логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Последната акцијата беше наменета за собирање книги за училишните библиотеки во селата Ракотинци, Студеничани и Новаци. Беа собрани околу 700 литературни дела во кои веќе уживаат младите читатели од споменатите места

Учителите од прво до четврто одделение се најбитни за  формирање на интелектуалниот профил на човекот, вели Јанчовски


 Тихомир Јанчовски, поет, професор и хуманитарец

Учителите од прво до четврто одделение се најбитни за  формирање на интелектуалниот профил на човекот, вели Јанчовски

Со акцијата „Биди човек-подари книга“ што последниве неколку месеци се случуваше во повеќе градови во земјава, беа собрани голем број книги, кои им беа донирани на различни социјални групи. Акцијата наиде на голем одѕив, затоа што како што вели иницијаторот, познатиот поет и професор Тихомир Јанчовски, организирана е од искрени, хумани побуди.

- Со акцијата почнавме минатата година, во декември. Најпрво собравме книги за пациентите на онколошкото одделение во Скопје и за болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Во првиот обид собравме дури 3.000 книги, со втората акција собравме книги што им ги дониравме за затворениците и најголем дел беа однесени во затворот во Идризово, но и во затворот во Битола. Книгите од третата акција ги однесовме во Центарот за деца со оштетен слух и говор во Битола. Потоа следуваше акција за собирање сликовници, книги за деца и училиштен материјал и најнова беше акцијата за собирање книги за училишните
библиотеки во селата Ракотинци, Студеничани и Новаци. На најновата акција собрани се околу 700 книги во кои веќе уживаат младите читатели - учениците од споменатите села.

Јанчовски објаснува дека наидувале на организациони тешкотии, особено со транспортот и доставата на книгите, односно проблеми со оние што требало да ги примат, но дел од тие институции од срце ја прифатиле помошта во книги, донирани од повеќе хумани граѓани.

- Некои од училишните библиотеки имаат книги, но или недоволно, или само стари наслови, а постојните примероци се оштетени. Затоа учениците и наставниците беа пресреќни, а и сите оние што добија книги, во затворите, во болниците - вели Јанчовски.

Тој дополни дека од соработката со институциите смета дека вработените во здравството и образованието се најхумани и со многу љубов си ја работат својата професија.

 Според него периодот од 7 до 15 години во развојот на детето е најважен во однос на читањето на книгите. Ако дотогаш не стекне таква навика - потоа сѐ е попусто. Со читањето децата го развиваат мислењето, апстрактното мислење, сфаќањето на работите и писменоста. Ако детето стекне ваква навика за време на основното образование - таа ќе му остане цел живот.

Јанчовски смета дека учителите од прво до четврто одделение се најбитни за формирање на интелектуалниот профил на човекот и тие треба да бидат избрани и ценети, бидејќи имаат многу важна и благородна мисија.


Книга од вас-за вас!

Јанчовски им се заблагодари на Саша Шотаровски, Ана Бунтеска, Тони Кукавица, Билјана Темелкова Бејковска и Даниела Јовановска, кои се вклучуваат и помагаат во овие акции, како и на сите оние што донеле книги, а ја најави и следната акција што ќе биде малку видоизменета.

- Овојпат во кафе-книжарницата „Децата од нашата улица“, на акцијата што наскоро ќе се случи, секој ќе може да достави книга, но и да си земе книга, што значи на слоганот Биди човек-подари книга го додаваме и Книга од вас-за вас.

Професорот повикува и други граѓани од цела Македонија, да го разбудат својот ентузијазам и да организираат вакви акции во своите градови за да им се обезбеди достапност на книги на различни групи на луѓе, но и најважно - да се поттикне читањето како култура на живеење.

Досега, оваа иницијатива ја прифати Митко Гогов, концептуален уметник, поет и активист од Струмица, кој организира иста ваква акција за донирање книги наменета за затворениците во затворот во Струмица.
Секому е потребна книга, убав збор и убава мисла, која ќе го научи, ќе го поттикне, ќе му укаже, ќе го мотивира. Токму затоа книгата треба да е насекаде како најверен сопатник на секој човек.

Има едно дете...

Има едно дете
сосема мал човек
кое непрестано скита
 долж една река
ги настапува камењата
 да не се намокри
се протина низ врбови гранки
 се ѕвери во карпите на брегот
 и се катери по нив
пие вода од кладенците
се загледува во жабите
со темни грбови и жолт стомак...
Тоа дете не мисли само скита,
гледа околу и го живее своето
детство
не може ни да замисли дека
 и кога ќе порасне сѐ ќе биде исто:
скитање, гледање, вода
само мислите се подруги
а животот понејасен.
Има едно дете
сосема мал човек
кое непрестано скита во мене.

Тихомир Јанчовски
Од збирката „Од збор до збор“

 Извор: НОВАМАКЕДОНИЈА

Инфо:

 

На 5-ти мај 2016 година,
во кафе-книжарницата „Децата од нашата улица“

 Аминта Трети 29
Скопје

 

 Па доста само дававте, треба нешто и да добиете! Значи, во сабота, елате со ваша книга, ама некоја поарна, не каква било, не рѓа, и земете си една од донесените книги што ќе бидат изложени. ДОНЕСИ КНИГА И ЗЕМИ СИ КНИГА. Ако нема книга како за вас во моментот, почекајте да се соберат, па после. Мислам дека ќе испадне добро, а вие ќе дојдете и ќе кажете. Толку. Мислам и дека времето ќе биде тапа, ама тоа не пречи - просто, земете си чадор.

Поздрав,
Тихомир.

 

Друго:

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Ноември 24, 2019
7.Vselenski.sobor

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните култури. Динамиката на културните размени меѓу Скопје и Истанбул со овој проект се обележува низ значајните пунктови на тие релации (јазик – литература и историја – култура) со…
Ноември 07, 2019
7.Vselenski.sobor

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи кои оставиле траен печат врз културните истории на многу народи:мустаќите се неодминлив ликовен елемент во визуелните претставувања на египетските владетели (како што е…

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Окт 19, 2019 Наука и Религија 291
Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци.…

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Окт 08, 2019 Литература 283
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј…

Фестивал на европска литература ЕВРОПСКИ ПРИКАЗНИ

Сеп 24, 2019 Литература 309
Препознатлив со внимателниот избор на наслови, врвниот превод, оригиналниот дизајн и…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

 Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата  поради Бог !

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !

Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:  „Епископот седи на место и во обличје Христово“

Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Епископот седи на место и во обличје Христово“

 Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа,...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

Грeвoт избeзумува, грeвoт oбeзглавува. Чoвeк пoтoнат вo грeвoви и вo пoрoци сличeн e на кoкoшка, чија глава e oтсeчeна, та умирајќи грчeвитo прeта и скoка ваму-таму. Цeлиoт нeзнабoжeчки свeт прeд...

« »