логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 ИНТЕРВЈУ: МАРГАРИТА СТОЛЕСКА - ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК НА РАДИО КЛУБ ФМ

Маргарита Столеска е новинар, водител и главен и одговорен уредник на радио Клуб ФМ, едно од оние што успеаја да донесат свежина во етерот и со звукот и особено со зборот кај своите слушатели да создаде чувство на постојано уживање. Таа е глас од радиото на кој му се верува и кој плени со убавиот говор, искрениот пристап кон темите и одличниот избор на соговорници. Професионалец од ков во ова време на изместени вредности.

Каква е радиоприказната на Маргарита Столеска? Од кога и како се најде во овој медиум? Колку преданоста кон радиото ја дефинира како автор во ова време на забрзано живеење?
- Приказната почна во 1992 година со раѓањето на НОМА на 102 мегахерци, како дел од престижниот Дом на печатот на Нова Македонија. Бев студент кој сакаше наизменично да ја освојува науката и публиката... и кога нешто многу се сака – тоа доаѓа. Но не како подарок. Учев од врвни професионалци, новинари, продуценти, кои пред сé го сакаа радиото и несебично го обучуваа тимот. Цале, Јасна, Бубо, Мирче, Билјана, Мишел..., тоа беа луѓето што ми го покажаа патот. Сé беше до секунда испланирано и продуцирано до перфекција. Истото денес се трудам да го направам со мојот тим на Клуб ФМ. Радиото е магија, но затоа треба да ја имате вистинската формула. Во студиото си сам, но од другата страна го имаш светот кој или го освојуваш или те исфрла од игра. По НОМА работев на неколку проекти во странство од кои особено би го издвоила искуството во медија-центарот во Амстердам на Би-би-си. Работев во интернационален тим, каде што „професионалец“ значи да бидеш тимски играч со индивидуален белег. Ако играш за првата лига, мора да си најдобар. Во оваа работа те прозиваат со име. Живееме во 21 век, динамиката наметнува селекција која не прифаќа просечност. Тоа ми се допаѓа, но само затоа што сакам да бидам авторот, а не препишувачот.

Што е она што како специфика го издвојува радиото Клуб ФМ од преостанатите во Македонија? Од што влијае таквата определба - од целната група или од потребата да се донесе нешто поразлично од другите?
- Медиумот не е само за забава, напротив. Се заситивме со евтини приказни и лоши импровизации, сé се сведе на најави и одјави на песни, лоша дикција, уличен говор... Со тимот на Клуб ФМ направивме медиум по сите светски стандарди, медиум што во исто време ќе информира, ќе забавува и ќе едуцира. Тимот на Клуб ФМ е тим на изградени професионалци, каде што секој има своја специјалност. Програмата го доближува слушателот со акцент на најбитното од дома и во странство. Политиката – како информација, бизнисот – како провокација, уметноста – како траење и музиката како уживање – тоа е формулата на тимот што победува. Познатите и анонимните што секојдневно гостуваат му даваат живост на етерот, кој носи свежина. Тематски секој дел е различно таргетиран и третиран со: информации, отворени интерактивни програми со слушатели, интервјуа, јавувања на дописници од странство, коментари, следење манифестации со белег на модерното време, општествено корисни донесени преку музика, култура, уметност и грижа за околината и општество.

Како се стига до една добра, издржана програма, програма што ќе го задоволи вкусот на слушателите? Што е притоа најбитно?
- Прво оригиналноста. Мора да знаете кој сте и што сакате. Да понудите квалитет. Денес е многу тешко да се добие верност. Интернет дава можност за избор и конкуренција, која може да ве победи во секоја минута. Овде верноста се заслужува. Се вљубувате во програмата, која мора да е прецизна, нова, динамична, не последните 24 часа, туку последните 60 секунди. Информацијата мора да е реална, интересна и вистинита. Музиката одбрана. Новинарот подготвен. Тимот извежбан. И публиката е ваша. Мора да сте во симбиоза со динамиката на новото време, кое најчесто не простува. Со Клуб ФМ направивме гласност што го доближува светот и подеднакво е интересно ако нé слушаат во Дебар Маало или во Њу Орлеанс. Ги следам трендовите и концептот на најслушаните станици. Токшоу-програмите се најбарани... Зошто? Затоа што слушателот во медиумот мора да го препознае говорот на најдобриот пријател, да биде близок, да го насмее, поучи, но и да го опушти и замисли. Клуб ФМ функционира по системот на парови – новинар и продуцент, кои се дополнуваат, како едно големо семејство каде што сите имаат свој пријатели.

Колку е во Македонија слушано радиото како медиум и какво е неговото влијание? Дали кај нас постојат радиостаници што ги задоволуваат светските стандарди?
- За секој производ на пазарот има купувач. Го почитувам секој што во овој метеж се обидел да се занимава со медиум. Не е лесно. Медиумот е моќ, седмата сила, секако дека може да го менува мислењето. Колку ќе му дозволите е лично. Светските стандарди се правила што мораат да се почитуваат доколку сакате да трчате маратон. Не секој е подготвен за долгата патека. Ние сме музикален народ, кој сака да слави и да раскажува. Радиото отсекогаш било гласно. Уште од старо време, речиси во секоја куќа имало радио, плочи, музика. Така е и денес. Клуб ФМ го слушаат луѓето додека се на работа, на тренинг, дома, во автомобил, во кафуле, поради музиката, но и поради муабетот. Се избори за „своите слушатели“, кои преферираат добра музика и интересен говор. Интерактивно, секојдневно ги слушаме и реакциите на публиката, кои засега се одлични. Независно од квалитетот на локалната понуда, се радувам што денес слушателот има избор.

Што би рекла Столеска за културата на говор на радиопрограмите кај нас? Колку водителите и новинарите во Македонија го познаваат македонскиот литературен говор?
- Вината за лошиот говор повеќе ја гледам во уредувањето, каде што речиси и да не постојат одговорни за програмата. Уредникот е должен да го провери тимот пред да го вклучи во програма. Денес водителите без каква било подготовка говорат на програма во живо. Никој не се грижи ниту за јазикот ниту за концептот. Новинарите го знаат јазикот, бидејки тоа го учиме на факултет, но колку од денешните водители се и новинари?! Електронските медиуми се мајка на чистиот говор, од нив може да учиме да говориме правилно македонски. Верувам дека еден ден сé ќе се среди. Клуб ФМ ја негува чистината на јазикот и искрено се радувам кога го слушам.

Конечно, како Марга ја проектира својата радиоиднина? За што мечтае на радиобрановите?
- Најголемиот успех на еден човек е да го работи тоа што го сака. Радиото е мојата прва љубов. Сé поврзано со него за мене е уметност. Подеднакво уживам кога го пишувам текстот, кога говорам или сум во продукција. Веќе 19 години со истата страст секое утро го почнувам со мојата публика. Чудно е како се зближувате со гласот... и тоа трае и трае. Иднината секако ја поврзувам со Клуб ФМ, каде уште на самиот почеток го препознав тоа што го сакам. Заедно со менаџерскиот и креативниот тим направивме одличен производ. Но ова е само почеток, радиото го доживувам и како плодна почва за новите генерации, кои од самиот старт се вклучени во програмската креативност. Студентите на Високата школа за новинарство и односи со јавноста се дел од нашата иднина, а школата наш програмски партнер. Особено ќе го истакнам фактот дека Клуб ФМ преку мрежните поврзувања е дел и од најслушаните радиостаници во регионот со кои почнува соработка за размена на програми од главните регионални центри. Мечтаам Клуб ФМ да порасне и да му дава сила на секој чист збор и на секоја убава мисла. Се трудам секогаш темелно да го испланирам секој мој нареден чекор и резултатот е неизбежен. Мојот потпис го ставам на сé што е иновативно и креативно. Научив како до успехот. Патот беше долг. Светот е голем и искрено би сакала нашата публика преку информациите што секојдневно ги добива да се чувствува како дел од него.
  
   
Автор: Љупчо Јолевски  - Нова Македонија 

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=31611949223&id=47&setIzdanie=22232



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Ноември 24, 2019
7.Vselenski.sobor

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните култури. Динамиката на културните размени меѓу Скопје и Истанбул со овој проект се обележува низ значајните пунктови на тие релации (јазик – литература и историја – култура) со…
Ноември 07, 2019
7.Vselenski.sobor

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи кои оставиле траен печат врз културните истории на многу народи:мустаќите се неодминлив ликовен елемент во визуелните претставувања на египетските владетели (како што е…

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Окт 19, 2019 Наука и Религија 291
Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци.…

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Окт 08, 2019 Литература 283
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј…

Фестивал на европска литература ЕВРОПСКИ ПРИКАЗНИ

Сеп 24, 2019 Литература 309
Препознатлив со внимателниот избор на наслови, врвниот превод, оригиналниот дизајн и…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

 Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата  поради Бог !

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !

Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:  „Епископот седи на место и во обличје Христово“

Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Епископот седи на место и во обличје Христово“

 Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа,...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

Грeвoт избeзумува, грeвoт oбeзглавува. Чoвeк пoтoнат вo грeвoви и вo пoрoци сличeн e на кoкoшка, чија глава e oтсeчeна, та умирајќи грчeвитo прeта и скoка ваму-таму. Цeлиoт нeзнабoжeчки свeт прeд...

« »