатото и повторно величаме луѓе кои воделе некакви политички борби. Што значи дека се осиромашуваме за една огромна палета од вредности кои се наши и кои постојат околу нас.

       Долги години сте во МТВ, повремено соработувате со Си Ен Ен. За наши услови, дали сепак Македонската национална телевизија е медиумот кој може да ги даде најоптималните услови за творење на дела од областа на репортажите и документаристиката?

       -Мислам дека институцијата може само да отвори простори, ако сака, ама индивидуитети авторите се тие што треба да го направат тоа. Ние како општество мораме да се свртиме кон креативната индивидуа, да почнеме да веруваме во креативноста и знаењето и на тие вредности да им дадеме шанса и слобода. Дали тие ќе се емитуваат во етерот преку овој или оној медиум не е ни важно на крајот на краиштата, она што е важно е да допрат до гледачот кој ја нема таа шанса да биде сведок на одреден настан, простор и мисла. Мислам дека медиумските политики би требало да се водат на тој начин. Да се отворат можности за продукции на безброј програми детски, играни, патеписни репортажи, документарни филмови. Студијата да се врвулица од гости кои имаат што да кажат и пренесат знаење од сите области на нашето живеење. Сега некако медиумите сведоа на некое пропагаторско или критикувачко размислување кое многу често го нема во себе квалитетот на искреноста. И што е најстрашно, народот не се побуни и не побара други содржини. Едно време во МТВ имаше креативни содржини, но полека полека, не знам од кои причини престанаа да постојат и да бидат важни.

574719 10151445607044182 170240466 n

           ОД „НЕБЕСЕН ЧОВЕК“ ДО ОПРА!

 

        Има две работи кои, барем засега, ќе останат како врв на целокупното ваше творештво, во пошироки рамки- книгата „Небесен човек“ издадена во 1994 година во Македонија, а пред неколку години и во Америка, и вашите фотографии кои се најдоа на сајтот на славната американска новинарка Опра Винфри. Како се случија овие два, несекојдневни новинарски успеси?

       -Работа и упорност. Знаев дека она што сум го напишала во „Небесен човек“ има универзална порака и 7 години работев на тоа да ја преведам. Дел го преведе Карен Ќурќиска, Американка кој одлично го познава македонскиот јазик а останатото го преведов јас. Подолго време барав контакт со издавачка куќа и најпосле најдов една од Северна Каролина, и книгата се издаде под наслов „Квантна жена- небесен човек“. На сајтот на Опра 2010 година одеше месечен конкурс за најдобри репортажни фотографии од цел свет. И јас добивав и влегував во 20 најдобри. Секој месец ми прифаќаа фотографија. Она што е најголема гордост за мене е што секогаш бев промовирана како македонски автор. Така што, на некој начин чувствував дека и давам нешто на земјата во која сум се родила.

       Вие сте ќерка на човек, кој работеше во урбанистичкиот тим на Скопје по земјотресот, вашиот татко беше експерт на Обединетите Нации, кој го внесе и Охрид во УНЕСКО. Колку семејната култура влијаеше врз вашите погледи на животот? Како го доживувате „новото Скопје“: како град кој ветува иднина, или град во кој ќе никнат многу осуди од идните генерации?

       -Она што мошам да им заблагодарам на моите родители е ширината на мислата која ми ја дадоа. Татко ми беше исклучително креативна личност и тоа некако се всади и во мене и во сестра ми, која пак не можеше а и не сакаше да ги издржи овие стеги тука и се пресели во Лос Анѓелес. Од татко ми научив многу, особено за естетиката на еден град. Тој беше првиот пејзажен архитект во Македонија и меѓу првите на просторите на Југославија, работеше во тимот на Кензо Танге. Така што нека ми простат вљубениците на новото Скопје, но јас не го препознавам духот на градот Скопје, и она што тој би требало да биде. Ме чуди изборот на естетиката, која не е наша иманентна. Никој од нас во својата суштина не носи таква форма во себе. Барокот е карактеристика на католицизмот. Тој бил подржан и поттикнат од Римо Католичката црква за нивни потреби. Од каде сега кај нас таков порив не ми е јасно и што ние имаме заедничко со сето тоа. Градот според мене треба да го одразува поривот и менталитетот на еден народ и неговата естетика. Дали го одразува? Граѓаните нека си одговорат сами.

       Со својата енергија, чинам неуморна, постојано создавате творите, откривате, дознавате работи, копате по „невидливиот музејот со богатствата на македоштината“. Ги дознавате и анализирате работите, од прва рака. Ние Македонците напати знаеме да се потцениме и да не и ја видиме јасно големината и оригиналноста на своето битисување, но често и да се прецениме, да речеме „ние сме најстарите, најдревните, најпаметните, од нас се почнува и кај нас се завршува“. Поради што е овој дисбаланс во себе-перцепцијата на Македонецот?

       -Јас можам да зборувам само преку личната опсервација на оваа тема и од тука да извлечам некои погенерални одговори. Во мојата фамилијарна историја ние се соочивме со еден факт кој ми покажа како ние функционираме на овој план. Ние низ историјата бегавме од нашата историја и сакавме таа да биде нешто сосема друго. Еве за што се работи во мојот случај. Мојот дедо Михајло Шојлев 1914 година дипломира на Академија за уметности во Софија уште 1914 година. Тоа него историски го прави прв македонски академски сликар што е извонреден податок за нашите историчари на уметноста. Но токму ним не им се допагаше фактот, веројатно и поради тоа што се работеше за бугарска школа и него цел живот истата диплома и да кажам титула му беше оспорувана. Тоа беше голема болка за мојата фамилија и за неговите два сина, мојот татко и чичко. Чичко ми Душко Шојлев пишуваше по весници уште во 60- тите за опасноста од фалсификувањето на историјата и можноста полека да ги изгубиме сознанијата за вистинските корени, кои не прават автентични, и да се изгубиме во морето на лажни информации, а тоа пак длабоко ќе се одрази на нашиот интегритет, самобитност и можност за саморереализација со слободна мисла која ќе не вивне до посакуваната сила. Мислам дека тој наш однос кон вистината и фактите, да ги видиме и прифатиме такви какви што се, а не какви што ние би сакале да бидат го направи токму овој дисбаланс за кој што ме прашувате. Тоа само ни ја одзема внатрешната сила и енергија и не неправи страшливи и полни со прашања за тоа кои сме. Силата на човекот е во неговата оригиналност ....единственост!

   482468 10151445612129182 1285072994 n

         НАСКОРО ИЗЛОЖБА СО ФОТОГРАФИИ ОД МАКЕДОНИЈА

  

        Голема е Вашата заслуга за промовирање на непознатите места во Македонија. Што е она што, откривајќи ги тие скриени катчиња, најмногу ви ја допрело душата, со својата неповтрливост ? Сте замислиле ли за момент каде лежи срцето на Македонија, каде најсилно чука?

       -Морам да признам дека јас Македонија ја откривав заедно со окото на филмската камера. Јас не ги познавав овие простори и покрај тоа што ја наследив љубовта од татко ми и дедо ми. Дедо ми ја има пропешачено и фотографирано цела Македонија и неговите дела се уште се чуваат во Етнолошкиот музеј на Македонија. Постои огромна етнолошка карта во музејот каде што е дадена целата слика на Македонија и основните занаети и активности. Земјата ни е многу убава. Сон ми е да видам млади луѓе кои ќе седнат во автобус и ќе ја истражуваат Македонија. На пример во Трескавец доаѓаа туристи од сите континенти. Колку млади од кај нас се искачиле таму? Една новинарка од „Лос Анѓелес тајмс“, кога престојуваше тука, секоја недела ќе си земеше шатор и вреќа за спиење и шеташе по нашите гори, села и планини. Знаеше повеќе од мене за убавините на земјата. Јас кога почнав да ја откривам видов дека секој дел е толку различен и единствен, што кога би ме прашале кој да го изберам, не би можела да се одлучам. Централна Македонија е богатство на зеленило и магија. Таму се случуваат чуда во кои луѓето веруваат. Мијачијата е робусна и дива каде што може да се согледа силата на нашиот човек. Источна Македонија е весела, питома и топла. Преспа е неповторлива убавина. Брајчино и гостопримливоста на тетка Николина е незаборавна. А каде ми е срцето....кога ја завршувавме серијата одевме од Преспа кон Охрид преку Галичица. Се искачивме пешки на еден рид каде што се гледаат двете езера. Кога ја завршивме работата и го направивме последниот кадар, Здравко снимателот и Павле тон мајсторот со кои ја пропатував Македонија, седнавме и од тие висини ги гледавме езерата. Немаште што да се каже, овековечено е со слика. Пред нас непрегледна убавина. Охридското езеро од крај до крај како на дланка. Снег на планината, иако беше мај качунки и зелена трева, зад нас Преспа. Треба ли уште нешто да додадам?

       Големиот патеписец, Љубе Цветановски, во текот на својот живот изјави- „туѓата убавина заморува, само својата убавина може да ја смири и одмори душата“. Дали и Вие го имате овој ракурс на гледање на нештата, кога споредувате на релација „надвор и дома“?

       -Да му оддадам почест на Љубе кој за жал не е повеќе со нас. Морам него да му се заблагодарам за тоа што токму тој ми даде шанса да ги снимам патеписите. Тој виде во мене дека тоа можам да го направам и како уредник тогаш ми даде потполна слобода и подршка, без да ме праша еден единствен збор. Таква доверба може да има само вистински професионалец кој што знае и препознава. Точна е таа реченица дека својата убавина смирува. Јас тоа го почувствував. Неверојатен мие имаше тоа откривање, тој живот во малите места во таа преубава природа. Понекогаш ми беше тешко да се прилагодам на враќањето во градската врева. Еднаш кога бевме во Кратово и околината, 3 дена ни се чинеа како вечност во тој мир и заборавеност. Дојдовме во Куманово сакавме да вечераме. Не стаписа градската врева и немир. Можете ли сега да замислите какви разлики постојат и како сето тоа го доживуваме. А надвор шетањето е нешто сосема друго. Други култури, разлики...епа незнам што е поубаво.

       Што е следно од вас? Можеби некој каталог со фотографии, нова книга, некој уште постудиозно направен документаристичко- реалистичен филм? Што треба од сегашна Македонија јасно да се извади на виделина, за светот да го види?

       -Следно ќе има. Се надевам и наскоро ќе можам да се пофалам. Би сакала и да успеам да направам една изложба на фотографии што сум ги сликала низ Македонија.

       Да не беше Македонија, која земја би ја избрале за да се родите таму?

       -Да го знаев одговорот на ова прашање ќе знаев и каде би сакала да се преселам и да живеам....а во моментов многу сакам да знам.

 

285299 10151445626259182 1845046725 n 1

 

Извор:Скандал

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Ноември 24, 2019
7.Vselenski.sobor

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните култури. Динамиката на културните размени меѓу Скопје и Истанбул со овој проект се обележува низ значајните пунктови на тие релации (јазик – литература и историја – култура) со…
Ноември 07, 2019
7.Vselenski.sobor

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи кои оставиле траен печат врз културните истории на многу народи:мустаќите се неодминлив ликовен елемент во визуелните претставувања на египетските владетели (како што е…

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Окт 19, 2019 Наука и Религија 296
Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци.…

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Окт 08, 2019 Литература 289
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј…

Фестивал на европска литература ЕВРОПСКИ ПРИКАЗНИ

Сеп 24, 2019 Литература 319
Препознатлив со внимателниот избор на наслови, врвниот превод, оригиналниот дизајн и…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

 Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата  поради Бог !

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !

Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:  „Епископот седи на место и во обличје Христово“

Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Епископот седи на место и во обличје Христово“

 Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа,...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

Грeвoт избeзумува, грeвoт oбeзглавува. Чoвeк пoтoнат вo грeвoви и вo пoрoци сличeн e на кoкoшка, чија глава e oтсeчeна, та умирајќи грчeвитo прeта и скoка ваму-таму. Цeлиoт нeзнабoжeчки свeт прeд...

« »