логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


 

   Интервју: Весна Гиновска-Илкова - Во операта гласот на уметникот никогаш не се повторува






 

 „На самиот почеток бев виолончелистка, за подоцна, во Средното музичко училиште да почнам со изучување на оперското пеење. Немаше кој да ми помогне. Во светот на музиката влегов сама. И кога влегуваш на еден таков начин, борбата за успех и издигнување е главната водилка, која и денес ја имам“, вели оперската певица Весна Гиновска-Илкова



Во нејзините речиси две децении на оперската сцена, Весна Гиновска-Илкова не западнала во искушение да се почувствува како „дива“, што некако е очекувано и „природно“ за оперските певици од нејзиниот калибар. Со повеќе од дваесетина улоги во најпознатите опери, како „Аида“, „Бал под маски“, „Атила“, „Мадам Батерфлај“... многубројни настапи на сцената на Македонската опера, но и на светските сцени, Весна се' уште смета дека во моментот на себечувствување како ѕвезда се крие голема опасност. Таа верува дека со тој „момент на дива“ почнува да се губи енергијата, стимулот што го носи предизвикот за подобро и подобро. Можеби од таа „стапица“ ја има сочувано нејзиниот карактер на непосредност и искреност, а таа верува дека за тоа придонел и фактот што во светот на музиката и оперската кариера тргнала сосема сама.



Летово, кога оперската сезона во Македонија беше на „стенд бај“ имавте настап во Њујорк, САД. Во ова фаза од вашата кариера, колку Ви значат настапите на сцените во светските центри?

Летово имав свој рецитал заедно со мојата пијанистка, Кристина Светиева. На мое огромно задоволство рециталот беше успешен. Презентиравме дела од македонски автори, меѓу кои и од моите драги соработници Сони Петровски, авторот Аврамовски, Зоргафски... Беше лично задоволство да изведам композиции кои навистина оставаат музичка нота со своја сериозност и тежина. За секој уметник кој се наоѓа во својот репродуктивен период, секако дека секој настап, особено во некој светски музички центар е искуство повеќе, кое на секое поле во пеењето исполнува.



Изминатава сезона, воопшто, беше мошне динамична за Вас во поглед на настапите. Колку на еден оперски уметник искуството му дава комодитет да западне во рутина при градење нови улоги, или повторна обновена изведба на познати улоги, во некоја нова продукција?

Не сте далеку од вистината во однос на рутината. Но има една суштинска разлика. Во операта говорот на уметникот никогаш не се повторува два пати исто. Инспирацијата е пресудна, и мотивот, секако. Лично, јас никогаш не одработувам. Само „одработувањето“ на некоја улога е крајно непрофесионално за мене. Секогаш се трудам да креирам лик кој треба публиката да го запознае и да го види. Суштината е во темелната посветеност. А за тоа е потребно време.



Освен ангажманот во Македонската опера, Вие сте и професорка на Факултетот за музичка уметност. Колку си попречуваат, а колку се надоврзуваат овие ангажмани во кариерата на една уметница?

Точно, предавам како вонреден професор на катедрата по соло-пеење на ФМУ. Можноста да го пренесеш тоа што го имаш и што ти го нуди сцената е непроценливо. Кој го препознава тоа, работи и успева. Младите пејачи се нашата иднина. Единствено нешто што нашиот образовен систем го нема е критичноста, која е неопходно потребна за нашата работа, како и поддршката од самата институција. Жалам што голем дел од нив завршуваат нереализирани.



Во текот на Вашата кариера имате настапувано на повеќе светски сцени. Што беше пресудно за Вашата кариера да се развива во и од Македонија?

Желбата за сцена, која и денес ми е главна тема. Во еден од моите статуси имам изјавено: уметноста е магија. Ако сакаш да успееш, оди до крај, во спротивно, не почнувај. Тоа е мојот „млечен пат“, и нема некоја посебна филозофија. Само работа и надградување.



Како, всушност, го пронајдовте патот до оперската сцена и кариера, со оглед на фактот дека операта е специфична и за млади луѓе не е многу популарен музички жанр?

Од дете сум со музиката. Сум била присутна на секоја оперска и театарска претстава. Се сеќавам кога патувавме цела вечер со воз за да стигнеме до Белград на концертот на Монсерат Кабаје во Сава центар. Како студенти имавме и влезници кои ни овозможуваа постојана комуникација со оперските пејачи. Љубовта кон оваа уметност се гради. На самиот почеток бев виолончелистка, за подоцна, во Средното музичко училиште да почнам со изучување на оперското пеење. Немаше кој да ми помогне. Во светот на музиката влегов сама, немав родители од музичкиот свет за да ми укажат на многу моменти кои однапред ги знаат луѓето од музиката. И кога влегуваш на еден таков начин, борбата за успех и издигнување е главната водилка која и денес ја имам. Затоа сум крајно респектабилна кон младите луѓе што се борат и сакаат да успеат. И им помагам во тоа. Треба да се има поддршка, која на моменти е страшно потребна, пред се' да бидат сослушани.



По Фреди Меркјури и Монсерат Кабаје се „стесни јазот” меѓу класичната и популарната музика. Сте размислувале ли, или можеби сте имале понуда за некоја соработка во популарната музика?

Да, неодамна добив понуда за една прекрасна балада, која сакам да направи вистински бум. Но моите ангажмани и совпаѓањето со друг мој настап ме спречија во намерата. Песната и изведувачите се одлично избрана екипа. Лично, посакувам победа на таа песна и таа идеја воопшто!



Каква музика сакате да слушате кога „не сте на службена должност“?

Не слушам, читам. Книгите ми се опсесија. Се' што слушам од страна е музика која ја слушаат моите најблиски.



Нешто сто не е поврзано со музиката: што Ви значи Галичник?

Што ми значи? Се' што може да се замисли: мојот корен е таму, мојата семејна историја е од таму, мојот мир и спокој, кој секој го посакува, е таму. Не би можела да објаснам со зборови, треба да се доживее. Галичник е посебен. Тоа дружење со природата, планината, луѓето, пријателите, роднините, јавањето коњи, сирењето, кашкавалот... богатство.



Постои ли временска граница за настапите на сцената за оперските уметници?

Временска граница за љубовта кон сцената, нема. Не постои!



Кои се плановите, а кои се желбите на Весна Гиновска-Илкова?

Плановите и идеите се многу... И среќна сум што ги имам. А желбите кои ги посакувам? Имам една голема - моите синови да бидат реализирани личности. Тоа е сонот на Љупчо и Весна.

  Јасминка Павловска

Утрински весник



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Август 18, 2019
чехов

Карактеристиките на вистински културен човек според Чехов

„Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу вистински образовани луѓе, тој мора да биде образован“, вели во едно писмо рускиот писател Антон Павлович Чехов кое му го испратил на неговиот помал брат, во кое му напишал и листа на услови што…
Јули 04, 2019

Рабиндранат Тагоре:„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици. Поезијата на Рабиндранат Тагоре, индиски книжевник, филозоф и драматург, е сплетена од стихови кои го докажуваат тоа.Творечкиот опус на овој книжевник го чинат 1000 поеми,…

Петтата сесија на Охридската школа на природното право

Јул 02, 2019 Научни трудови 191
Првата сесија од овој настан ја отвори акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за…

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Мај 18, 2019 Филм, Театар 286
Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков…

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Апр 08, 2019 Друго од култура 497
Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат…

Беседи

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Мојсеј влегол во тој облак и му било дозволено да разговара со Бога како пријател со пријател; му било дозволено да види како Бог поминува покрај него, сè уште без...

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

„Според православната црковна антропологија на Светите Отци, суштината на умот се наоѓа во срцето како духовен центар на човекот, а енергијата на умот преку  сетилата се расејува по светот. Насочувањето...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во...

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција....

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН  и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

« »