логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Во Македонија ништо не се сменило 100 години, а тоа колку овој филм е актуелен денес е дури непријатно. Оттука би искористил една реплика од филмот: „Ни можам да ти кажам, ниту, пак, ќе ме разбереш“, рече Попов во контекст на она што ни се случува на политички план, но алудирајќи и на жешката атмосфера што го следеше филмот пред и по премиерата
     
     
    

Актерите Инти Шрај  и Сашко Коцев во сцена од филмот

Бурна атмосфера за филмот на Столе Попов


Одлична продукција, режисерски вешто водена приказна, богат визуелен јазик, извонредна фотографија, кадри што ви го одземаат здивот и ве тераат да се замислите дали ова е навистина македонски филм... Такви се првите впечатоци по долгоочекуваната премиера на новиот филм на Столе Попов, „До балчак“, која се одржа во неделата, во рамките на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“. За историската подлошка, монтажата, кастингот - мислењата беа поделени, но вистинско разочарување е што сето ова, сите прашања за филмот, останаа во сенка на бурната атмосфера што се создаде по премиерата на филмот поттикната од нефилмски мотиви - безмалку непристојни политички провокации од анонимци на пресот, напади врз екипата за финансиските проблеми, расправии за организаторските пропусти на отворањето на фестивалот, кои беа причина Попов да го напушти црвениот килим... Заклучокот на Попов дека „До балчак“ е филм токму за тоа, за нас, за македонскиот менталитет, фино се залепи на бурната атмосфера на прес-конференцијата во неделата во Битола.

Македонски антивестерн

- Во Македонија ништо не се сменило 100 години, а тоа колку овој филм е актуелен денес е дури непријатно. Оттука би искористил една реплика од филмот: „Ни можам да ти кажам, ниту, пак, ќе ме разбереш“ - рече Попов.
Како што е познато, почетокот на овој филм датира од многу одамна, дури, како што додаде режисерот, не може точно ни да се сети кога точно се родила идејата меѓу него и сценаристот Горан Стефановски.
- Одамна имав желба да направам филм за македонските комити, но без таа нивна глорификациска претстава, туку едно мое видување на појавата на луѓе од крв и месо, со емоции, соочени со тежок живот, кои прават обид за револуција. Се работи за обичниот мал човек без митологизации и за неговото исконско чувство за слобода - вели Попов.
Во однос на жанровската припадност на „До балчак“, режисерот кажа дека е љубител на американскиот вестерн, кој обично се занимава со човековите морални дилеми на чист начин, и дека почувствувал дека во македонската историја има дел што е податлив за ваков жанр.
- Ова е вид антивестерн или македонски истерн, иако не можам да го сместам во еден жанр. Секако не е историски спектакл, бидејќи македонската кинематографија тоа не може да си го дозволи. Би кажал дека ова е пред сѐ - нов филм на Столе Попов - рече режисерот.

Сурова, но романтична љубовна приказна

Потоа тој се осврна на повеќегодишната одисеја на неуспешни обиди филмот да биде реализиран, за преговорите со големиот Бранко Лустиг да се вклучи во реализацијата, за идеите да биде снимен во холивудска продукција со ѕвезди како Орландо Блум или Скарлет Јохансон, но и за конечната одлука во него да играат главно македонски актери, а главната улога да ѝ биде доделена на Словенката Инти Шрај, од што Попов, како што кажа, е комплетно задоволен.
- Инти ми ја донесе Господ. Мартин беше Филип уште во првиот миг кога го видов, а Сашко е точно тој лик - комитата Крсто. Одлична работа завршија актерите. Да се бара од холивудски актер да јава на коњ, ќе ви побара којзнае колкаво осигурување, а нашите актери го совладаа тоа подобро од кој и да е. За тоа и за целиот нивен ангажман сум им благодарен - рече Попов.
Како што додаде, не жали што од „До балчак“ не излегол холивудски филм, бидејќи ова е филм на национална тема и во тој случај немало да излезе онака како што тој сакал.
- Филмот на премиерата оствари флуид со публиката, ми падна товарот што го носев и мислам дека го остварив својот сон. Жал ми е само што „До балчак“ е снимен 17 години по последниот мој филм „Џипси меџик“, време за кое, да бев во Сомалија, ќе снимев барем 2-3 филма - додаде тој, алудирајќи на ненаоѓањето поддршка за реализација на филмот сите овие години.

Новиот долгометражен игран филм „До балчак“ е работен во продукција на „Триангл филм“, во копродукција со „Сектор филм“, „ФХ3Х“, се снимаше во Битола, Скопје, Демир Хисар, Охрид, Штип и во Прилеп. Приказната е сместена во Македонија, мала земја во срцето на Балканот, петстотини години под турско ропство. Дејството се случува во првата декада од 20 век. Филмот е сурова, но романтична љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од каква било идеологизација. Во филмот играат: Инти Шрај, Сашко Коцев, Мартин Јорданоски, Тони Михајловски, Сенко Велинов, Мики Манојловиќ, Никола Којо, Јовица Михајловски, Искра Ветерова, Јордан Симонов, Драган Спасов, Никола Ристановски, Гораст Цветковски, Ана Костовска и др. Апостол Трпески е директор на фотографија, Миленко Јеремиќ е сценограф, а Емилија И. Атанасовска е костимограф.


Столе Попов
Фото: Игор Бансколиев

Долговите ќе се платат од дистрибуцијата

„До балчак“ е меѓу најскапите филмови во македонската кинематографија, чиј буџет изнесува 3,6 милиони евра, од кои 2,5 милиони евра му одобри Владата како филм од национален интерес, а Филмскиот фонд му даде максимална сума од 500 илјади евра.
Поради големите долгови на продукцијата „Триангл“, која го започна снимањето на филмот, Филмскиот фонд на Македонија, преименуван во Агенција за филм, го презеде и ќе се грижи за неговата дистрибуција и промоција. Парите собрани од натамошниот пат на филмот ќе бидат префрлени на блокираната сметка на продукциската куќа за исплата на долговите.
- Агенцијата не плаќа долгови, но филмот сам ќе си ги исплати од дистрибуцијата. Ова е единствениот легален начин да се средат овие проблеми - рече Дарко Башески, директор на Агенцијата за филм.
Според Попов, реализацијата на филмот чинела многу, но ако „До балчак“ се правел некаде надвор, би чинел најмалку пет пати повеќе.

     
       
Автор: Весна Дамчевска / Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.


Извор: Нова Македонија 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Август 18, 2019
чехов

Карактеристиките на вистински културен човек според Чехов

„Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу вистински образовани луѓе, тој мора да биде образован“, вели во едно писмо рускиот писател Антон Павлович Чехов кое му го испратил на неговиот помал брат, во кое му напишал и листа на услови што…
Јули 04, 2019

Рабиндранат Тагоре:„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици. Поезијата на Рабиндранат Тагоре, индиски книжевник, филозоф и драматург, е сплетена од стихови кои го докажуваат тоа.Творечкиот опус на овој книжевник го чинат 1000 поеми,…

Петтата сесија на Охридската школа на природното право

Јул 02, 2019 Научни трудови 191
Првата сесија од овој настан ја отвори акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за…

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Мај 18, 2019 Филм, Театар 286
Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков…

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Апр 08, 2019 Друго од култура 497
Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат…

Беседи

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Мојсеј влегол во тој облак и му било дозволено да разговара со Бога како пријател со пријател; му било дозволено да види како Бог поминува покрај него, сè уште без...

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

„Според православната црковна антропологија на Светите Отци, суштината на умот се наоѓа во срцето како духовен центар на човекот, а енергијата на умот преку  сетилата се расејува по светот. Насочувањето...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во...

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција....

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН  и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

« »