логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

 Sashko.Chija.si.jpg

 САШКО НАСЕВ: Македонија не треба да се кае за ништо

Политиките и идеологиите ги има, па ги нема. Ако најголемата вредност за земјоделецот е земјата, за мене тоа е драмата. И воопшто не се каам што ми остана занает, вели писателот Сашко Насев, автор на некои од најиграните македонски драми („Чија си", „Грев или шприцер"), сценарист на филмот „Самоуништување", професор на Факултетот за драмски уметности и поранешен амбасадор, викендов е пред нов предизвик.
„Чија си", која стана своевиден препознатлив знак за Драмскиот театар и за македонската театарска сцена во деведесеттите - впрочем, таа хронолошки е првата театарска претстаза поставена во независна Македонија - по 23 години повторно се поставува. Во режија на Љупчо Ѓоргиевски, новиот поглед на „Чија си" е на Анастас Тановски, Благој Чоревски, Силвија Стојановска, Ванчо Петрушевски, Ѓокица Лукаревски...
Драмата во „Чија си" и натаму е „....ладна како лед, а бујна како цвет", како што гласат стиховите во истоимената песна. Песната е истата, на Славе Димитров, и дејството, но ликовите се 50 години постари. Убав повод за ретроспекција на некои „наши години" со Насев.

Sashko.Chija.si1.jpg

Колку новата поставка на „Чија си" е и нов текст?


-Драмите не се само „текст". Драмите се послични на нотна партитура или архитектонски цртеж, отколку caмo на текст. Тие се полнокрвни и ако ликовите не се живи и верни на драмската реалност, ако заплетот не е плаузабилен како секој настан во животот или ако говорот не  одговара за секој карактер што го говори, тогаш можеби и би биле текст, литература и слично.
Ние мислиме дека драмите се само уметнички израз што има свои средства на дејствување во театарот, филмот, радиото, телевизијата или новите медиуми како интернетот и видеоигрите. Затоа велиме дека новата „Чија си" на Драмски театар е истата стара драма, наново и добро режирана без никакви измени во текстот.


  • Кое задоволство за драмскиот автор е поголемо: нов текст што ќе биде дочекан со аплаузи или ново видување на стариот текст?

-Не правиме некоја голема разлика меѓу чкембе чорба, шатобријан бифтек или ќураско. А може и ќебапи, плус бурек и симит погача, сосе унгарски гулаш или полски боршч, а и компир манџа. Со салата од зелка.
Прашање е на вкус, но вистинските драматичари се хедонисти и сакаат да јадат се и тоа многу. Така што задоволствата се исти, само епохата се менува. Старите драми, ако се добри и преживеале децении и сезони и епохи, се еднакво битни како и новите драми што се уште не прооделе на сцена.

  • „Чија си" вели дека реално го живееме поранешното време. Кој багаж од минатото е потежок: историскиот или емоционалниот?

-Мислам дека оние што го живеат поранешното време имаат проблем со тоа што не се веќе само млади. И јас, како Хичкок, некогаш што нѐ учеше, предност и давам на иднината и новата младост.
За мене лично најстрашен е багажот на пропуштените шанси. Требаше повеќе да се цениме и да го сакаме животот. Да не правиме толку многу грешки и, најнакрај, да ја разбереме тајната на денот. Тој само му претходи на утрешниот ден. На крајот на краиштата, што имаме од тоа ако само патиме по минатото? - Речиси ништо! - Се живее за утре и се бори за иднината.

  • Дали Аристотеловата хамартија, виновност без вина, е нашиот национален изговор за несоочување со предизвиците?

Sashko.Chija.si2.jpg

-Не разбирам докрај како да ви одговорам, ама хамартијата е многу моќно орудие кога создавате трагедија. Јас не сакам да верувам дека ние сме нешто различни од кој било друг народ и дека сме само трагички луѓе. Верувам во весели, опуштени и богами распеани еснафи кои си бркаат работа и веќе одамна му припаѓаат на 21 век.
Оние народи што претпоставуваат хамартија за себе како изговор се како романтичните поети од 19 век кои верувале дека целата одговорност за светската болка и неправда треба да ја опеат во своите стихови. Е па, јас претпочитам паметни момци што сакаат играчки на „Мекинтош" и рокери кои ја ценат Еми Вајнхаус. Така мислам јас, а дали сум во право, тоа не знам.

  • Ако покајанието е излезот од историската стапица на карактерите во „Чија си", можете ли да препознаете било какво политичко, идеолошко или општествено покајание во Македонија во последниве 23 години?

-Не! - И не треба. Треба да се каеме само што не се сакавме повеќе. Сите ние. И кувари и чевлари, а богами и Турци и скопјани, стари и млади... Македонија не треба да се кае за ништо. Јас не сум конформист што ќе се расфрла со излитени фрази, ама верувам дека секој човек верува дека можел подобро, но најдобро од сѐ е да сме здрави и живи. Политиките и идеологиите ги има, па ги нема. Исто како и други нешта. Затоа човек треба да го најде својот мир во трајните вредности. Ако најголема вредност за земјоделецот е земјата, за мене тоа е драмата. И воопшто не се каам што ми остана занает.

  • За Вас и голем дел од актерите на првата изведба на „Чија си" генерациски препознатлив белег, меѓу останатите, е и култната серија „Грлом у јагоде" („Бос в трње") на Карановиќ и Грлиќ од седумдесеттите, која две децении подоцна доби горчлив филмски сиквел во „Јагоди во грло". Впрочем, и ТВ-серијата „Бумбар на крајот од градот" е една нејзина скриена посвета. Колку таа естетско-историска пресметка е идејата и на новата поставка на „Чија си'?

Sashko.Chija.si3.jpg

-Естетиката како наука за убавото во уметноста не прави разлика во приемчивите или грдите заплети, тажните судбини или комичните карактери. Напротив, таа ги анализира техничките постулати на делата и иновативноста на идеите. Уште од Аристотел наваму.
Новата пиеса „Чија си" има една пред себе зададена мисија, а таа воопшто не е наивна. Имено, оваа пиеса е преполна со актерска страст, прецизни режисерски дешифрирања. И, ако сакате, како што вели Годар, има почеток, средина и крај, но не е битно според кој распоред на зборовите.
-Да бидам појасен - „Голф" се произведува повеќе од 40 години. „Голф единица" беше супер автомобил на својата епоха. А „Голф седмица" е супер авто на нашата епоха. Суштината е иста, се смениле формите и веројатно дизајнот, но „Голф" е ...Голф". Занаетски најдотеран автомобил. На четири тркала, со волан, во разни бои - ама, има едно „хух" од Бога што постојано му дава душа. Така и „Чија си", има нешто што постојано ја тера таа драма да оди напред и да не се пресметува со никој и ништо, туку само да сака да ја облагороди публиката.

  • Веројатно многупати сте одговарале на прашањето зошто политички не ја капитализиравте позицијата на амбасадор во Канада, од периодот кога оваа земја ја призна Македонија под уставното име. Но, ви го поставуваат ли уште? И каков е одговорот?

Sashko.Chija.s4.jpg

-Кога Владата на Канада ја призна Република Македонија под уставно име во 2007 година бевме бескрајно благодарни за тоа. И денеска сме бескрајно благодарни што Канада е наша пријателска земја.

Стојан Синадинов/Телеграф.мк
Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски

http://www.telegraf.mk/kultura/84311-sasko-nasev-makedonija-ne-treba-da-se-kae-za-nisto

 


 

29.12.2013 год.


Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Август 18, 2019
чехов

Карактеристиките на вистински културен човек според Чехов

„Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу вистински образовани луѓе, тој мора да биде образован“, вели во едно писмо рускиот писател Антон Павлович Чехов кое му го испратил на неговиот помал брат, во кое му напишал и листа на услови што…
Јули 04, 2019

Рабиндранат Тагоре:„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици. Поезијата на Рабиндранат Тагоре, индиски книжевник, филозоф и драматург, е сплетена од стихови кои го докажуваат тоа.Творечкиот опус на овој книжевник го чинат 1000 поеми,…

Петтата сесија на Охридската школа на природното право

Јул 02, 2019 Научни трудови 191
Првата сесија од овој настан ја отвори акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за…

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Мај 18, 2019 Филм, Театар 286
Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков…

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Апр 08, 2019 Друго од култура 497
Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат…

Беседи

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Мојсеј влегол во тој облак и му било дозволено да разговара со Бога како пријател со пријател; му било дозволено да види како Бог поминува покрај него, сè уште без...

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

„Според православната црковна антропологија на Светите Отци, суштината на умот се наоѓа во срцето како духовен центар на човекот, а енергијата на умот преку  сетилата се расејува по светот. Насочувањето...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во...

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција....

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН  и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

« »