Прва самостојна изложба и перформанс на Дороти Пачкова


✤✣✤
doroti1.jpg

Трансформација низ креација
Среда, 1 Октомври 2014

На 1 Октомври 2014, во 19 часот во Подвижна Монтажна Галерија –Центар за Современа Уметност,Парк на франкофонијата, ќе биде отворена првата самостојна изложба проследена со ликовен перформанс на македонската визуелна уметничка, дипломирана сликарка.
Изложбата опфаќа повеќе акрилни дела, со димензии 200цмX100цм, работени во 2013/14 година, а на самото отворање посетителите ќе имаат можност да присуствуваат на ликовниот перформанс на авторката во интеракција со нив, поттикнувајќи ги секој од нив да ја пронајде својата креативна страна и наведувајќи ги на хумани помисли и така изразувајќи ја идејата за уметноста како средство за еволуција. Следствено, секој човек низ сите животни борби може да дејствува креативно, уметнички, со што би ги развивал сопствените капацитети и би еволуирал на повисоко ниво..од небитие во битие. Ако ли во светлина одиме...тоа значи еден со друг општиме. За свесносто меѓусебно дејствување во името на повисоки принципи. За постмодерниот човек и борбите со себеси и општеството. За вербата, за надежта, за љубовта и пред се за силата на животот. За тоа  како уметноста треба да биде наука од љубов и наука за љубов..за љубовта кон животот.
Концептот на создавање на изложените дела и воопшто на целокупното ликовно изразување на авторката ќе биде и писмено образложено со цел приближување на уметноста кон широката публика, а воедно и запознавање со самата артистка, за што галеријата ќе биде отворена и следните 5 дена од 13.00 до 16.00 часот, а авторката ќе слика во живо и ќе биде отворена за дискусија со сите заинтересирани посетители.Ги покануваме сите љубители на уметноста да присуствуваат на отварањето, но доколку не се во можност да ја посетат во наредните денови  во истиот изложбен простор.
✤✣✤doroti2.jpg

ЗАВРШЕН ИСПИТ

„НАСЛОВ:  Трансформација низ креација“

Ментор:
Вонр. проф. Жанета Вангели


Кандидат:Дороти Пачкова
Катедра за сликарство